Кајмакоски ќе ги брани боите на Македонија

Даниел Кајмакоски, нашата музичка ѕвезда официјално беше претставен како промотор на настапите на А репрезентацијата на Македонија. Посакувајќи му добредојде во фудбалското семејство, претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски истакна дека вербата во себе, упорноста и истрајноста се карактеристиките кои не поврзуваат и ќе бидат заедничко мото во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство.

PET_3093

-Не радува соработката со Даниел Кајмакоски како заштитно лице на ФФМ и репрезентацијата во квалификацискиот циклус. Даниел е млад човек со интересна животна приказна. И покрај сите тешкотии и препреки веруваше и верува во себе и своите квалитети и никогаш не се откажува од својот сон. Тежок е патот до успехот, за да се стигне до него потребна е многу напорна работа, но пред се верба во себе, упорност и истрајност пред сите препреки. Токму овие карактеристики не поврзуваат со Даниел и ќе бидат заедничко мото, водилка на патот кон успехот, изјави претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Даниел Кајмакоски го потенцираше задоволството од потпишаната соработка со ФФМ.

-Во следниов квалификациски циклус ќе ја имам таа чест да соработувам со ФФМ и се радувам на тоа како мало дете, што имам мој дрес со број и име. Се запознав со играчите во Шпанија и ме одушеви тоа што добро ме прифатија како пријател. Едно е јасно, дека без поддршка од нашите луѓе немаше да го постигнам успехот кој го имам. Фудбалот е спорт со кој јас израснав, и до ден денеска го сакам со не помала страст. Како и за многу други работи во животот, упорноста, напорната работа се повеќе од неопходни за успех. Јас до мојот успех стигнав со поддршка од целокупната нација. И на овие фудбалери им треба безрезервна поддршка за да дојдеме до посакуваните успеси на европската сцена – рече Кајмакоски.

Даниел Кајмакоски ќе има музички настап на Националната арена „Филип Втори“ еден час пред почетокот на натпреварот Македонија – Луксембург на 9. октомври.

Фудбалската федерација на Македонија ќе овозможи бесплатен влез за ученици од прво до осмо одделение, за деца без родители, и од социјално ранливи категории за натпреварот Македонија-Луксембург кој ќе се одигра на 9. октомври, со почеток во 20:45 часот. Децата можат да дојдат на натпревар заедно со родител, а потребно е само истиот ден, по можност порано во текот на денот, да покажат ученичка книшка на билетарата на арената „Филип Втори“ и да го подигнат бесплатно својот билет.

PET_3153
PET_3228
PET_3232

Испратено од Бојана

Ова се датумите за овогодинешниот ПивоФест

Новото издание на фестивалот на пивото и скарата во Прилеп ќе се одржи од 13-ти до 16-ти јули.
 

 

Ова ќе биде јубилејно 15-то издание на Пивофест кој стана заштитен знак на градот и кој секоја година привлекува се поголем и поголем број на посетители од цела Македонија.

Се очекува во наредните денови да бидат објавени пиварниците што ќе учествуваат на фестивалот како и целокупната музичка програма за време на фестивалските денови.

ФОТО: 8 куршуми му го прекинаа патот до дома

Ноќеска околу 2 часот по полноќ во прилепското село Канатларци 24-годишниот Е.И. жител на селото бил застрелан со 8 куршуми, неофицијално дознава Маркукуле.
Според информациите лицето седело пред продавница во селото, при што на враќање кон дома бил зачекан на улица и изрешетен.
Информациите говорат дека лицето им подлегнало на повредите.

Прв до врв и Empire State Building Fitness Centar ве носат на Водно - Матка

Прв до врв заедно со Empire State Building Fitness Centar ве носат на Водно - Матка.

Следниот викенд планирајте го за освојување на Водно, но и продолжена тура до Матка. Турата е рекреативна и е наменета за планинари и велосипедисти.

Патеките за движење на групите планинари и велосипедисти како и останатите детали за турата ќе бидат објавени дополнително.

Турата ја организираат Прв до врв и Empire State Building Fitness Centar.

За повеќе информации одете на линкот тука.

Популарно