Хуманитарна забава на Црвен крст и учениците од СГГУ „Здравко Цветковски"

Во рамките на ПХВ програмата (Промоција на Хумани Вредности) Општинската организација на Црвен Крст Карпoш во соработка со учениците од СГГУ ,,Здравко Цветковски" ве покануваме на хуманитарна забава со намера да ве оттргнеме од дневните преокупации. Да докажеме дека можеме да помогнеме некому,ве очекуваме да ја дадете вашата поддршка со вашето присуство.

1780621_676920602354211_1597618643_n

Што се однесува до забавата ВИ ВЕТУВАМЕ ПРЕКРАСНА ЗАБАВА за која ќе се погрижат

✔DJ NASTY

✔СТЕФАН ДАВИДОВСКИ(x-factor)

✔МАРТИН БУЦО(BeatBox)

✔ТИМОТ ОД ГУЦ

--ВЛЕЗ: 50 денари***

--За повеќе информации и резервации обратете се кај:

☎078 254 433-Ален

Facebook inbox

Истовремено сакаме да искажеме голема благодарност до Студио 54 што ни овозможи реализација на оваа забава и ни го отстапи за петочната забава.

** Собраните средства ќе бидат наменети за две социјално загрозени семејства кои се во навистина лоша состојба**

Црвен Крст во Акција – Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) програмата, која претставува Национална алатка за регрутирање и задржување на волонтерите во редовите на организацијата на Црвениот Крст, изминатата година одбележа 16 години од процесот на својата имплементација на целата територија на Република Македонија. Во проектот вклучени се сите 34 Општински организации на Црвен крст во нашата земја, како и во градската организација на Црвен крст на град Скопје, преку кои се регрутираат млади волонтери на Црвениот крст на возраст од 14 до 18 години, кои добиваат соодветна обука за дисеминација, за културата на дијалог како основен предулсов на градење на интеркултурно општество, препознавање на потребите на заедницата и изработка на хуманитарен проект. Минатата година беа изработени рекордни 202 проекти за добробит на заедницата преку кои беа помогнати преку 3000 лица. Ова година програмата е поддржана од CIRa во рамките на програмата Civica Mobilitas.

Исратил: Мартин

Имаат ли перспектива младите во државава?

Драги пријатели, со голема радост го споделуваме првиот подкаст на Македонско-американската алумни асоцијација од серијалот ‘The Voice of MAAA’ (Гласот на МААА) при проектот ,,Алумни поддршка на волонтерски и воннаставни активности".

Подкастот е на тема „Перспективите на младите луѓе во нашата земја„ и во него гостуваат нашите членови Бојан Кордалов, комуниколог и Иван Дургутов, младински активист, а го модерира Катерина Топалова, новинар.

Се надеваме дека гласот на нашите членови ќе допре до младата популација во нашата земја, како и до сите заинтересирани за темата. Уживајте!

ВИДЕО: Гори мотор на Теодосиј Гологанов во Скопје!

Втор пожар денеска во Скопје. Не толку голем како оној во Универзалната Сала, но доволно силен за да ги вознемири жителите на населбите Тафталиџе и Козле. 

Во пожар изгоре мотор на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов веднаш до комплексот Гранд Престиж. Засега нема информации за повредени или пак за тоа како настанал пожарот.

Видеото можете да го погледнете на линкот подолу.

Испратено од: Сара

https://youtube.com/shorts/20hGpiR-0SU?si=DFfQ5VxsyiO-B7dw

Имер Селмани: „Тежам околу 50 милиони евра"

Што се случува со неговата прва пасија, медицината, бидејќи завршил Медицински факултет, како и зошто го почнал бизнисот, со што се занимава неговата компанија, колку тежи неговото богатство, на што најмногу сака да троши пари...

„Горд сум на себе, бидејќи вработуваме луѓе, плаќаме даноци, имаме редовни приходи, инвестираме... денеска сме дисперзирани како компанија која што има повеќе дејности. Сега градиме, при крај сме, на еден супер луксузен модерен комплекс во едно место кое што беше заборавено од Скопје, од скопјани, од државата буквално. Тоа е помеѓу касарната Илинден и булевар Словенија, тоа е практично Карпош. Таму градиме станбен комплекс од речиси 350 станбени единици и деловен простор...“, ова меѓу другото го истакнува Имер Селмани, во првиот подкаст „Бизнис муабети“, кој од денеска ексклузивно ќе се емитува на порталот Фактор.  

Почитувани читатели, како што и Ви најавивме, денеска реномираниот портал Фактор воведува уште една новина во своето работење, со која се обидуваме уште повеќе да се доближиме до Вас и до Вашите потреби, а секако, и да ги следиме модерните трендови во новинарството и во медиумското работење. Имено, стартувајќи од денеска, па секоја наредна недела во истиот термин, петок, преку нашиот портал ќе можете да ги следите новите епизоди од серијалот подкасти со наслов „Бизнис муабети“, одбран токму во духот на доминантно економската определба на нашиот медиум.

Водител на подкастот е добро познатиот на македонската јавност новинар Мишко Иванов, уредник на многу популарни и гледани телевизиски емисии во својата кариера во изминатиот период.

Гости на нашиот подкаст ќе бидат еминентни имиња од светот на бизнисот, политиката, општественото живеење, власта, опозицијата, но и многу други релевантни соговорници чии професионален ангажман или делување оставиле печат на околината која не опкружува. 

Погледнете ја првата епизода од „Бизнис муабети“, на Фактор.

Популарно