Српскиот премиер Александар Вучиќ се пофали дека е договорено Русија да им даде најсовремено оружје со кое Србија ќе стане најголема регионална воена сила.
Вучиќ објави дека на средбата со министерот за одбрана Сергеј Шојгун е потврдено дека во Србија ќе пристигнат борбени авиони „миг 29“, тенкови „Т 72“, како и ракетниот систем „PVO BUK“.
Во иднина ќе биде набавен и мобилниот ракетен систем „Точка U“ како поддршка на копнените сили во воено поле.
Погледнете што сѐ можат руските ѕверови што ќе дојдат во Србија.