Јас не би и дала денар на бабата која доби патики

Многумина ќе ме осудите за овој текст и мојата изјава, но морам да го кажам она што го знам. Сите ги трогна приказната за жената која изнемоштено седеше во автобус и доби патики од случаен минувач, кој со својата хуманост и емпатија го разнежни целиот Балкан. Сепак, ви тврдам, приказната не е таква каква што мислите дека е.

1256571ffytj56u65u5

Ова го изјавува жена од Србија која додава дека никогаш не би и дала ништо на жената и тоа од една причина, бидејќи според неа била измамничка.

- Секоја минута ја користам за да заработам, со години работам, се трудам, и сега ќе прашате, па добро што има тоа врска со патиките и добрината, но еве што е тајната. Работев на една презентација кај еден киоск, беше нула степении под нулата, а јас морав да се смешкам во тоалета. Тоа го правам за 1.500 динари. Потоа од автобус излегува жената, искривена, расплакана и изнемоштена. Вади куп пари, повеќе од она што јас со труд на минус десет го заработив тој ден. Купува пиво и цигари и продолжува. Крева глава, влегува во друг автобус и повторно изнемоштена проси, вели жената.

Ја видов со завои на рацете, па слика со болно дете, па сега шета без тоа и проси, таа е измамничка, вели жената, пренесуваат српските портали.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно