Изјавите на Шилегов и Димовски за Егејците го „погодија“ Трифун Костовски, тој им пиша писмо

Трифун Костовски, екс градоначалникот на Скопје и актуелен претседател на Здружението за општествено економски просперитет Човекот пред сѐ, се најде погоден од препукувањата на пратениците Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и Петре Шилегов од СДСМ за историјата на егејските бегалци, алудирајќи на една негова несреќна изјава во дебатната емисија Клик Плус каде сакаше да алудира на еден политичар со егејско потекло, а не на целиот народ. По жестоката расправа во Собранието каде тој беше споменат, еве го неговиот одговор напишан до две отворени писма.

Господине Димовски,

Ние сме сограѓани, вие по место на раѓање и живеење, а јас како почесен. Многу добро ви се познати критериумите за да се добие таквиот статус на почесен граѓанин во еден град. За прв и последен пат ви укажувам, јас сум Македонец и за мене, кој било Македонец, на која било точка на земјината топка, е мој Македонец. Не импутирајте нешто кое не постои во моето дејствување и карактер и не ја негирајте љубовта кон мојот народ. Потекнувате од градот на врвни македонски дејци, а со вашето однесување, му го сквернавите името, запишано со големи букви, ВЕЛЕС. Лично не ве познавам, ниту пак имам желба да ве запознаам. За вас, кои се сметате за високи интелектуалци, местото не ви е во пратеничка, туку во магарешка клупа.

Трифун Костовски, Човекот пред сѐ

Господине Шилегов,

Поседувате статус од највисок ранг во Република Македонија. А дали го заслужувате? Што воопшто знаете за Трифун Костовски? Многу малку или поточно кажано ништо! Бев градоначалник на град Скопје, не бев ничиј кандидат. Самостоен, како што впрочем бев и носител на листата во 2-ка на историските за СДСМ парламентарни избори во 2002 година. Запомнете, САМОСТОЕН! Не сум изгубил ниту еден изборен циклус, напротив, партиите кои ме поддржуваа, од мене профитираа. А впрочем, знаете ли нешто за мојот придонес во градот? Ништо! Површноста ве убива. Никогаш повеќе не си дозволувајте да го ставате моето име во пресметките со вашите политички противници. Ако не знаете кој сум, тогаш погледнете ја мојата биографија, погледнете што е сработено за време на мојот мандат, како градоначалник и каков бил односот кон финансиските средства на граѓаните. Има многу што да научите како се води главниот град. Не очекувам извинување, зашто тоа е доблест.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно