Граѓаните бараат да се стопира Панорамското тркало

Повеќе од шест илјади граѓани се потпишале на петицијата „Стоп за Панорамското тркало“ со барање да се стопира големиот објект кој ќе чини околу 20 милиони евра и дополнително ќе го промени лицето на градот.

„Го направивте Скопје Дизниленд, не се диши, не се живее“, „Има многу понеопходни работи од поставување таков кич“, „Гасифицирајте го Скопје, спасете некој живот“, „Со тие пари може да се реши загадувањето во Скопје“... Ова се дел од коментарите на онлајн петицијата која скопјани се помасовно ја потпишуваат и се шири на социјалните мрежи. Граѓаните од градоначалникот Коце Трајановски бараат итно запирање на сите подготвителни работи околу изградбата на панорамското тркало, како и стручна и надпартиска анализа на овој проект. Истовремено, се бара парите

да се пренаменат во други цели, како гасификација на градот и решавање на проблемот со загадувањето.

Како одговор на петицијата Трајановски рече дека проектот не е во надлежност на Градот, туку во надлежност на Владата.

Одлуката за изградба на овој објект во коритото на Вардар ја донесе Град Скопје со мнозинство советници во 2013 година. Планот датира од 2010 година во рамки на проектот „Скопје 2014“. Мислењето на граѓаните е различно, но преовладува ставот дека инвестицијата е непотребна во услови на криза.

Откако не успеа првичната идеја изградбата да ја финансираат бизнисмени и приватни фирми, средства беа побарани од државните институции и од Владата. До сега донираше само Агенцијата за електронски комуникации и тоа околу еден милион евра.

Вредноста на тркалото достигна сума од 19 милиони и 700 илјади евра, но изворот на парите не и е познат на јавноста, а првилните најави беа дека ќе чини околу 12 милиони евра. Изградбата на тркалото продолжи и покрај острото противење на јавноста и покрај граѓанските протести. Планираното е тркалото да има дијаметар од 57 метри и да се издига 73 метри над брегот на реката, а на тркалото да се сместат 30 кабини во форма на гондоли со капацитет од 300 луѓе и да има придружни објекти како кафетерии и сувенирница.

(ВИДЕО) РЕЛИТО ЗА БОГАТАШИ ДОЈДЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Спортски автомобили вредни стотици илјади евра се паркираа во Скопје

Во центарот на Скопје, пред хотелот „Мериот“, беа паркирани „ѕверови“ кои им го привлекуваа вниманието на случајните минувачи.

„Бе-ем-ве м3“, „бугати“, „ламборгини“, „астон мартин“, „порше карера“ гордо позираа во Скопје. Станува збор за релито „oneliferally“, попознато како рели за богаташи. Сопственици на овие луксузни возила се Балканци кои секоја година тргнуваат на пат низ регионот. Оваа година рутата почна од Љубљана, преку Загреб, Дубровник, Будва, Драч, Скопје и финалето е во Белград, пренесува Телеграф.

На ова рели долго 1.700 км се приредуваат луди журки и спиење во луксузни хотели, а самото учество чини неколку илјади евра, што за сопствениците на овие возила не е никаков проблем.

ФOTO: Скопските матуранти со најнов матурски тренд

Традицијата во однос на матурската забава најчесто се задржува од година во година и тешко се модифицира, особено кога полнолетните момци имаат довола да го земат автомобилот и да ги покажат своите вештини од штотуку земената возачка дозвола.

За жал се уште има такви кои управуваат под дејство на алкохол, но и такви кои сакаат да бидат најголеми фраери за сите да знаат дека е „голем“ матурант.

Ова е новата скопска матурска авто-шема:

Извор: ДЕНЕШЕН

Нова повластена паркинг карта за корисниците на ЈП ПОЦ

Директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Саша Богдановиќ, на денешната прес конференција ја претстави новата повластена паркинг карта за тренери и членови во спортски клубови и спортиски друштва со цел полесно извршување на активностите поврзани со вршењето на спортската дејност регистрирани на територија на Општина Центар.

„Управниот одбор на јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ на 66-та седница одржана на ден 19.05.2017 година донесе Одлука за воведување и утврдување на паркинг карта за тренери во спортски клубови и спортисти (ППКС).

Имено, правото на издавање и користење на оваа паркинг карта го остварува секое физичко лице кое е сопственик на патничко моторно возило и е ангажирано како тренер во спортски клуб или е активен спортист во спорски клуб чиешто седиште е регистрирано во Општина Центар.

Потребни документи кои се доставуваат на увид при склучување на договор за користење на ППКС се: лична карта; сообраќајна дозвола за ПМВ издадена од надлежен орган; потврда од спортскиот клуб дека лицето е ангажирано како тренер или дека е активен спортист; тековна состојба за спортскиот клуб издадена од ЦРМ, не постара од 6 месеци и решение за регистрација на спортски клуб издадено од Агенција за млади и спорт на Република Македонија.

Цената за овој вид паркинг карта е: еднократен надомест за издавање – 350,00 денари и месечен надомест за користење – 250,00 денари. Договорот за издавање и користење на ППКС може да биде со времетраење најдолго до една година.

Корисниците на ППКС имаат право на користење на конкретното јавно паркиралиште од отворен тип во Зона I, Зона 0I и Зона II за чиешто користење е склучен договор, во вкупно времетраење од 2 часа дневно, а по надминување на истите ќе се применуваат општите услови за користење на јавни паркиралишта.

Популарно