Ја убил Сања па повторувал Боже што направив

Вујадин Обрадовиќ, 58-годишниот маж од Србија ја усмртил својата прва соседка, 50-годишната Сања Бакиќ, и тешко го рани нејзиниот три години постар сопруг Бранислав, бидејќи му сметала прегласната музика која ја пуштиле за својата куќна свала Пресвета Богородица.

326843

Синот на убиената жена објаснува што се случило за екипата на српскиот Курир.

- Нешто пред три часот по полноќ им се јави на моите родители и им рече да излезат пред куќа. Тие излегоа, а тој дојде и им кажа дека му пречи гласната музика. Имаше 15 луѓе на славата, меѓу нив и три мали дечиња кои спиеја горе во соба, вели синот.

По кратко, неговиот татко влетал дома и рекол дека соседот го удрил, а синот истрчал надвор. Мислел дека се работи за тепачка, но видел дека има пиштол во рака кој го вперил во него.

- Откако ја видов мајка ми како лежи рипнав на него да му го земам пиштолот. Додека го носеа во полиција повторуваше: Боже не знам што направив!, вели тој.

Велат дека бил мирен и повлечен, немал деца, не правел проблеми, со сите во селото живеел добро. Никогаш не се скарал со семејството на кое му приреди хорор.

Тој е приведен, а полицијата  работи на случајот.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно