Жан (51) турист од Франција ја запознал Вера далечната 1982 година, кога имал 17 години и заминал на летување на островот Зларин. Откако се разделиле и изгбиле контакт 34 години се обидувал да ја пронајде. Без оглед што во меѓувреме се оженил и основал семејство. Во целата акција на пронаоѓањето на Вера се вклучила и Туристичката заедница на Зларин.
„Еве една несекојдневна молба. Еден господин од Франција веќе долга низа години бара една личност која ја запознал во летото 1982 година на Зларин. Поради јазикот, оддалеченоста и историските случувања никогаш не успеал да ја пронајде. Можеби ние можеме да му помогнеме? Што мислите – дали ја познавате?“, напишале на својата страна на Фејсбук и ги ставиле старите фотографии, а веднаш потоа луѓето тргнаа во акција.
Потрага не траела долго бидејќи само неколку часови подоцна на страницата се појавил следниот статус:
„И така нашата „Љубовна потрага“ се заврши успешно! Господинот Жан Филип на сите кои учествуваа им се заблагодари на помошта. Сега ќе им дадеме малку одмор и тишина за да го надоместат изгубеното време, а можеби ќе ни се јават со некои занимливости (кога самите ќе посакаат)“, напишаа на страницата.