ГАЛЕРИЈА: Невидено невреме - Снег го затрупа Стокхолм

Шведскиот главен град во последнитот век немал толку снег, колку што има деновиве.

snegkompletnostok1234567891018-87234

Имено, најмалку 30 сантиметри снег наврнаа во Стокхолм во средата, повеќе од кој било ноемвриски ден од рекордот измерен во 1905 година, според државната метеоролошка агенција SMHI.

Претходниот рекорд бил поставен во 1985 година и изнесувал 29 сантиметри, што паднале во еден ден, но секако тоа не е ни близу измерените 76 сантиметри снег во Стокхолм измерени во март 1909 година.

„Утрото наврнаа 21 сантиметар, а во текот на денот уште 15 до 20 сантиметри“, вели метеорологот Елизабет Сарнак, во средата.

Во четврток утрото измерени се 39 сантиметри.

Снегот предизвика проблеми во главниот град, најмногу во превозот, кога многу автобуски линии беа откажани, а возачите беа принудени да ги напуштат своите возила на патиштата. Неколкумина пријавија дека биле заглавени во своите автомобили по десет часа.

Некои предградија на Стокхолм ги заменија автобусите со бродчиња и така ги пренесуваа патниците до центарот на градот.

Од 3 часот наутро сите возила кои расчистувата снег се на улиците на Стокхолм за да обезбедат што е можно повеќе проодни улици за сообраќај.

ГАЛЕРИЈА: Атрактивна русокоса водителка ги запали македонските ТВ екрани

Тамара Соколовска ја гледаме во улога на водителка на емисијата „Венчавка од соништата“. Ова е прва сезона на емисијата што ги третира свадбените прослави на забавен и уникатен начин.

Тамара има 21 година, досега била дел од неколку модни агенции и имала ангажмани како дел од истите, но особена љубов негува кон гимнастиката, па не е ниту чудно што може да се пофали со извајано тело. Моментално таа е студентка на Економскиот факултет.

Погледнете како изгледа сексапилната Тамара!

ФОТО: Ова се најскапите куќи во Македонија

На македонскиот пазар за недвижнини цените на куќите се движат од 900.000 евра па надолу. Ги извлековме некои од најскапите куќи кои моментално можете да ги купите во Македонија.

Скопје, 890.000 евра, 500 метри кавдратни

Скопје, 890.000 евра, 281 метри квадратни

Скопје, 600.000 евра, 366 квадрати

Скопје, 550.000 евра, 460 квадрати

Скопје, 550.000 евра, 300 квадрати

Скопје, 450.000 евра, 590 квадрати

Скопје, 450.000 евра, 440 квадрати

Струга, 430.000 евра, 400 квадрати

Македонски Брод, 395.000 евра, 460 квадрати

Скопје, 350.000 евра, 350 квадрати

Скопје, 330.000 евра, 420 квадрати

Скопје, 

Популарно