Германскиот пасош прв, македонскиот на 46 место

Најдобро рангиран пасош во светот според неговата јачина е германскиот. Македонскиот пасош се наоѓа на 46 место и е послаб од хрватскиот, словенечкиот и српскиот во регионот, а потоа се црногорскиот, па босанско-херцеговскиот и косовскиот .

Најслабо рангирани пасоши во светот се сомалсикиот, сирискиот, ирачкиот, пакистанскиот и на последно место авганистанскиот пасош. Тоа значи дека граѓаните на овие земји скоро никаде не може да патуваат без виза.

Интерактивната страница Паспортиндекс нуди преглед на пасошите на сите земји од светот, а рангирањето се прави според тоа со колку земји е воспоставен безвизен режим што се означува со индексот ,,безвизен скор,, и вториот критериум е во колку земји може да се добие виза со тој пасош по доаѓањето на одредена дестинација.

Al Jazeera Balkans во својот преглед прави визуелен и графички приказ на јачината на пасошите според критериумите на страницата Индекспаспорт.

Според последните податоци, германскиот пасош има безвизен скор од 157 поени или со толку земји во светот, потоа следуваат Шведска и Сингапур 157, Данска, Финска, Франција, Шпанија, Швајцарија, Норвешка, Велика Британија и САД го делат третото место со 156 земји со кои имаат безвизен режим.

Очекувано од земјите во регионот Хрватска и Словенија како земји членки на ЕУ се наоѓаат на високи позиции според јачината на пасошот на 14, односно 10 место, а Македонија , Србија и Црна Гора се од 37, 41 , 45 место и Б и Х се на 46 место.   Косово  е на 88 место , но тие се уште чекаат воспоставување на безвизен режим со земјите од ЕУ.

фото:ал

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен.

Полицијата, исто така, соопшти дека некои од жртвите биле избодени, но не било употребено огнено оружје во нападот, пренесува CBN News Chicago.

Убиени се 15-годишно девојче, 63-годишна жена, 49-годишен маж и 22-годишен млад човек.

Шефот на полицијата во Рокфорд, Карла Ред, изјави дека загинале вкупно четири лица, додека еден од нив е тешко повреден. Четири лица се префрлени во болници, каде нивната состојба е стабилизирана.

Повиците до полицијата и итните служби дошле од повеќе страни додека нападот траел приближно 20 минути, а екипите набрзо биле на терен. Од полицијата истакнаа дека засега не е јасна причината за нападот.

Тинејџер во Германија ги заклал родителите и братот, од смрт ја поштедил сестра си

Деветнаесетгодишник со нож ги убил братот и родителите и тешко си ја повредил сестрата во Хохентенген на германско-швајцарската граница, соопшти државното правобранителство во сојузната покраина Баден-Виртемберг. 19-годишникот со нож ги убил родителите на возраст од 58 и 61 година, а потоа и 34-годишниот брат. Сестрата, чија возраст не е објавена, била повредена и со хеликоптер била пренесена во блиската болница. Таа наводно се здобила со сериозни убодни рани, но нејзиниот живот не е во опасност.

Инцидентот се случил вчера вечерта, соопштија од полицијата и од државното правобранителство. Осомничениот е уапсен. Според полициското соопштение, целото семејство живеело во куќата во која се случил масакрот. Убиецот има германско и италијанско државјанство. Мотивот за нападот се уште е нејасен.

Според информациите од државното правобранителство, 19-годишникот се товари за тројно убиство без умисла и обид за убиство, а во текот на денот треба да биде изведен пред судија кој треба да одреди мерка притвор.

Во истата област, пред два месеци, 32-годишен син ги убил своите родители, а на крајот и себеси

Ни трага, ни глас од 100 лица по масакрот од Москва

Деведесет и пет лица се уште се водат како исчезнати по минатонеделниот терористички напад во Москва, јавија денеска руските медиуми.

Официјалниот биланс на загинати во нападот во Crocus City Hall сега е 140 мртви и 182 ранети.

Порталот База, кој има добри врски со руските безбедносни служби, објави дека на списокот се појавиле уште 95 лица кои нивните семејства ги пријавиле за исчезнати.

Руските истражители велат дека акцијата ја извршиле четворица напаѓачи со калашникови. Пукањето започна непосредно пред рок групата „Пикник“ да настапи пред 6.200 гледачи.

Оттогаш руските социјални мрежи се преплавени со повици за помош во пронаоѓањето на исчезнатите.

Собрани во чат на Телеграм, пријателите и семејствата ги споделуваат имињата на луѓето кои сè уште се бараат и нудат поддршка еден на друг.

Популарно