Ќерката на тајкунот Илком Шокиров, викендов во Москва венчавката ја одбележа со екстравагантна прослава на која присуствуваа 9 000 гости.
Мадина Шокирова носи венчаница од 600 000 евра од британски дизајнери, опточена со бисери, дијаманти и сваровски кристали.
Идентитетот на младоженецот не е познат, само се знае дека се презива Садор.
Свадбената торта висока над 3 метри ја носеле тројца.
Пред венчавката, Мадина со приватен авион ги однела другарките во Шпанија, а потоа направила уште една забава во Москва на која биле ангажирани танчери и музика за кои се платени 425 000 евра.
Семејството на Илком Шокиров се обидува да се држи подалеку од очите на јавноста.
Познато е дека тој е сопственик на најлуксузниот хотел во Ташкент, има 65% од акциите во најголемиот шопинг мол „Демир“ во Узбекистан и неколку хотели во Москва.