Јас го измислив Ајфон- Епл ми должи илјадници долари!

Првата генерација ајФон е најавена во 2007 година, но Томас Рос од Флорида тврди дека го измислил 15 години пред тоа. Тој одлучи да го тужи Епл, затоа што го украле неговиот изум. Рос тврди дека меѓу 23 мај 1992 година и 10 септември 1992 година дизајнирал три цртежи на овој технички апарат. Меѓу нив се рамни правоаголни плочи со заоблени агли кои ја отелотворуваат фузијата дизајнот и функцијата на начин на кој никогаш не постоел пред 1992 година.

sms-iphone-600x337

Рос аплицирал за заштита на патентот во ноември 1992 година, но апликацијата е одбиена во 1995 година, затоа што не ги платил бараните такси. Сега бара десет милијарди долари и 1,5 отсто од продажбата на уредите на Епл. На неговите уреди корисниците можеле да читаат приказни, новели, новински написи од весниците, да гледаат фотографии, видео презентации и филмови на рамен екран кој функционира на допир со позадиско осветлување.

На него можел да се спои телефон и модем и податоците можеле да се вметнат и експортираат. ајФон реализиран е дури во 2007 година, но развојот на Apple Newton почна во 1987 година и во продажба беше во 1993 година. Newton беше прв персонален дигитален асистент. Оваа инфомрација ги доведува во прашање тврдењата на Рос. Портпаролот на Епл одби да го коментира овој случај.

 

Ќе се бришат милиони сметки на Gmail

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа.

Google уште во мај објави дека ќе започне со бришење на сметките кои се неактивни две или повеќе години.

Пред ова, компанијата би ја бришела само содржината зачувана на сметката, а не самата сметка. Промената би требало да ја зајакне безбедноста, бидејќи неискористените сметки се подложни на компромитирање.

Google соопшти дека бришењето ќе започне во декември 2023 година, што е само еден месец од сега.

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа. Технолошкиот гигант го започнува процесот во фази, почнувајќи со сметки кои се креирани и никогаш повеќе не се користат.

Одлуката за бришење се однесува само на личните сметки, но не ги вклучува сметките од организации како што се училишта и бизниси. 

Ватсап наредниве недели овозможува два профила на еден телефон

За луѓето кои имаат приватен и деловен профил на „Ватсап“ или пак два профила од иста природа, наскоро нема да им требаат два мобилни телефона.

Апликацијата ќе им овозможи на своите корисници да имаат два профила на еден уред. Но, условот е корисникот да има два телефонски броја или мобилниот телефон да поддржува е-СИМ или двојна т.е. повеќенаменска СИМ-картичка.

Од „Ватсап“ велат дека сега веќе нема да треба да се одјавите од еден профил за да влезете во друг, туку ќе биде овозможен истовремен пристап до двата профила. За тоа се бира опцијата „Сетингс“ во апликацијата, се кликнува на стрелката до името и се бира „Додај профил“.

Секој профил има посебни поставки за приватност, па може да се избере примање известувања само од една сметка. Ова е полезно доколку корисникот е на одмор и не сака да добива пораки од работа.

Годинава претходно на корисниците им беше дадена можност да пристапат до еден профил од повеќе уреди. Новото ажурирање ќе пристигне на уредите со „Андроид“ наредниве недели.

Икс воведува опции кои корисниците долго време ги посакуваа

Социјалната мрежа Икс почна да ја воведува услугата за аудио и видеоповици. Опциите може да се најдат во делот „Поставки“ за „Директни пораки“, а новите функции може и да се исклучат.

Оваа новина во август ја најави извршната директорка Линда Јакарино, истакнувајќи дека ова е само чекор во еволуцијата на платфрмата кон тоа да стане „апликација за секого“, исто како што напомна и сопственикот Илон Маск.

Корисниците ќе имаат можност да изберат опција за одобрување повици само од одредени корисници, по избор.   

Популарно