Хан: Изборите во Македонија да се организираат на 24 април

Европската комисија денеска лиферуваше соопштение во кое и официјално ја потврдува утрешната посета на Република Македонија од страна на еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, јави дописникот на МИА од Брисел.

22804mala

Во соопштението, неформалната Влада на Европската унија посочува дека Хан во текот на утрешниот ден ќе има средби со претставниците на четирите најголеми политички партии кои се потпишаа на политичкиот договор постигнат минатиот јуни и јули.

- Комесарот Хан ќе ја повтори нивната одговорност за спроведување на нивниот договор, вклучувајќи ја и потребата да се обезбедат услови за веродостојни избори, во согласност со роковите што тие ги усогласија, се вели во соопштението на Еврокомисијата.

ЕК посочува дека „комесарот Хан, исто така, ќе потсети на важноста на спроведувањето на итните реформски приоритети што Комисијата ги издаде за Македонија”, на што македонските политички лидери, според Брисел, исто така се обврзаа.

Во однос на неговата посета, Јоханес Хан испрати и изјава во кој порачува:

- Утрешниот 15-ти јануари е клучниот рок на политичкиот договор чија имплементација е важна за Владата и за граѓаните на земјата. Очекувам дека останатите елементи од политичкиот договор ќе бидат решени пред или за време на мојата посета, овозможувајќи и им на изборните власти да организираат веродостојни избори според договорената временска рамка, порачува Хан.

Освен со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, еврокомесарот Хан не се очекува да има други средби во рамки на неговата утрешна посета на Република Македонија.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно