Граѓаните имаат право да ги тужат општините за нечистење на снегот

Против општините досега нема ниту една тужба за неисчистени тротоари и улици и покрај тоа што над 160 граѓани се со скршеници на колкови, рачни и зглобови на нозете само во Скопје.

„Луѓето повеќе се научени да трпат отколку да бараат правда. Мислат дека ова со смрзнатите тротоари и улици е работа што треба да се трпи, дека е природно, не знаат дека општините треба да издвојуваат средства секоја година во буџетот за да ги расчистуваат навреме улиците и оти тоа е нивна одговорност”, вели Народниот правобранител Иџет Мемети за порталот.

Според него неисполнувањето на законските обврски и должности од општините за расчистувањето на снегот, се нарушување на правата на граѓаните.

Настраданите граѓани од нерасчистените снег и мраз може да поднесат тужба против локалните власти и локалното комунално претпријатие од општината во која живеат, бидејќи според Законот за јавна чистота, таа одговорност им припаѓа ним.

Ако тужителот го добие спорот против тужениот субјект од локалната самоуправа, потоа оди во граѓанска парница, т.е. покренува спор пред надлежниот граѓански суд, за надомест на штета.

Граѓанинот притоа да обезбеди медицинска потврда и документација за повредата.

Во членот 7 од Законот за јавна чистота се пропишува дека одржувањето на јавната чистота и чистењето на снегот и мразот во зимски услови на јавните површини го врши јавно претпријатие за комунални услуги, основано од општината, општините во Градот Скопје и Градот Скопје.

Глоба од 1.000 евра следи за правното лице сопственик, односно корисник на јавен објект ако не го исчисти снегот од отворениот простор пред објектот, а од 4.000 евра за правно лице ако не обезбеди редовно и квалитетно одржување на јавната чистота и чистење на снегот на јавни површини во зимски услови.

Исто така, глоба во висина од 30 отсто од одмерената глоба за правното лице следи и за одговорното лице во правното лице.

Скопјанец: Не ме примија на Клиника бидејќи немаше слободен кревет

Гоце има 70 години. Тој целит свој живот век го поминал во скопскиот регион, но како што вели до сега ова му се нема случено.

Тој живее сам. Ќерките му се омажени, а сопругата почината. Минатата недела додека бил дома, му се слошило. Добил силна вртоглавица и болка. Веднаш побарал помош од лекарите.

Матичниот лекар веднаш го упатил на една од скопските Клиники, но за него таму немало место.

-Ме прегледаа и ми кажаа дека морам да останам во болница да ме испитуваат, но дека тоа не може да биде веднаш, туку мора да чекам 3-4 дена за да се ослободи некој кревет, бидејќи во тој момент немало слободен, вели Гоце за Скопје Инфо.

Од Клиниката му кажале да си оди дома и да се одмара, без да му дадат никаква терапија, и дека тие ќе му се јават кога ќе се ослободи некој кревет.

-Ми се јавија после 4 дена да одам на Клиника. Кога отидов таму ме натераа да потпишам дека се сложувам да бидам во соба, која е мешана со мажи и жени, раскажува Гоце.

Што се случува со македонското здравство се прашува тој. Во 21 век немаме болнички кревети, а сепак постојано се зборува за модерно здравство. 

Тврдокорните излегоа на протести пред Собранието: Со двојазичноста ја губиме државата

Тврдокорните кои денеска излегоа на протести пред Собранието тврдат дека со двојазичноста се губел македонскиот карактер на државата, односно се губела самата држава.

Тие со транспаренти и патриотски песни се „борат“ против Законот за јазици.

Според нив, нејасно е како албанскиот јазик може да биде службен јазик во Гевгелија, Валандово, Струмица, Кочани, Штип, Радовиш, Берово, Крива Паланка.

Хорор убиство го потресе Скопје: Жена нападна друга жена со секира, па била усмртена со нож

Телевизијата SHENJA објавува детали за убиството што се случи синоќа на улицата „Дижонска“ во скопската наслебад Чаир.

Како што дознава TV SHENJA, вчера на местото дошла жена од Тетово, која нападнала друга жена со секира. Нападнатата потоа ја прободела со нож и ја убила жената од Тетово.

Таа била испратена со возило за брза помош во болница, но им подлегнала на повредите

Екипи од МВР и Јавното Обвинителство веднаш излеголе на местото на настанот за да го истражат случајот.

Се очекува МВР да излезе со официјална верзија за убиството во Дижонска.

Популарно