ХОРОСОКОП: Кој е најинтелигентен?

horoskop

Огнените знаци (Овен, Лав, Стрелец) имаат интуитивна интелигенција. Тие ги согледуваат можностите и преземаат ризици. Сте виделе некој производ или услуга која направила милиони и си мислите „Зошто мене не ми текна на тоа?“.Токму тоа се тие огнени знаци кои прават огромни заработки или пак барем оние кои ги поттикнуваат другите на таков чекор.

Земјените знаци (Бик, Девица, Јарец) ја имаат практичната интелигенција, од балансирање на парите, па сè до решавање на проблемите на работното место. На земјените знаци не им оди идеално на работното место бидејќи мораат да го решат секој проблем веднаш, што не е баш совршен чекор за околината, но барем носи пари.

Воздушните знаци (Близнаци, Вага, Водолија) имаат идеалистичка, аналитичка интелигенција. Овие знаци живеат во светот на идеите и се многу поврзани со дружењето и социјализацијата. Преферираат емоционални идеи. За нив социјализирањето и дружењето се стимулацијата на новите идеи.

Водените знаци (Рак, Скорпија, Риби) имаат перцептивна интелигенција. Тие се оние кои ја разбираат вашата мотивација и го почитуваат начинот на кој се чувствувате. Во Кинеската астрологија, водените знаци се поим за интелигенција. Тие многу лесно се поврзуваат со останатите и се полни со разбирање. Кога ќе размислиме, зборот гениј прво го врзуваме за Алберт Ајнштајн, со хороскопски знак риби.

Ова се три хороскопски знаци кои се вистински нарциси

Хороскопот открива многу за нашиот карактер.

Тој ги открива нашите добри и лоши страни. Сите се сакаме себеси и понекогаш сакаме да бидеме во центарот на вниманието, но постојат три знаци кои се вистински нарциси.

Овен

Овните се познати по својата импулсивност, упорност и желба за внимание. Тие се способни да направат драма од ништо и не само што не им е важно како ќе изгледа тоа во вашите очи, туку и се полни со себе кога тоа ќе се случи. Сакаат да бидат доживеани како храбри и единствени и веруваат дека се многу подобри од останатите. Никој не знае ништо подобро од нив.

Лав

Родените во овој знак се познати по својата драматична природа и потреба за внимание. Тие живеат за моментите кога се во центар на вниманието и тогаш се чувствуваат како ѕвезди. Нивната самоувереност често се изразува како нарцисоидност бидејќи тие сакаат да зборуваат за својот успех, но и тоа колку се сакани и ценети.

Стрелец

Стрелците се познати по својата независност и спонтаност. Ја сакаат слободата и сметаат дека не мораат за ништо да им се објаснуваат на другите. Но, нивната постојана желба за авантура може да направи да сметаат дека само нивните искуства се важни и дека со самото тоа тие се подобри од другите кои не живеат на ист начин. 

Дневен Хороскоп

ОВЕН

Можеби се запрашувате какви обврски ве очекуваат на работно поле. Не ви е лесно да дојдете до извесност кога станува збор за работата. Ќе успеете да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Можни се проблеми поврзани со кашлица.

БИК

Заземете еден одреден став и борете се за него до крај. Не ја расфрлајте својата енергија на споредни цели. Ако сакате промени многу е важно да му покажете на партнерот во која насока размислувате. Чувствителен предел на градниот кош.

БЛИЗНАЦИ

Можете да очекувате стабилна ситуација на работно поле. Имате можност да дојде до добра соработка. Доколку сте слободни, може да се надевате на ново познанство. Денот е поволен и за зафатените. Водете сметка за исхраната.

РАК

Доколку се пред вас нови случувања подгответе многу енергија за промени. Нема да биде лесно. Ве очекува можност да влезете во љубовна врска со личност кон која имате одредени симпатии. Можни се проблеми со притисокот.

ЛАВ

Финансиската ситуација може да биде позитивна ако се потрудите да донесете правилни одлуки. Сакате да му ги покажете на вашиот партнер своите искрени емоции. Време е вашата врска да напредува. Поволен период за почеток на диета.

ДЕВИЦА

Можно е потпишување на договор. Разгледајте ги сите ставки пред да се одлучите на таков чекор. Сакате да направите промени на ова поле и многу ви е важно саканата личност да размислува во тој правец. Избегнувајте цигари.

ВАГА

Слушајте ја својата интуиција и потрудете се да се посветите на работата максимално. Време е да се насочите кон нови работни задачи. Ова не е поволен ден, ве очекува разочарување поврзано со нова личност во вашиот живот. Можни се проблеми со нервниот систем.

ШКОРПИЈА

Обидете се да одржите стабилна состојба на работно поле. Дајте си време да научите нови тајни на својот занат. Имате впечаток дека партнерот е ладен кон вас. Можно е да дојде до прекинување на врската. Склони сте кон депресија.

СТРЕЛЕЦ

Не е поволен ден за вас на работно поле. Може да очекувате некои компликации. Ви се отвора можност да ја освоите личноста кон која имате емоции уште од минатото. Внимавајте на црниот дроб и панкреасот.

ЈАРЕЦ

Можно е да се трудите да дојде до промени, но сѐ уште не можете да успеете во тоа. Покажете малку трпение. Се појавуваат нови проблеми помеѓу вас и саканата личност и не ви е лесно да се носите со нив. Потребна ви е масажа.

ВОДОЛИЈА

Размислувате за започнување нов бизнис но како сѐ уште да не сте подготвени за тој чекор. Доаѓате до контакт со личност која ќе посака сериозна врска. Дали сте подготвени да и го овозможите тоа? Здравствената состојба е сѐ подобра.

РИБИ

Ви се нуди можност за напредување и секако треба да ја искористите шансата. Ви изгледа дека партнерот не се поставил фер кон вас и тоа не ви се допаѓа. Можни се проблеми со забите.

Дневен Хороскоп

ОВЕН

Многу сте незадоволни и загрижени со ситуацијата на финансиско поле. Со своето однесување уште повеќе го поттикнувате партнерот да се сомнева во вашата верност. Можни се проблеми со алергиската реакција.

БИК

Незадоволни сте со ситуацијата на деловно поле поради ненадејните проблеми и трошоци. Нее поволен ден за нова врска, може да бидете прилично разочарани. Бидете воздржани уште некое време. Зајакнете го имунитетот.

БЛИЗНАЦИ

Сѐ уште не сте задоволни со ситуацијата на деловно поле. Како ништо да не оди во склад со вашите очекувања. Водите инат. Ни вие ни партнерот не сте подготвени да попуштите. Не претерувајте. Без поголеми проблеми.

РАК

Внимавајте како ги бирате соработниците за да не се каете подоцна. За тоа е потребна трпеливост и упорност. Осамени сте. Потребен ви е некој да ја подобри атмосферата. Болки во долниот предел на стомакот.

ЛАВ

На финансиско поле нема место за нови грешки. Можна е шанса за добивање хонорарна работа. Ако сакате да го задржите моменталниот партнер, потребно е да бидете спремни и на жртвување. Многу е важно да ја подобрите кондицијата.

ДЕВИЦА

Сѐ уште не сте доволно прилагодени на промените кои се случиле на работа. Мора да се опуштите и да прифатите дека немате контрола над туѓите одлуки. Минливи болки во грлото. Пијте чаеви.

ВАГА

Наскоро би можеле да добиете поволни вести од страна на фирмата во која сте конкурирале. Сепак, бидете внимателни. Не може да дочекате од партнерот да го слушнете неговото мислење во врска со вашите идеи. Внимавајте во сообраќајот.

ШКОРПИЈА

Новата работа не ви ги донесе резултатите кои ги очекувавте. Тоа ви носи дополнителна нервоза во животот. Не е во ред секаде и на секое место место отворено да флертувате. Повлечете рачна кочница. Проблеми со белите дробови.

СТРЕЛЕЦ

Ако сакате да постигнете успех на деловно поле потребно е да бидете максимално фокусирани. Бројните искушенија кои ги имате само ќе послужат да ја тестираат вашата посветеност кон моменталниот партнер. Проблеми со бубрезите.

ЈАРЕЦ

Иако моментално од некои работи немате преголема корист, профитот ќе дојде кога најмалку се надевате. Не го притискајте партнерот дополнително бидејќи и без тоа е нерасположен. Чувствителен нервен систем. Обидете се да се опуштите.

ВОДОЛИЈА

Секоја дополнителна задача за вас претставува нов предизвик со кој сте подготвени да се соочите. Покрај себе имате партнер кој ве разбира и добро ја познава вашата природа. Лошо расположение, иако немате причина за тоа.

РИБИ

Упорно се обидувате со нови потези и тактики, но како ништо да не дава резултати. Потребна ви е личност која ќе разбере низ што поминувате на деловно поле и која ќе ви даде поддршка. Во добра форма сте.

Популарно