Грција ви е скапа? Погледнете ги цените на хрватското приморје

Веќе неколку недели се зборува за зголемениот данок во Грција и повисоките цени од таа причина. Ако новите цени кај јужниот сосед ви се гледаат скапи, погледнете како се движат во Хрватска.

dubrovnik

Слободна далмација“ пренесува како се движат цените во рестораните во туристичките места на Јадранот, почнувајќи од Ровињ, па до Дубровник.

-појадок со две пржени јајца и малку шунка – 110 куни (15 eвра)

-обична пица – 90 куни (12 евра)

-салата со туна – 115 куни (15.30 евра)

-порција мешана скара – 120 до 150 куни (16 до 20 евра)

-капучино – 35 куни (4.70 евра)

-нескафе – 40 куни (5.30 евра)

-200 мл точено пиво – 18 куни (2.40 евра)

-зелена салата – 60 куни (8 евра)

-чаша домашно вино – 35 (4.70 евра)

Весникот пишува дека не треба да ве чуди ако до пред месец дена сте плаќале двојно помала цена во истите места, бидејќи во некои ресторани, кафулиња, слаткарници и сл., има и до 300 отсто поскапени цени

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно