Гостивар: Ги натепал сопругата и синот, а на крај си го добило и БМВ-то

Четириесет и осумгодишната Ф.А. од гостиварски Градец, вчеравечер пријавила семејно насилство што го извршил 52-годишниот сопруг Ќ.А.

– По кусата меѓусебна вербална расправија попладнето, Ќ.А. неколку пати ја удрил со тупаници по лицето, а потоа со глава и тупаници го удрил и нивниот син, кој се обидел да ги раздели, излегол во дворот пред куќата и со дрвен стап го оштетил неговото возило „БМВ“, информираат од СВР Тетово.

Набрзо тој е лишен од слобода, укажана му е соодветна лекарска помош во гостиварската болница и задржан е во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот.

Инаку, според кажувањето на сопругата, тој подолго време се соочувал со психички проблеми.

Битолчанка се отруена со син камен

Битолчанка почина од труење со син камен ноќеска во 00.30 часот на Клиниката за токсикологија при Клиничкиот центар во Скопје.

Л.Ш. (58) на 01 септември во 18.30 часот се јавила во Итна медицинска помош и побарала лекарска помош, по што, поради сериозноста на нејзината состојба, другиот ден била пренесена на Клиниката за токсикологија при Клинички центар Скопје. Екипа од СВР Битола извршила увид на местото. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Веста за затрување со „син камен“ на оваа жена, многумина ја поврзаа со големата и криминална акција за труење на улични кучиња низ Македонија.

Кочани: Момче пресекло вени во дискотека, зошто му ја погодиле песната!

Во дискотека во Кочани минатиот викенд настапуваше српската поп-рок група „Амадеус бенд“. За време на настапот, според кажувања на присутните во клубот, но и членовите од бендот, момче понесено од песните пред сите си ги пресекло вените.

Неколкупати момчето доаѓало кај бендот да бара да му ја отсвират песната „Моја земља“. Кога од бендот почнале да ја свират песната, фанот извадил нож и почнел да ги сече вените на рацете.

„Точно така. Неколкупати ми пријде едно момче за време на настапот и бараше повторно да ја отсвириме ‘Моја земја’. Кога го направивме тоа, наеднаш извлече нож и си ги пресече вените. Бевме шокирани. Келнерот кој беше покрај него брзо го изнесе надвор, а брзата помош веднаш го однесе во болница. За среќа, го спасија и сè заврши добро“, изјавил Александар Стамировиќ за српските медиуми. Шокирани членовите на „Амадеус бенд“ не можеле да поверуваат дека вакво нешто им се случува.

Вознемирен, Стамировиќ рекол: „ Би ја искористил можноста да им укажам на сите кои нè почитуваат дека ова не е начин да се сака музиката и дека е апсолутно непоимливо да се повредуваат себеси. Музиката е тука да го направи животот поубав“.

ФОТО: Ова е местото каде е пронајдена обесена жената во Лептокарија

37 годишна жена се обесила вчера на дрво кај Лептокарија, на паркот спроти училиштето “Лазо Трповски”, информира Курир.мк.

Според очевидци глетката била страшна и траорна.

Според информациите кои ги објавува КУРИР, вчера во 19:25 часот е пријавено дека во близина на ОУ Лазо Трповски обесена на дрво е пронајдена П.Л. (родена 1980 година) од скопско село.

Смртта е констатирана од итна медицинска помош.

По наредба на јавен обвинител, телото на жената е предадено на обдукција.

Популарно