ГУРУ ОТКРИВА ЗОШТО БРАКОВИТЕ СЕ НЕСРЕЌНИ и зошто луѓето не ве сакаат: Сите сме обични просјаци за љубов!

Oшо, индиски гуру познат и по името Рајниш, остана запаметен по мудрите совети, изреки и учења.

Тој одамна ја опиша и човечката потреба за љубов, на целосно поинаков начин во однос на оние кои ни се познати.

Прочитајте и размислете:

„Вие сакате некој да ве сака, и ако некој ве сака, вие се чуствувате добро.

Но тоа што не го знаете е дека другите ве сакаат само затоа што тие сакаат и вие да ги сакате нив.

Тоа е исто како кога некој фрла мамка за риби: тој не го фрла тоа за да јадат рибите, тој ја фрла мамката за да ги улови. Тој не сака да им дава храна на рибите, туку тоа го прави затоа што сака да ги фати.

Сите луѓе кои наоколу гледате дека се во љубов, тие само фрлаат мамка за да ја фатат љубовта.

Тие на момент ќе бидат мамец додека другата личност не почне да чуствува дека тука постои можност да ја добие љубовта.

Тогаш и тој ќе покажува љубов, додека двајцата не сфатат дека се просјаци.

Тие направиле грешка: секој мислел дека таа другата личност е цар. Во некое време двајцата сфатат дека не добиле љубов од оној другиот, а тогаш настануваат непријателствата.

Поради тоа за брачниот живот се мисли дека е пекол, бидејќи сите вие сакате љубов, но не знаете како да ја дадете. Тоа е основниот причинител на сите судири. Се додека не се случи она за што ви зборував, односот помеѓу мажот и жената никогаш нема да биде хармоничен, без разлика какво усогласување ќе направите, без разлика каков брак ќе имате, без разлика какви правила ќе ви наметнува општеството.

Единствен начин да го направите односот подобар е да сфатите дека љубовта само може да се дава, а не да се бара. Таа може само да се дава. Било што да примите е благослов, тоа не е награда за љубов.

Љубовта се дава и се што примите е само благослов, тоа не е награда. Дури и ако ништо не примите, вие секогаш сте среќни што сте можеле да давате.

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно