Името не е проблем, проблемот е идентитетот

Марјан Николовски за денешен.мк

Длабоко, во сржта на овој проблем е потребата на Грција да има граница, физичка бариера, северно од Гевгелија. А, таа граница ќе ја има, само доколку Македонија остане надвор од евроатланските интеграции. Втората “сигурност”, јас би рекол државна политика, е ако не успее границата, да се постигне целта на себеобезличување на македонската нација или нејзино себеуништување.

identity

Две прашања, како по правило, при секоја посета на Медијаторот Метју Нимиц на регионот стануваат тема за дискусија во јавноста. Секогаш без исклучок, барем последните шест-седум години. Едната е идентитетското прашање на граѓаните кои живеат во државата за чие име, односно за разликите околу чие име, се разговара пред Обединетите нации. И втората за наводната антиквизација, односно политика на антиквизација. И како по правило и за двете прашања, прстот е насочен кон власта. Оваа, актуелнава. И така од суштината, проблемот се сведува на малско-гранапска дискусија. Македонија е талент од држава. Само во Македонија за националните, стратешки државни прашања се разговара како на пазар и тоа исклучиво во функција на девната политика. Место аргументи, се нуди инает. Место сржта, се бара површината. Наместо вистината, се промовира заблудата. Наместо заеднички позиции, се гради поделба. А, прашањето за името не е игра. Прашањето за иметот е суштината, која се поочигледно станува “македонската новодобна зандана”. Македонскиот нов “најдолг пат”. И нема поголема фрустрација за една нација, кога едно такво прашање не може да произведе единство, кое по цена на се, мора да га исцрта македонските црвени линии. Истовреме нема поголем аргумент и полесни позиции За спротивната страна кои и овозможуваа повластеност и предност во разговорите.

ПРИДАВКАТА МАКЕДОНСКИ Е МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД ГЕОГРАФСКИ ТЕРМИН

Последната изјава на Нимиц и малку пред тоа на Ангела Меркел, во која двајцата зборуваат за едно прашање, но од дијаметар различни позиции и реакциите во овдешната јавност, само го потврдува дневно-политиканското однесување на Македонците за едно вакво суштинско прашање. Нимиц тврди за идентитетот не се разговара, а Меркел дека се бара решение. Кој е овде политички дилетант? Кој е овде дипломат? Кој овде е неупатен?

Апсолутно наивно е да се верува дека Меркел направила гаф, ваков кардинален погрешен чекор, а притоа да кажува дека во детали е запознаена со случајот, а воедно и идеја имала за предлог за решение, но не би сакала да го изгори, со тоа што ќе го соопшти. Во истовреме, исто така, апсолутно е дилетантски да се верува дека Нимиц, “излапел”, па незнае што зборува, а уште помалку дека, по 20 години, него познава проблемот.

Но, во целата оваа “бркотница” погледнете ги, исто така од дијаметар различни, ставовите и коментарите во македонската јавност како тие се прилагодуваат, во зависност од потребата исклучиво во функција на двената политика. Кога Меркел зборува за разговори за идентитетот, “големогрижните” опозициски агитпропи, посочуваат прист и велат, “власта го доведе во прашање идентитетот. Таа е виновна за тоа”. Кога Нимиц, вели не се разговара за идентитетот, истите “големогрижници”, велат “аман луѓе разберете не се разгобвара за идентитетот. Власта не сака да го решеи проблемот”. Дно!. Дно, на кое во Атина се смеат, како што впрочем веќе 24 години ја водат играта во насока во која тие ја посакуваат. Во насока на безизлесност, а не кон какво било решение.

Таа е таа улога на дневно-политички игри со националните прашања. Без срам и без никаква одговрност. Секаде во светот тоа се дефинира како “национално предвство”, сакал некој тоа да го сфати или не. Па макар тоа било од не знаење.

И Нимиц и Меркел многу добро знаат што зборуваат. И многу добро се запознаени со проблемот, но не сум баш сигурен дали ја разбираат суштината и позадината на се. Како што сум убеден дека малкумина во Македонија го препознаваат темелот на идејата да се иницира ваков проблем токму во периодот на создавањето на независноста на македонската држава. Изјавите на Меркел и Нимиц се различни и спротивставени, но во основата се исти и го потврдуваат она што малкумина го зборуваат, а многумина не сакаат да го слушнат. Името не е проблем. Проблемот е придавката “македонски”. Затоа што од нејзе извираат идентитетските карактеристики. Меркел тоа го кажува експлицитно, затоа што директно проблемот се рефлектира во фукционирањето на Еврпската Унија, каде таа е главниот играч. Нимиц, само прави обид да ја амнестира светската организација, формирана за да ги штити и почитува човековите права и посебностите на државите од моментот и ситуацијата во која е навлезена, а не е дел од нејзините ингеренции. Кога и зошто, е прашање.

Нимиц тоа го прави перфидно, прилагодувајќи се на ситуацијата во моментот. Одговара дека “за идентитетот не се преговара”, па надополнува дека и “за Грција е неспорно дека (овој народ) има свој, посебен идентите. Тврди дека Гриција не го спори идентитетот. Да!. Сето тоа е точно. Точно е дека Грција не го спори идентитетот. Точно е дека за Грција северно до границата кај Гевгелија живее друг народ со свој идентитет. Но, лага е дека Грција се согласува тој народ да се идентификува како “македонски”. Грција не ја спори посебноста на (овој народ, што би рекол Нимиц), но, Грција го спори правото на (овој народ) да се идентификува како Македонски. Тоа на Нимиц му е јасно. И затоа ја користи формулацијата “овој народ”, а не “македонскиот народ”. Јасно му е, бидејќи ако во Скопје го именуваше идентитетот на народот, ќе мораше авионската карта за Њујорк, да ја чекира на аеродромот во Скопје, а не во Атина. Но, она што Нимиц треба да разјасни е, има или не за него разлика меѓу “посебен народ со свој идентитет” и “Македонски народ”. Кој е тој народ со посебен идентитет што живее овде? Во основа тоа треба да биде исто, бидејќи (тој посебен народ и идентитет, не е посебен, ако не е именуван).

Но, за Нимиц тоа веројатно не е исто и затоа со години наназад, во пакетите на идеи, како што ги нарекува, нуди опција за употреба на придавката “македонски”. Односно, како што стои во еден негов предлог, ”и двете страни немаат право на ексклузивитет на придавката македонски”. Таа придавка дефинира потекло на вино, брашно, ракија, домати, пиперки (географски), ама таа придавка дефинира и идентитет на еден народ.

ДОГОВОРИ ЛИ НЕКОЈ СМЕНА НА ИДЕНТИТЕТОТ УШТЕ ВО 90-ТИТЕ?

Со други зборови идентитетските прашања, ако не дриректно, тогаш индиректно се на масата за разговори од самиот почеток на проблемот. Од далечната 1992. Тоа го знаат оние кои на каков било начин беа дел од почетокот на овој апсурден проблем, кој подоцна стана македонска реалност токму поради неспосбноста на тогашните македонски власти. Тоа го знаат тие, но молчат. Молчеа тогаш, молчат и сега. Молчеа тогаш веројатно знаејќи дека ако јавноста ја дознае суштината, ќе нема никаков простор за какво било амортизирање на тоа прашање пред нејзе. Токму затоа, токму поради идентитетските прашања, проблемот не е затворен пред 20 години, туку тогаш на јавноста и се понуди јадицата за некаква тримесечна привремена употреба на некаква привремена референца. Таа неискреност кон сопствениот народ на тогашниот Претседател, Премиер, Претседател на Собрание, Министер за надворешни и еден чуден лик, кој во сето ова некако постојано е замешан, денеска ја чини Македонија заробеништво и неизвесност на својата иднина. Зошто во Македонија никој, никогаш, официјално, документирано не соопшти, не објави, што содржи т.н. македонска лична карта во ООН. Тоа е најмистериозното прашање.

Кој е претсавникот од Македонија кој, таа година кога се впишуваат административните податоци за државата при членство во ООН дал согласност што да се запише? Кој бил таму кога се пополнувала таа картица? Што пишува во нејзе? Никој на тие прашања нема одговор. Јас неколкупати, преку официјални и неофицијални начини, како новинар сум барал да ја видам, оригиналната (хард-копи) македонска лична карта во ООН. Безуспешно. Наместо вистината, на јавноста во Македонија изминативе години и се пласиираа некакви полу информации од некакви интернет сајтови, во кои исто така имаше разни спротивставени информации околу тоа како е заведен јазикот, како е заведен народот, како е заведено името на државата. Моите неофицијални информации, не мора да бидат точни, не алудирам дека се вистините, но тие зборуваат дека графите за народот и јазикот во тој документ тогаш останале празни. Ако некој го има вистинскиот одговор, мислам дека е должен да и го презентира на јавноста. Во него лежи и суштината на спорот со Грција.

ИСТОРИСКИТЕ ГРЕШКИ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИКА

Дека името на Македонија е само повод, а не и причината за овој дводенециски спор покажуваат многу ситуации кои само треба да се анализиораат. Еден, најпрост, најочигледен пример е токму привремената референца и времената спогодба. Под тоа име Македонија денеска функционира во речиси 99% од светските, политички, економски, културни, па се до спортски институции. Таа референца веќе 20 години е некакво меѓународно име на државата. И ако со него се согласила Грција и ако со него се согласила Македонија. И ако тогаш не бил спорен идентитетот и именувањето на народот и јазикот, како што вели Фрчковски и претставниците на тогашната владеачка гарнитура, зашто тогаш се обврзале Македонија и Грција пред ООН, дека ќе бараат решение? Што е тоа што тогаш не било дефинирано, па се презела обврска да се додефинира? Има ли попонижувачко име за Македонија, а од друга страна подобро решение за Грција од Поранешна Југословенска Република Македонија? Зошто Грција би презела обврска дека во иднина ќе разговара, ако веќе издејствувала вакво понижувачно именување на Македонија и тоа од тогашна позиција на моќен уценувач? Не е белким дека некој мисли дека Македонија тогаш извојувала дипломатска победа и дека тие идни разговори се однесуваат само на дефинирањето на меѓусебната комуникација со Грција.

Напротив времената спогодба е првиот најсериозен дипломатско-политички пораз за Македонија, кој за жал потоа донесе серија такви погрешни чекори. Некој тогаш, далеку од јавноста презел нешто, за кое денеска Грција бара испорачување на сметката. Што е тоа, ако не е идентитетот?

Најголем и најраспространет “аргумент” на опозицијата во Макеоднија и на нејзините медиумски поддржувачи е тезата дека “Власта не сака решение за името, затоа што не сака членство во НАТО и ЕУ”. Небулоза без преседан. Може ли некој да се сети кога во Македонија имало понтензивни разговори на релација, Скопје-Њујорк-Атина од последните седум години? Знае ли некој колку средби и разговори за спорот се направени од времената спогодба до 2006, а колку од 2007 до 20014 година? Одговорот на ова прашање го дава одговорот на прашањето за заинтересираноста и незаинтересираноста за затворање на овој наметнат, а богами и оставен во наследство проблем.

Второ, околу толку многу фалена евро-атланска ориентација на СДСМ, наспроти политиката на ВМРО-ДПМНЕ на тој план. Како тоа владите на СДСМ биле проевропски ориентирани, а ониое на ВМРО-ДПМНЕ не, кога првио сериозен чекор, кој го отвара процесот на сите процедури за идно полноправно членство во Европската Унија е направен на 9 април 2001. Година. Зошто 10 години претходно, кога сите останати посткомунистички држави од регионот имаа јасна цел дека иднината е Брисел и кои активно го тераа тој процес, Македонија нема никакв значаен исчекор на тој план. Зошто Македонија не стана членка на НАТО во големото проширување во 2004? Ако сака некој реално да ги гледа работите лесно ќе види дека за македонското доцнење со евроатланските интеграции не е виновен Груевски и Иванов. Виновни се оние кои до 1997, а можеби и подоцна стратешките цели на државата ги одредуваа врз основа на политиката во Белград. А тоа беше политика која индиректно и одговараше на Грција. Сето тоа е лесно провлерливо.

Личноста која денесака предничи во форсирање на тезата дека власта не сака решение на спорот за името и која “по дефиница нели е експерт за ова прашање”, па дополнително ја комплицира состојбата со замајување на јавноста дека власта го изместила преговарачкиот процес, своевремено беше најголем заговарач на политиката дека “времето работи за нас”. Онака, нема што да бараме решение, времето работи за нас. Тоа беше, драги мои, ако сте заборавиле и своевремено државна политика на Владата на СДСМ. А, целта на таа политика не беше решавање на проблемите, туку нивно одолговлекување. Оставање во наследство на некој друг. Тоа е политика која во себе нема идеја, која нема надеж, која не знае што и како прави, освен што произведува стратешки порази на државно ниво.

Во една прилика, кога слушав еден поранешен Премиер како објаснува пред новинари, како тоа Груевски и Иванов немале политика и не знаеле што прават со името и дека државата ја водат во изолација, го прашав дали од денешна дистанца мисли дека таа политика – “времето работи за нас”, се покажа како исправна? Ми одговори дека “тогаш такво било времето” и дека ако не била “антиквизацијата”, ќе сме ги победеле Грците. Му одговорив дека само политички дилетант може да мисли дека преименувањето на хангарот( во тоа време старата зграда на аеродромот) во Александар Велики е причина што не добивме членство во НАТО.

ВЕТОТО Е ПОСЛЕДНИОТ ИНСТРУМЕНТ НА АТИНА

Времето никогаш не работело за Македонија. Времето секогаш, историски во сите периоди, било против Македонија. Така беше и во овој случај. Можеби е благ зборот политички дилетантизам за оние кои мислат дека ние без затворено прашање со Грција ќе влезевме во НАТО, ако не беше ова или она… Или дека без затворено прашање со Грција ќе влеземе во Европската Унија. Членството во НАТО за Македонија е суштинско. Прво заради обезбедување на стабилноста и надворешна и внатрешна, а второ заради рамноправноста со европските и светеките играчи. Се прашал ли некој, која е позицијата на Грција, со што тоа Грција ќе може подоцна да условува, да уценува, ако Македонија, влезеше во НАТО? Со ништо. Тука завршува се. Тука завршува и потребата од преговори. Како секаде на друго место и во НАТО под привремената референца, Македонија ќе беше рамноправен член. Од таа позиција, подоцна Грција не ќе можеше да го уценува ниту членството во ЕУ. Не барам до овој степен. И мислите дека тоа Грците не го знаат па ќе дозволеа влез во НАТО ако не беше “фамозната антиквизација”? Проблемот на македонската дипломатија е што Грците, пет години пред да се распадне Југославија знаеја дека Македонија ќе стане независна држава и затоа токму тогаш почнуваат да ја градат масовно “македонизацијата на Грција”. Да, Грците го знаеја она, што Црвенковски, Фрчковски, Глигоров, Малевски, Андов… не го знаеја, или пак не сакаа да го знаат ниту во моментов кога Македонија веќе беше со два чекори пред самостојноста.

Ветото, кое Грција го ужива како полноправна членка на НАТО и ЕУ, е последниот инструмент што Грција го има на располагање. И штета е за Македонија, што тоа не успеја да го видат политичките властодршци од 90-тите. Денешната македонска дипломатија нема многу маневар. Не, барем додека важните политички играчи во Европа и во Светот не одлучат да ја прекинат оваа заложничка дрма на Грција. Нема многу маневар, освен истрајноста и непопустливоста пред националните интереси. Колку и да звучи пататично и смешно, но држењето како слеп за стап до меѓунаронодто право е единствената исправна политика на Македонија, сега после се што го прокоцкаа претходнците кои ја водеа државата.

Не се потребни многу анализи и појаснувања за да се види осмислената политика на Грција за деидентификација на државата северно од себе со каква била поврзаност на терминт Македонија, македонски. Тоа е историски познато. Се гледа. Но, зошто на Атина и беше потребно тоа токму сега, кога Македонија стана независна држава, а не беше загрижена кога Македонија беше дел од Југословенската нација? Иако, некому ќе му звуичи како параночна теза на зговор, сепак длабоко, во сржта на овој проблем е потребата на Грција да има граница, физичка бариера, северно од Гевгелија. А, таа граница ќе ја има, само доколку Македонија остане надвор од евроатланските интеграции. Втората “сигурност”, јас би рекол државна политика, е ако не успее границата, да се постигне целта на себеобезличување на македонската нација или нејзино себеуништување. Грција не ја сака Македонија во Европската Унија. Затоа што таму нема да има граници. Нема да можат да го контролираат природното движење, слободното функционирање на населението, кое за нивна несреќа од двете страни на границата во најголем процент е исто, а тие знаат дека тоа, исто, не е Грчко. Туку идентитетски различно од нив, а исто со Македонците во државата, која ја држат во заложништво.

Има многу прашања околу овој спор со Грција, кој историјата еден ден ќе мора да ги разјасни. Јавноста ќе мора да ги дознае. Многу улоги на многумина ќе мора да бидат расветлени.

Заев сака, но не може да и даде на Бугарија

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет. Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас. Поважна и посериозна е разликата во нашите светогледи“, напиша вчера премиерот Заев и додаде: Јас работам на доближување на ставовите околу разликите, и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки. Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза. Доста беше омраза!

Не знам од каде да почнам.... Ајде од почетокот. Први Август 2017 година. Денот на потпишување на договорот и изјавата на Заев дека со овој договор Бугарија го „признала“ Македонскиот јазик. Ммммм...НЕ! Единствено место каде се спомнува македонскиот јазик е последниот пасос во кој се вели:
„Потпишан во два оригинални примероци, секој од нив на официјалните јазици на Договорните страни – македонски јазик, согласно Уставот на Република Македонија и бугарски јазик, согласно Уставот на Република Бугарија, при што и двата текста имаат еднаква важност. “
Значи, согласно уставот на Република Македонија, што значи дека јазикот целиот свој легитимитет го влече од уставот, кој е менлива категорија и постои едвај 30тина години. За разлика од уставот, македонскиот јазик е официјален јазик векови наназад. 
Токму догооворот за добрососедство и лагите што тогаш ги ширеше Заев, се јасен аргумент дека премиерот знаел што го очекува и дека и сега знае што следува. 

Следно, „Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет“. Јазик не се признава. Јазик  постои и се кодифицира(стандардизира). Тоа што оваа влада постојано повторува дека македонскиот јазик е признат во 1977 година во Атина е само уште лага, со која повторно им се дава оружје на бугарските тврдења дека станува збор за бугарски дијалект. Во 1977 година во Атина со резолуција е усвоена латиничната транскрипција на македонската кирилица. Толку! Не се работи за никакво признавање, затоа што такво нешто не постои! Како тоа некој да ви признае јазик? Кој е тој што го може тоа?

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет“, колку и гордо да звучи, нема никакво значење во спорот со Бугарија и Заев го знае тоа. Софија секојдневно повторува дека тие немаат проблем со тоа што ние денеска сме Македонци и зборуваме македонски јазик, туку со нашето минато. На Бугарија во моментов не и гајле дали сме ние Македонци, туку што тоа биле нашите предци. „Македонија и македонскиот народ се творба на Тито. Излажани Бугари, а македонскиот јазик е само дијакт на бугарскиот“. Тоа е ставот на Софија и во ништо не се оспорува со „гордата“ изјава на премиерот. 

„Етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас“. И со оваа реченица Бугарија нема никаков проблем. Како што реков и пред малку, Софија признава дека сега сме различни народи, со различен идентитет. Тие ја сакаат историјата. Тоа многу отворено го кажа нивниот министер, кога рече дека убаво што Заев прифаќа заедничка историја, само уште да признае дека е бугарска. 

„Јас работам на доближување на ставовите околу разликите“. За некој да работи на доближување на ставовите, прво треба да има став, а Заев го нема. Дури и кога личи дека го има, ЛАЖЕ! ЛАЖЕШЕ дека нема да се смени устав со цел да се смени уставното име! ЛАЖЕШЕ дека со „Преспанскиот договор“ е бетониран идентитетот, но ја изгубивме пола историја (историја +традиција +култура+јазик = идентитет). ЛАЖЕШЕ дека со договорот со Бугарија, Софија го „признала“ македонскиот јазик. ЛАЖЕШЕ дека не постои „Тиранска платформа“. ЛАЖЕШЕ дека сме добиле датум за прговори со ЕУ, барем 12 пати. ЛАЖЕШЕ дека има писмени гаранции за почеток на преговори со ЕУ. ЛАЖЕШЕ дека Бугарија во втората светска војна била само администратор во Македонија. ЛАЖЕ и сега! Заев нема став, затоа што тој не се обидува да го реши спорот со Бугарија за доброто на Македонија, туку за свое добро. Во ситуација кога земјава е задолжена над 60% од БДП (високозадолжена земја), по што му е јасно дека повеќе нема да може да се задолжува и многу скоро ќе остане без пари за плати и пензии, единствен спас му се европските фондови. Во ситуација кога Македонија е 7ма по смртност од Корона, а ситуацијата до прва ќе се влошува, Заев знае дека многу скоро (на пролет) ќе мора на избори. По сите порази, на сите полиња, Заев знае дека неговата политичка кариера завршува со тие избори. Но, не е тоа главниот проблем на премиерот. Она што него навистина го плаши е прогонот кој што му следува. При "All in“ има само две можни. Ги собираш сите чипови (успеси) од масата или губиш се, па дури и слободата. 

Заев во моментиве е давеник, налик Груевски пред неколку години. Разликаата е што Груевски бараше спас кај народот (кој го пљачкаше со години), а Заев очекува да му помогнат странци. Она што сеуште не го разбрал е дека, кога ќе ја изгуби довербата кај народот, странците нема да го есапат. Завршено е! Сега дури и да прифати дека до вчера сме биле Бугари, а јазикот ни е препишан од бугарски буквар од 1943 година, никако не може да му понуди гаранција на Борисов дека тој договор ќе биде почитуван од наша страна. При таков договор, диру ни почеток на преговори со ЕУ нема да му донесе победа на изборите, а тоа Софија го знае. Затоа, сега потписот на премиерот не вреди ништо во Бугарија. Од таму и изјавата на Каракачанов дека изјавите на Заев се празни зборови, му требаат дела. Делата Заев не може да ги понуди! Единствено што може да направи е дополнителна штета во односите со Бугарија со уше некој анекс договор, за кој нормално ќе ЛАЖЕ што подразбира. Ова не значи дека давеникот ќе престане да прета и да се бори за воздух и по цена на други жртви, но крајот е блиску, а СДСМ никако не може да го запре. 

По сите понижувања и неуспеси кои како народ ги доживеавме под оваа владејачка гарнитура, добрата вест е дека за неколку месеци ќе заминат во историјата (во онаа црната). Лошата вест, доколку драстично не се променат работите, е дека Мицковски ќе биде новиот премиер. Сегашниот лидер на ДПМНЕ кој не направи ама баш ништо, да го спречи Заев во своите антимакедонски политики, премиерската позиција ќе ја добие на тацна. Слично како што ја доби и претседателската функција во својата партија. ДПМНЕ под лидерство на Мицкоски не доби ниту едни избори, не оствари ниту една победа! Ако толку може како партиски лидер, колку (ич) ќе може како премиер?

Можеби малите партии (од кои се издвојува Левица) ќе можат да го искористат вакумот, но сеуште е рано да зборуваме за премиер кој не е челен на СДСМ или ДПМНЕ. 

Автор: Пацифист

(Фото) Му се слошило на работа, западнал во кома, а брзата помош го однела... ДОМА

На социјалните мрежи во Фејсбук групата "Стари Скопјани" се најде статус каде еден од членовите на истата група раскажа за случка која се случила во неговото семејство.

Имено, неговиот зет за време на работа му се слошило и се онесвестил. Неговите колеги повикале брза помош, но тие наместо веднаш да го хоспитализираат тие го транспортирале само до ДОМА.

"Состојба тогаш: не зборел, не бил при свест, не мрдал не бил контактибилен. Тој е на возраст од 40 години,а работи во близина на ГОБ "8ми Септември", ( па нели требало прво да го однесат на некакво снимање, преглед и сл, па така барем беше во наше време. Од како го донеле дома му ставиле инфузија и си заминале и ја повикале ќерками од работа. Сега мојот зет лежи во КОМА, не сум по таа струка за да знам што му е, но само лежи без никакви знаци. Денес дојдоа еднаш од брзата помош да му сменат инфузија и оставија некое кесе, па ќерками ми напиша на ливче што се треба да купам од аптека, изгледа ќе треба сами да го боцкаме. Понатаму ќе ве известам како ќе течат работите, но еве како се спремни оние од екипата на Филипче да помагаат на болните во време на пандемија."

"Мајко Македонијо" те ранија, те омаловажија, стана безимена

Ех, Македонијо мајко моја, Те ранија, те омаловажија, стана безимена. Станавме затворен логор. Потпишавме капитулација. Останавме затворена ковид држава. Секој ден гледаме луѓе без насмевка, луѓе со маски и тешки мисли “Како да издржиме и месецов?”. Во држава во која се шири вирусот со невидена брзина, каде секојдневно имаме над стотици заболени. Дури некои се спремаат за избори, народот се заразува.

ИЗБОРИ ЌЕ ИМА! Има ли пилот во авионот со име МАКЕДОНИЈА? Економијата ни тоне, здравството колабира, а сиромаштијата влегува во фаза на ЕПИДЕМИЈА.

Здравствените работници со последни сили се борат, десеткуваани, заразени и деградирани. Некои земаат картички, некои не но сите заедно и сложно се борат против невидливиот непријател. Без нивната храброст и пожртвувсност ќе бевме Вухан на Балканот. Со ваков галопирачки развој на вирусот, со ваква неспособна власт, ќе имаме долго, топло и пеколно лето и многу ладна есен и зима. Државата ќе банкротира со колабирано здравство, пандемија на сиромаштија и корона.

Ех.. МАКЕДОНИЈО.

М-р Боби Бојчевски

Популарно