Како Албанските нарко-картели ги надминаа Колумбиските и како работат во Македонија!

albanska_mafija-730x480

Околу 75% од светскиот пазар на наркотици се наоѓа во рацете на албанската мафија. Проценката е дека албанските дилери месечно шверцуваат четири до шест тони хероин, чија вредност на годишно ниво изнесува две милијарди долари.

Само ден откако албанскиот претседател Бујар Нишани најави дека поради драматичниот пораст на илегални активности врзани за производството на мариухана ќе мора да го повика Советот за национална безбедност, албанските специјалци во рација во околината на местото Решн во Албанија запенија три тони дрога и уапсија 15 лица. На таа акција претходеа серија апсења, а полицијата на неколку места запленила повеќе тони марихуана спремна за „извоз“ во Западна Европа.

Албанскиот канал „Њуз 24“ објави дека истражувајќи го нелегалното производство на дрога во Албанија, дека во таа држава постојат два тајни аеродроми, преку кои марихуаната се превезува до Италија. Инаку, еден од пилотите на „Пајпер“ авионите со кои се превезува дрогата, минатиот месец е уапсен во Албанија. Италијанските медиуми последните месеци Албанија ја нарекуваат „Канабистан“, поради фактот дека канабисот се одгледува на стотици хектари, и дека полицијата суштински е немоќна тоа да го сузбие.

lambo_alb

Хиерархијата е неприкосновена во Албанските нарко-картели кои се најпознати во светот, а проценките на светските експерти, кои се занимаваат со наркотици, укажуваат на фактот дека дури 75 активности поврзани за таа материја водат токму кон Албанци. Инаку, малку е познати дека еден од најпознатите ликвидатори на „Коза ностра“ и човекот заслужен за разбивањето на италијанските „фамилии“ Сами Гравано – Бик, по потекло бил Албанец. Денешните „владетели“ на нарко картелите во САД го сметаат него за основоположник на албанската мафија таму. Албанската нарко-мафија е толку силна што од првото место ги потисна Колумбијците, кои до пред четири години беа неприкосновени во светот по илегална тргоија со дрога. Притоа, албанската нарко-мафија не е организирана пирамидално, односно, нема еден главен, што не е случај со останатите мафии, бидејќи се поделени во кланови (фисови), кои меѓусебно соработуваат. Посебен јазик, правила и изразена семејна традиција, како и почуитување на хиерархијата, се она на што се темел силата на албанската мафија, заклучено е на еден од извештаите на Стејт департментот, кој работи на оваа материја. Стејт департментот, потсетуаме, пред неколку години Албанија ја означи како земја – база на светскиот криминал.

„Албанија е транзитна држава за шверц на дрога, оружје, нелегални мигранти и фалсификувана роба“, пишува во извештајот на американскиот Стејт Департмент за Стратегијата за контрола на меѓународната тргоија со дрога.

Албанската мафија одамна не делува само на југот на Србија, во Косово, Црна Гора, Грција, Турција, Македонија, туку незијното влијание се раширува и тоа во земјите од Средна Европа, а достигнува до Источниот брег на САД и Канада.

Во извештаите на српската полиција одамна се наоѓаат сведоштва за организирани криминални групи на Косово, кои говорат за трговија со наркотици како семеен бизнис. Строга дисциплина внатре во семејството, лојалност, но и систем за казнување доколку се воочи секое отстапување од интерно поставени планови, ги држат клановите збиени. Оперативните податоци на светските организации засега познаваат четири најсилни мафијашки кланови од Албанија, со кои раководат семејствата Кула, Абази, Борици и Брокај. Под нивна команда се наоѓаат речиси 20 косовски „фамилии“, кои заедно го контролираат не само пазарот на наркотици, туку и шверцот на дрога, оружје, цигари, крадени автомобили, проституција, рекетирање, перење пари, уцени…Сепак, името од кое сите се плашат и кое се смета за еден од најопасните мафијашки кланови во Албанија е семејството Кула. Тие ја контролираат трговијата со дрога од Турција.

Фамилијата Абази, освен дрога, шверцуа и оружје, а нивните работи главно се свртени кон Италија. Кланот Борици за семеен бизнис ја избрале проституцијата и тоа им е главен „пат“ за растурање на дрогата. Групата Брокај е специфична, бидејќи неа главно ја сочинуваат бивши припадници на албанската тајна служба, чии главен примат им се врските во светот, пред се во безбедносните служби, царината па и во политичките кругови од држави во светот.

Проценката е дека албанските дилери месечно шверцуваат четири до шест тони хероин, чија вредност на годишно ниво е две милијарди долари.

Во Косово работите се поделени по региони. Тие правила строго се почитуваат, а најпознати кланови се Кељеменди, Лука и Селими. Најпрометен е делот во регионт на Пеќ, па така сите „работи“ се концетрирани главно во тој дел на Косово. Тука, освен споменатите „братски“ соработуваат уште фемилии, меѓу кои и кланот Ељшани и Халити. Сите нивни работи се главно усмерени кон Црна Гора. Семејството Китај ја контрилира областа помеѓу Клин и Исток. Се врзуваат за шверц со крадени возила и продажба на оружје. Најозогласен клан е кланот Сума, кој делува на подрачјето на Качаник. Се занимаваат со рекетирање и уцени, шверц со оружје и дрога од Македонија на Косово и понатаму. Освен тие, на Косово оперираат и помалку познати кланови како Суља, Агуши, Геци и Бабаљија, задолжени за Приштина, Митровица и Ѓаковица. Треба да се каже дека територијата на Косово, кога се зборува за организиран криминал е поделена на три интересни зони: Дреница, Дукачини и Лаб. Областа Дреница низ Призрен, Клин и Исток ја поврзуваат Црна Гора со Македонија, а ја контролира дреничката група која профитира со трговија со оружје, украдени автомобили, луѓе, цигари и гориво. Таа група е поврзана со браќа од Албанија, црногорска, македонска, бугарска и чешката мафија. На територијата на општина Пеќ, Дачани и Ѓаковица, во областа Дукачин, делува Метохијската група усмерена на илегална трговија со оружје, дрога, акцизна роба, крадени автомобили и на ректирање. Криумчарената роба се дистрибуира во Македонија, на југот на Србија, во Рашката област и во Црна гора, користејќи ги правците Пеќ-Кула-Рожаје. Метохиската група ги контролира и подрачјето Лаба, преку кое се криумчари дрога. Дури и некои од припадниците на семејството да биде уапсен, кланот не се распаѓа, бидејќи е организиран во повеќе нивоа. Сепак, сите патишта и работи се завршуваат на северот на Албанија. Од дрога до трговија со луѓе.

Албанскиот нарко-картел Камила е еден од петте најсилни групи во светот. Освен дрога, главната дејност на оваа група е трговија со луѓе. Во една од порано објавените истражувања на меѓународните организации „Транспаренси интернешнл“, како и центрите за тргоија со луѓе во Албанија, означени се рутите Влора, Тирана, Фиер и Скадар, погранични места кон Црна Гора, Македонија и Гција. Нивната проценка е дека албанската мафија само во 1999 година префрлила најмалку 70.000 лица во Европа и заработила 50 милиони долари. Албанската мафијашка нарко-мрежа е раширена во Италија, Швајцарија, Австрија, Германија како и во скандинавските земји. Да кажеме и дека Албанците во Италија за кратко време ги потиснаа и турските трговци со дрога и постанаа партнери на сицилијанската, наполската и калабриската мафија. Криминалната активност во Швајцарија Албанците според податоците на тамошните безбедносни служби, ја искористиле за нелегално набавување на „калашњикови“ и „узи“, финансирање на ОВК итн. Седиштето на црната берза на оружје, инаку било во Берн и Базел.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно