Фрчат казни во МВР!!!

Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 34 решенија против 34 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 1, 2 , 3 и 11 и член 207 став 1 и точки 4, 8, 11 и 15 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на 30 вработени изречена им е мерка “парична казна”, на двајца вработени мерка – „запирање на постапката“ на еден вработен мерка „писмено предупредување” и на еден вработен мерка “отказ“, а станува збор за:

mvr-mvr-mvr

Д.Н. раководител на смена во ПС за ГН-Франгово, РЦ за ГР Запад изречена му е мерка „парична казна“(Не го одржувал чисто и подмачкано формациското оружје);

Ф.З. дежурен полицаец во ПС за ГН-Франгово, РЦ за ГР Запад изречена му е мерка „парична казна“(Не го одржувал чисто и подмачкано формациското оружје);

Д.К. полицаец во ПС за ГН-Франгово, РЦ за ГР Запад изречена му е мерка „парична казна“(Не го одржувал чисто и подмачкано формациското оружје);

Ш.М. полицаецво ПС за ГН-Франгово, РЦ за ГР Запад изречена му е мерка „парична казна“(Не го одржувал чисто и подмачкано формациското оружје);

Р.А. раководител на смена во ПС за ГП и ГН-Свети Наум, РЦ за ГР Запад изречена му е мерка „парична казна“(Не го одржувал чисто и подмачкано формациското оружје);

М.В. дежурен полицаец во ПС за ГП и ГН-Свети Наум, РЦ за ГР Запад изречена му е мерка „парична казна“(Не го одржувал чисто и подмачкано формациското оружје);

Ј.Р. полицаец во ПС за ГП и ГН-Свети Наум, РЦ за ГР Запад изречена му е мерка „парична казна“(Не го одржувал чисто и подмачкано формациското оружје);

Љ.К. полицаец во ПС за ГП и ГН-Свети Наум, РЦ за ГР Западизречена му е мерка „парична казна“(Не го одржувал чисто и подмачкано формациското оружје);

Д.С. полицаец во ПС за ГП и ГН-Свети Наум, РЦ за ГР Запад изречена и е мерка „парична казна“(Не го одржувала чисто и подмачкано формациското оружје);

Г.Н. полицаец во ПСОН-Центар, СВР-Скопје изречена му е мерка „парична казна“(не одговорил судски акти за достапност на лица, и не известил дека истите биле уништени при перење);

Ш.Ф. командир во ПО Теарце, СВР Тетово изречена му е мерка „парична казна“(не присуствувал на обука);И.Ж. главен инспектор за криминалистичко-технички увид на место на настан во Отсек за увид на место на настан, СВР Скопје изречена му е мерка „парична казна“(не го консултирал јавниот обвинител за добивање насоки за понатамошно постапување);

К.М. самостоен инспектор за криминалистичко-технички увид на место на настан„ во Отсек за увид на место на настан, СВР Скопје изречена му е мерка „парична казна“(не го консултирал јавниот обвинител за добивање насоки за понатамошно постапување);

Р.А. полицаец во ПСОН-Гостивар, СВР-Тетово изречена му е мерка „парична казна“ (бил затекнат како спие на работното место);

А.М. полицаец во ПС за БПС Петровец изречена му е мерка „парична казна“ (не отишол на гаѓање, а присуството било задолжително);

Н.А. полицаец во ПС за БПС Петровец изречена му е мерка „парична казна“ (не отишол на гаѓање, а присуството било задолжително);

Ф.Ќ. полицаец во ПСОН- Драчево, СВР-Скопје изречена му е мерка „парична казна“(не го одржувал чисто службеното оружје);

С.Ф. полицаец во ПСОН- Драчево, СВР-Скопје изречена му е мерка „парична казна“(не го одржувал чисто службеното оружје);

А.М. виш инспектор во Канцеларија за криминалистички работи Чаир, СВР Скопје изречена му е мерка „парична казна“(за настан не ги известил надлежните);

С.С. полицаец во ПС ОН Ѓорче Петров, СВР Скопје изречена му е мерка „парична казна“(без одобрение, со службено возило го напуштил подрачјето);

С.С. полицаец во ПС ОН Ѓорче Петров, СВР Скопје изречена му е мерка „парична казна“(без одобрение, со службено возило го напуштил подрачјето);

И.З. полицаец во Единица за ЈРМ и интервенции, СВР Скопје изречена му е мерка „парична казна“(го оставил формациското оружје необезбедено во службеното возило);

М.Т. полицаец во Единица за ЈРМ и интервенции, СВР Скопје изречена му е мерка „парична казна“(го оставил формациското оружје необезбедено во службеното возило);

Б.Т. дежурен полицаец во ПО Велешта, СВР Охрид изречена му е мерка „парична казна“ (го напуштил работното место, без да извести некого за тоа);

М.М. полицаец во ПООСО, во Оддел за обезбедување изречена му е мерка „парична казна“ (Уништил платен налог при перење на службената кошула);

З.В. полицаец во ПСОН-Драчево, СВР-Скопје изречена му е мерка „парична казна“(извршувал работни задачи со приватно возило и вршел служба со оружје кое не го раздолжил од ПС, од каде бил прераспореден);

И.Ш. полицаец во ПС за БПС-Струга, СВР-Охрид изречена му е мерка „парична казна“(го нарушил јавниот ред и мир, со омаловажување на полициски службеници при преземање на службени дејствија);

Т.Ф. полицаец во ПС ОН-Кисела Вода, во СВР-Скопје изречена му е мерка „парична казна“(дрско и недолично се однесувал пред колегите, упатувајќи недолични зборови);

С.К. полицаец во ПСОН-Прилеп, СВР-Битола изречена му е мерка „парична казна“(за време додека не бил на работа ја носел службената униформа, бил во УО, омаловажувал колега и избегнал алкотестирање);

А.З. водич на безбедносен реон во ПСОН-Центар, СВР-Скопје изречена му е мерка „запирање на постапката“ (неутврдена одговорност);

С.Д. помошник началник на Одделение за извештаи за сообарќајни незгоди, СВР Скопје изречена му е мерка „запирање на постапката“ (нема повреда);

Ш.Е. полицаец во ПС за ГП Табановце, РЦ за ГР-Север изречена му е мерка „запирање на постапката“ (неутврдена одговорност);

В.М. полицаец за БПС во ПО за БПС Струга, СВР Охрид изречена му е мерка „отказ“(за да не изврши службено дејствие, побарал и примил 2000 денари)

П.Б. виш инспектор во Одделение за извештаи за сообарќајни незгоди, Единица за БПС, СВР Скопје изречена му е мерка „писмено предупредување“(несовесно и ненавремено ги извршувал поставените задачи);

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои обраќања имаа министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски, амбасадорката на Норвешка за Северна Македонија, Кристин Мелсом и командантот на логистика на Вооружените сили на Кралството Норвешка Андрес Јернберг.

Министерката за обрана Петровска во своето излагање посочи дека Армијата минува низ сеопфатен процес на модернизација и секоја дополнителна поддршка од сојузниците е добредојдена. Таа истакна дека донацијата ќе придонесе за зголемување на борбената готовност на Армијата.

– Нашиот одбранбен буџет континуирано расте, но секоја дополнителна поддршка од нашите сојузници е добродојдена. Оваа норвешка донација од 76 неборбени моторни возила значително ќе придонесат за зголемување на транспортните можности на единиците на Армијата односно за нивната борбена готовност, рече Петровска.

Министерката се осврна на бројните проекти кои се реализираат со поддршка на Кралството Норвешка. Со поддршка на Кралството Норвешка, Петровска вели, земјава го изгради Регионалниот центар за односи со јавност, кој во моментов е во фаза на интензивен развој во НАТО школа за односи со јавност, за кој рече, придобивки ќе имаат двете земји, но и НАТО сојузниците.

– Со ваша поддршка го изградивме Регионалниот центар за односи со јавноста кој во моментов е во фаза на интензивен развој во НАТО школа за односи со јавност од кој придобивка ќе има и Македонија и Норвешка, но и нашите НАТО сојузници. Вие сте земја партнер во рамките на Балканските медицински сили чие постојано седиште е во Република Северна Македонија, рече Петровска.

Амбасадорката на Кралството Норвешка за Северна Македонија, Кристин Мелсом, истакна дека дипломатските врски меѓу двете земји се зајакнуваат последните 30 години, особено по приемот на земјава во НАТО Алијансата во 2020 година.

– Во последните години уште повеќе ја зајакнавме нашата врска со посетата на Командантот на Гардата на Неговото височество кралот и нашиот началник за одбрана г. Ајрик Кристоверсен, распоредувањето на македонскиот хируршки тим во Авганистан, меѓусебната размена на кадети, посетите на ваши офицери и на нашата бригада Север и на Здружениот оперативен штаб и уште неколку други проекти, рече Мелсом.

Дополнително ја истакна програмата за размена на кадети како еден од поважните заеднички проекти и посочувајќи на посветеноста на Северна Македонија кон Алијансата.

– Ја видовме посветеноста што ја покажавте кон Алијансата. Ја гледаме не само воената опрема што ја дадовте на Украина, туку и зголемениот број војници што ги имате распоредено во различни мисии. Вашата цел да распоредите 10 проценти од вашата армиска структура е импресивна, истакна Мелсом.

Бригадниот генерал Андрес Јернберг рече овој ден е од историско значење, бидејќи ја одбележува најголемата донација на воена опрема што Кралството Норвешка воопшто ја има направено за земја од Западен Балкан.

– Точно е дека 36-те лесни пешадиски возила и 40-те камиони од Норвешка кои штотуку пристигнаа во Северна Македонија ќе ги зајакнат вашите вооружени сили, но тие исто така се и доказ за нашата заедничка посветеност на поддршката на Украина и на сојузничкото одвраќање и одбрана. Всушност ова е одличен пример за тоа како треба да се врши одвраќање и одбрана преку логистичка соработка во рамките на НАТО, рече Јернберг.

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, во своето излагање истакна дека во Алијансата не се членува само заради придобивки и бенефиции, туку заради вредности и принципи. Ѓурчиновски истакна дека земјава ја поддржала вистинската страна во војната во Украина, и како што рече, тоа го препознала Норвешка.

– Бевме конкретни и јасно детерминирани и се определивме и ја поддржавме вистинската страна во војната. Свесни бевме за одговорностите. Не се членува само заради придобивките и бенефиции, туку заради вредности и принципи. Кралството точно ги воочи нашите заложби, направивме координација со ГШ и со началникот во мојата официјална посета на Норвешка и во седиштето во Брисел и како што беше истакнато ова е голем историски ден за нашите вооружени сили каде што сме сите сведоци и можеме да ги воочиме 76-те возила кои од утре ќе бидат на македонските патишта за потребите на вооружените сили, меѓутоа и за сите граѓани на нашата татковина, истакна Ѓурчиновски. 

Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една

Гордана Силјановска Давкова, претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашниот прв круг избори за шеф на државата, победи во 60 општини во земјава, кандидатот на СДСМ Стево Пендаовски освои најмногу гласови три, Бујар Османи од ДУИ во 15, а Арбен Таравари од Вреди и Максим Димитриевски од ЗНАМ во по една општина. 

Гордана Силјановска Давковска победи во: Аеродром (51,48 %), Берово (54,92 %), Битола (48,44%), Богданци (49,59 %), Босилево (57,61 %), Брвеница (33,54 %), Бутел (43,91%), Валандово (50,29 %), Василево (60,18 %), Вевчани (56,15 %), Велес (53,57 %), Виница (56,71 %), Гази Баба (53,68 %), Гевгелија (52,62 %), Ѓорче Петров (51,58 %), Градско (64,27 %), Дебарца (57,06 %), Делчево (47, 08 %), Демир Капија (54,77%), Демир Хисар (52,92 %), Дојран (52,58 %), Зелениково (53,35 %), Зрновци (61,15 %), Илинден (62,96 %), Јегуновце (47,49 %), Кавадарци (50,84 %), Карбинци (61,22 %), Карпош (40,82 %), Кисела Вода (57,67 %), Кичево (39,84 %), Конче (57,85 %), Кочани (53,10 %), Кратово (62,84 %), Крива Паланка (47,05 %), Кривогаштани (54,84 %), Лозово (53,09 %), Македонска Каменица (50,96 %), Македонски Брод (55,86 %), Могила (63,48 %), Неготино (49,02 %), Новаци (61,88 %), Ново Село (56,84 %), Охрид (53,89 %), Петровец (59,05 %), Пехчево (53,97 %), Прилеп (51,42 %), Пробиштип (52,03 %), Радовиш (56,34 %), Ранковце (54,34 %), Ресен (47,64 %), Росоман (51,36 %), Свети Николе (57,63 %), Сопиште (49,44 %), Старо Нагоричане (37,59 %), Струмица (47,06 %), Центар (39,98 %), Чашка (32,70 %), Чешиново-Облешево (58,93 %), Чучер Сандево (36,35 %) и во Штип (53,44 %),

Стево Пендаровски освои најмногу гласови во: Крушево (43,02 %), Маврово и Ростуша (44,04 %) и во Центар Жупа (34,95 %).

Бујар Османи победи во: Арачиново (53,51 %), Боговиње (55,33 %), Врапчиште (58,02 %), Дебар (49,88 %), Долнени (32,95 %), Желино (49,45 %), Липково (56,83 %), Пласница (66,91 %), Сарај (55,49 %), Струга (39,38 %), Студеничани (50,54 %), Теарце (41,30 %), Тетово (37,91 %), Чаир (40,65 %), Шуто Оризари (37,11 %)

Арбен Таравари освои најмногу гласови во Гостивар (32,26 %), а Максим Димитриевски во Куманово (22,89 %). 

Времето денес со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.

Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

Популарно