Иванов: Со чист образ повторно ја барам вашата довербата

Пред пет години, од ова исто место, на чист понеделник, ви порачав дека со чист образ тргнувам да ја освојам довербата на граѓаните за избор на претседател на Република Македонија. Денес повторно, од ова исто место, повторно во понеделник, со чист образ повторно ја барам довербата, за да продолжам со иста посветеност, чесност и искреност да работам за Македонија.

ivanov-ohrid

Вака кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов го започна своето обраќање на централниот митинг кој вечерва се одржа во Охрид.

Иванов посочи дека како претседател на Република Македонија, имал одлична соработка со премиерот Груевски и со министрите, со пратениците и со одговорните луѓе на бројни државни институции. Но, сеуште има проекти кои треба да се реализираат и токму тоа го исполнува и мотивира да продолжи понатаму.

-Денес, кога се наоѓам меѓу два мандата, јас не земам здив, туку земам залет! Знаеме каде одиме, знаеме што сакаме. Ве повикувам сите вас, сите граѓани, стопанственици, претставници на цивилното општество, културата, науката, спортот, со заедничка енергија побргу да ги оствариме програмските цели што го обединуваат целото македонско општество: Европа во Македонија и Македонија во Европа, држава и економија кои создаваат нови работни места, Македонија дом во кој се гради благосостојба за сите, нагласи Иванов.

Тој истакна дека силата на Македонија е во нејзината отвореност и поврзаност и дека Македонија од првиот ден на неговиот мандат, во надворешната политика го промовира принципот на отвореност кон сите и води автентична македонска политика којашто дава резултати.

Ги негуваме старите и создаваме нови пријателства и партнерства. Македонија е земја-кандидат за членство во Европската унија и НАТО, и е подготвена за економска соработка со новите растечки економии во светот.Како претседател ќе продолжам со напорите за интегрирање на Република Македонија во Европската унија и НАТО.За нашата подготвеност зборуваат и петте позитивни извештаи и петте препораки на Европската комисија за почеток на преговорите за членство на Македонија во Унијата! Го бараме она што сме го заслужиле. Ни повеќе, ни помалку од тоа! Како за другите, така и за нас.Македонија е одговорна држава, која сериозно ги сфаќа своите обврски на евроинтеграцискиот пат. Способни сме и решени сме додека се движиме кон членството во Европската унија сами да ја создаваме Европската унија во Македонија, посочи Иванов.

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека веќе 23 години се соочуваме со притисоци, уцени и блокади од нашиот јужен сосед, кој од нас бара да престанеме да бидеме тоа што сме.

-Веќе 23 години од нас се бара да се откажеме од тоа што сме биле, што сме и што мора да бидеме. Од нас се бара да се откажеме од сопствениот идентитет. Човек може да се откаже само од она што му е дадено и стекнато. Идентитетот не ни е даден ниту е стекнат. Идентитетот го имаме. И покрај сите притисоци, блокади и уцени, и покрај сите невистини, издржавме. И ќе издржиме. Работите се менуваат и ќе продолжат да се менуваат. Полека, но сигурно, невистината се повлекува пред вистината, како што темнината се повлекува пред светлината.Јужниот сосед останува сè поосамен пред вистината! Нема ниту една држава, ниту една влада и ниту една сила која може да им го оспори правото на Македонците да бидат Македонци, потенцираше Иванов кој додаде дека Македонија не бега од дијалог и сака да соработува и покрај разликите.

Тој нагласи дека македонските граѓани сами одлучуваат за своите клучни национални прашања.

-Никој, освен македонските граѓани, нема право да одлучува за името на нашата татковина Македонија. Никој освен македонските граѓани нема право да одлучува за иднината на Македонија. За секое решение ќе се изјаснат македонските граѓани на референдум. Само доколку мнозинството од граѓаните, кои ќе излезат на евентуален референдум, се согласни со предложеното решение. Ниту еден поединец, ниту група граѓани или политичари, партија, влада или собрание, не може да оди против волјата на народот, дециден беше Иванов.

Иванов нагласи дека и во иднина како врховен командат ќе се грижи за Армијата на Република Македонија чии припадници се одликуваат со посветеност и професионализам, со патриотизам и со лојалност, а ќе работи и на подобрување на македонската економија, привлекувањето на инвеститори, отворање на нови работни места и инвестициите во образованието.

Извор: Курир

(Фото) Ивана Наскова во новиот поткаст ги третираше машко – женските односи, а доби само женски навреди

Ивана Наскова на македонската јавност досега и беше позната како радио и ТВ водителка, стендап забавувач и писателка, а отсега и по новиот проект. Овој пат заедно со „Кеш фолкерката“ како ко-водителка, Ивана и Адријана “без влакна на јазикот“ „Искрено“ ги анализираат машко-женските односи во своите женски дијалог муабети, разменувајќи туѓи, а Бога ми и лични искуства на оваа тема.

За љубов, секс, размена на нежности, емоции, страсти и флуиди, за јајцеклетки и сперматозоиди, за непристојни предлози и пристојни понуди…  И за уште илјадници нешта и ситуации кои ги оптоваруваат или воодушевуваат мажите и жените, момите и ергените, мажените и женетите… сите!

Арно ама, колку и да сакале, колку и да се труделе да бидат и забавни и информативни и едукативни, секогаш има некој на кој „не му фаќаш око“, па те третира како нему лично „да си му брцнал“ во истото тоа око, иако ниту ти го познаваш, ниту тој те знае.

Едноставно такво ни е поднебјето, па со туѓото мислење може дури и да се согласуваш, ама па затоа ти пречи туѓиот изглед!  А такви секогаш има, само што овој пат тој не е ТОЈ, туку е ТАА! Или ТИЕ.. Жени… На кои не и им се допаднало како изгледа една од водителките на новиот поткаст, поточно Ивана Наскова, па на социјалната мрежа  Х (бивш Твитер), „сочно“  ја извреѓаа… дека била дебела!?

Така што Ивана Наскова во новиот поткаст ги третираше машко – женските односи, а доби само грст женски навреди… „Искрено“ кажано или „пет пари не вреди“, ама споделеното очигледно искрено ја повреди!

Па затоа водителката реши „хејтер(к)ите“  за сметка на нејзиниот изглед и килажа, да ги направи „познати и славни“ со јавна бламажа. Патем, нивното кажано го дополни и со свое мислење, колку за… „утешение грешним“! Дали и таа како искусна женска „медиумска ѕверка“ им возврати во споделеното со иста мерка на „раздрдорените господа и дами“ – проценете сами?!

Планетата Уран не е таква како што ја замислувавме досега

Шокантно откритие внатре во планетата Уран.

Научниците открија дека сината планета во Сончевиот систем е многу погасовита од тоа што досега се верувало.

Додека претходните истражувања укажувале на состав првенствено од хелиум и водород со примеси на метан, неодамнешното истражување покажало дека Уран содржи значајна количина на метан во единствен облик.

Според научниците со Израелскиот институт за технологија и калифорнискиот Универзитет Санта Круз, метанот во Уран не е во својот вообичаена гасна состојба, туку е замрзнат и е сконцентриран во јадрото на планетата. Спротивно од претходните претпоставки дека Уран бил составен исклучиво од мраз, приближно 10 проценти од неговиот состав содржи метан.

Истражувањето, кое допрва треба да биде подложено на научни рецензии, ја доведува во прашање класификацијата на Уран „леден џин“ и сугерира дека изобилството од метан би можело да игра клучна улога во формирањето на таа планета. И покрај неговото значење, многу работи на Уран остануваат мистерија поради неговата оддалеченост од Земјата, која варира меѓу 3,2 до 4,64 милијарди километри, со оглед на движењето на планетите во Сончевиот систем.

Со оглед на тоа дека „Voyager 2“ го посетил дури во 1980-та, научниците претходно верувале дека Уран е целосно замрзнат. За да добијат подлабок увид, научниците сега развиле бројни модели од внатрешноста на Уран, откривајќи тие со поголемо ниво на метан, хелиум и водород поточно претставуваат масата и радиусот на планетата.

Во иднина планираат да разоткријат зошто Уран го задржува ледениот состав и покрај значајните резерви на гас. Тие откритија не само што ќе го подобрат нашето разбирање за Уран, туку исто така нудат и увид во соседните џинови како Нептун.

Бил Гејтс е загрижен дека ќе ја изгуби работата

Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“, неодамна изрази загриженост дека вештачката интелигенција може да ja преземе неговата работа и покрај тоа што е еден од нејзините најголеми поборници.

Во една епизода од неговиот поткаст Unconfuse Me with Bill Gates тој разговараше со извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, каде што ги сподели своите ставови за брзината на напредокот на технологиите за вештачка интелигенција за кои вели дека го изненадиле со нивната ефикасност.

За време на разговорот тие допреа до теми, како што се GPT-5, суперинтелигенција и видеоспособности, кои доаѓаат на ChatGPT.

Гејтс призна дека е скептичен кон вештачката интелигенција и дека не очекува чет-ботови, како ChatGPT, да бидат толку способни да извршуваат сложени задачи.

Еден од најважните моменти на поткастот беше кога Гејтс го изрази својот страв дека вештачката интелигенција може да ги замени луѓето на многу работни места.

Популарно