ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Загина поранешен кошаркарски репрезентативец на Македонија!

Во сообраќајна незгода во близина на српскиот град Смедерево, живото трагично го загуби поранешниот член на македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 20 години, Иван Нанчески (27 год.).

91647-tragichno-zagina-poraneshen-mladinski-kosharkarski-reprezentativec-na-makedonija

Станува збор за кошаркар кој извесен период играше за битолски Пелистер, а кој беше меѓу носителите на играта на жолто-црвената селекција на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, кое во 2009 година се одигра во Скопје. Тогаш, тој просечно минуваше 26 минути на паркетот со просек од 6,6 поени, 2,4 скока и 1,9 асистенции на седум натпревари под раководство на тогашниот селектор на младинците, Емил Рајковиќ.

Неговите соиграчи од репрезентацијата го опишуваат како фантастично момче, мирно, секогаш подготвено да им помогне на другите. Во својата кошаркарска кариера, има играно уште и за Торлак, Свислајон Ваљево и за Смедерево каде што ја заврши кариерата.

Нанчески, неофицијално, загинал во директен судир со камион со приколка, кој под неразјаснети околности преминал во негова лента. Погребот ќе се одржи утре во Смедерево.

(ВИДЕО) Хаос во Франција - Рагбист го нокаутира судијата, а потоа удри и по противниците

Голем инцидент се случи на полуфиналниот рагби дуел помеѓу тимовите на Сент Естеве и Тулуз, кога еден играч на домашните едноставно полуди поради исклучување и веднаш тргна да се пресмета со судијата.

По исклучувањето, судијата мирно стоеше, покажувајќи дека топката е за гостинскиот тим. Во тие моменти бесниот рагбист силно го удри во лицето, по што судијата падна на земја во бесвесна состојба, И тука не беше крај на хаосот, во тие моменти еден од гостинските рагбисти се обиде да го спречи, но едноставно и тој настрада, а на теренот започна општа тепачка.

Манчестер Сити без Браво до крајот на сезоната

Голманот на Манчестер Сити, Клаудио Браво најверојатно ќе го пропушти остатокот од сезоната, односно последните пет натпревари од Премеир лигата за неговата екипа. Тој на синоќешниот дуел против градскиот ривал Манчестер Јунајтед се повреди во 79.минута и беше заменет со Вили Кабаљеро.

– Браво се повреди и сигирно ќе биде неколку недели надвор од теренот, изјави по дуелот менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола.

Голема е веројатноста Браво во следната сезона да биде „втор голман“ на Манчестер Сити, особено што Гвардиола не е во целост задоволен од неговите настапи. Браво оваа сезона дојде од Барселона.

Можна замена за следната сезона е голманот на Сандерленд Џордан Пикфорд.

ВИДЕО: ЕХФ се исплаши од публикат на Вардар - купете си тампони за уши!

По историскиот успех на ракометарите на Вардар, пласманот на фајнал фор турнирот во Келн, со двете победи на германски Генсбург, ЕХФ со совети за организаторите и жителите на градот домаќин.

Популарно