Ја зема ли студот првата жртва во Македонија?

Објавено на 08 јануари 2017, 18:43

СПОДЕЛИ:


Бездомник на возраст од 68 години е пронајден починат во скопската населба Аеродром на улицата „Коста Новаковиќ. Информацијата за ТВ НОВА ја потврдија од МВР.

Според информациите смртта на бездомникот ја пријавил негов другар, исто така бездомник, кај чуварот позади старите магацини на АРМ во чуварницата спроти поликлиниката Јане Сандански утрово околу 9.30 часот.

Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на судска медицина за обдукција. Се претпоставува дека бездомникот починал од студ, но точната причина за смртта треба да ја покаже обдукцијата.

СПОДЕЛИ: