Град Скопје советува: Како да го преживеете загадениот скопски воздух?

Граѓаните да користат јавен превоз, да го сведат своето движење на отворен простор на неопходни излегувања, малите деца, бремените, хронично болните и постарите да не излегуваат на улица и да не се проветруваат просториите во кои се престојува. Ова се дел од препораките што Градот Скопје денеска ги упати до граѓаните поради загадувањето на воздухот во Скопје во пет последователни денови.

mkd-95773

Од Градот Скопје се препорачува автомобилите да не се користат без поголема потреба и во нив да се возат повеќе лица истовремено.

Меѓу препораките се и почитување на сообраќајната сигнализација за движење на тешките товарни возила низ градот и да не се користат камионите доколку немаат регуларно испуштање на отпадните гасови.

Граѓаните, исто така, се повикуваат да користат суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци и при затоплување да не користат недефинирани горива и отпадни материи од различни технолошки процеси како отпадно масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, пластична амбалажа, гума или синтетички материјали. Се препорачува редовно чистење на оџаците, печките да се користат и одржуваат според упатството на производителот и да не се користат уреди за затоплување на просториите и за готвење на фосилни горива, особено ако сопствениците и корисниците се свесни дека немаат обезбедено ефикасно одведување на димните гасови.

Се предупредуваат граѓаните и правните лица да ги одложат сите активности со корозивни хемикалии, лепаци, бои, лакови, пестициди и слично со кои се загадува воздухот во просториите. Раководителите на градилиштата пред пуштање на камионите надвор од градилиштето задолжително треба да организираат миење на гумите заради отстранување на калта и прашината, а при превоз на материјалот од градежен ископ истиот да биде затворен со церада. Стопанствениците своите технолошки процеси да ги вршат со крајна претпазливост и да одбегнуваат се што не е нужно, а може да влијае на квалитетот на воздухот во градот, како и да соработуваат со зајакнатиот инспекциски надзор од Државниот инспекторат за животна средина и Инспекторатот на Град Скопје.

Град Скопје информира дека продолжува во континуитет со своите редовни активности во насока на намалување на загадувањето на воздухот и ги повикува граѓаните да се придржуваат до дадените мерки со што ќе дадат личен придонес за подобар квалитет на воздухот во градот, што е заедничка потреба и цел кон која сите заедно треба да се стремиме.

- Настанатата состојба е резултат на загадувањето на воздухот, но, пред се, на стабилната временска состојба, карактеристична за скопската котлина во студениот дел од годината, заради што Градот Скопје е во редовен и постојан контакт со Управата за хидрометеоролошки работи и за секоја настаната промена на состојбата редовно ќе ја известува јавноста, истакнуваат градските власти.

Препораките се во согласност со известувањата од Министерството за животна средина и просторно планирање за нарушениот квалитет на амбиентниот воздух заради надминувањето на граничните вредности за партикуларните честички помали од 10 микрометри (РМ10) во текот на пет последователни денови, а врз основа на Одлуката за алармантни состојби на квалитетот на воздухот на подрачјето на градот.

Затворена гостилницата „ДМ“ откако пет лица се пожалиле од труење

Пет лица се затруле во гостилинцата „ДМ“лоцирана на улицата „Орце Николов“, поради што Државниот санитарен здравствен инспекторат привремено стави клуч на објектот. Лицата со симптоми на труење се примени на Инфективната клиника, а врз гостилницата денеска е извршен вонреден инспекциски надзор.

„Од извршениот вонреден инспекцискиот надзор се констатира незадоволително одржувана општа хигиенска состојба во објектот и веднаш е извршена превентивна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на објектот од овластена установа, согласно закон, се употребува наменско дезинфекциско средство за простор и опрема со уреден рок на употреба согласно закон, а сите вработени лица имаат извршено задолжителен здравствено-хигиенски преглед, согласно закон и правилник. Вработените лица во кујна користат заштитна опрема при работа, а сите присутни вработени лица носат работна облека“, велат од Инспекторатот.

При надзорот, додаваат од таму, се земени материјали за микробиолошко испитувањ десет брисеви од работни површини во кујна и од кујнска опрема, брисеви од нос и грло од присутните шест  вработени лица, испироци од раце од четири затекнати вработени лица во кујна и на шанк и 5 мостри од храна според епидемиолошкиот увид на екипата од ЈЗУ ЦЈЗ Скопје.

Досега 25 лица затруени од сендвичите во „Седмица“

25 лица се јавиле на Инфективна клиника со болки во стомакот и висока температура откако јаделе од сендвичите во „Седмица“ во Лептокарија во Скопје.

Сендвичарницата веќе втор ден е затворена. Санитарната инспекцијата наредила и темелно чистење на просторот, опремата и работните површини, дезинфекција, дезинсекција, дератизација и дополнителни здравствени прегледи на сите вработени.

Земени се мостри од храната, брисеви од работната површина каде се подготвувале седндвичите, бактереолошки примерок од рацете на вработената која ги подготвувала плескавиците, брисеви од грло и нос на тројца други вработени… Резултатите од микробиолошките анализи ќе бидат готови во понеделник, кога ќе се знаат вистинските причини за труењето со храна.

Дежурните инфектолози велат дека според симптомите на пациентите, не се работи опасна бактерија која може да се прошири како епидемија.

Десетина затруени лица во болница – затворена најпознатата скопска сендвичара

Десетина лица се во болница откако, како што изјавиле се затруле со храна од познатата скопска сендвичара “Седмица” лоцирана во Карпош, инфпрмираат од миностерството за здравство

“До завршување на вонредниот надзор бројката на лица со стомачни тегоби, проливи, гадење, повраќање и висока температура 39-40 степени изнесува; 9 лица згрижени на ЈЗУ УК за инфективни болести и фебрилни состојби од кои 5 хоспитализирани и 4 амбулантски лекувани, а на инфективното одделение во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември” во моментот во дневна болница беа згрижени уште тројца пациенти.” велат од Министердтвото за здравство.

Извршена е вонредна контрола и земени се брисеви од вработените и работните средини како и мостри храна.

Наложена е вонредна дезинфекција а објектот е времено затворен.

Популарно