Како да го одберете вистинскиот вибратор за вас?

Секој од нас троши многу време кога купува електричен апарат. Дали се работи за фен, радио, телефон, фрижидер...сите ние најпрво добро ќе разгледаме за подоцна да се одлучиме за еден од прдметите кои ни се понудени. Истот се однесува и на вибраторот, но разликата е во искуството.Затоа доколку прв пат купувате вибратор, ова мора да знаете:

11

Мислете на обликот и чувството по кое копнеете

Кога мислите на вибратор, веројатно првото нешто кое ви паѓа на памет е голем пенис направен од пластика. Иако ваквите вибратори се класична опција (и многу жени ужуваат со нив), тие можат да ви изгледаат малку застрашувачки ако никогаш порано не сте користеле вибратор.

Па како да знаете каков облик да барате? Прво размислете што најчесто ви причинува задоволство, дали повеќе се фокусирате на клиторисот или на Г-точката (или на двете)? Дали ужувате во интензивни и локализирани стимулации, или повеќе сакате суптилни допири околу вулвата? Дали кога се самозадоволувате секогаш имате иста рутина или пак ви треба нешто кое ќе може да се задоволи на повеќе начини?

Постојат четири основни видови на вибратори. Некои се подобри за надвор, некои за внатре. Вибраторите за Г-точката имаат мало закривување на врвот, а оние за двојно задоволство имаат внатрешни и надворешни компоненти.

Што ако не знаете баш дали сакате надворешни или внатрешни стимулации? Во тој случај одберете вибратор за внатрешни, тие генерално се препорачуваат за „почетници“ дури и ако не планирате да ги користите внатрешно. Ваквите внатрешни масажери можат да бидат исто толку ефективни и кога се користат надворешно, па вака убивате две муви со еден удар и ќе имате играчка која можете да ја користите на повеќе начини. Внимавајте и да одберете играчка со обем со кој ќе се чувствувате удобно.

Посетете вистинска продавница

Кога веќе сте решени да купите вибратор, најдобро е да посетите вистинска продавница. Од онлајн продавниците можете многу да научите за понудата, но во продавница можете да ги видите одблизу, да ги земете во раце и да видите како се чувствувате во врска со играчката. Постојат толку многу опции. Купувањето вибратор може да биде забавно шопинг искуство. Ќе имате можност да одите во нов и интересен бутик, и да откриете многу нови начини за секси задоволства. И нема ништо срамно во тоа да излезете од продавницата со дискретно кесиче полно со мали спакувани задоволства за вас.

Проверете од каков материјал е направена играчката

Исто како што пред да купите парче облека ја проверувате етикетата, важно е и да видите од што е направена секс играчката пред да ја купите. Силиконот е најпопуларен избор, а многу од попознатите компании користат медицински силикон. Силиконот пренесува вибрации, не е порозен и лесно се чисти со сапун и вода, што го прави здрав и безбеден за вашето тело. Тврдата пластика исто така лесно се чисти. Избегнувајте желе гума, таа содржи фталати, за кои во последно време се повеќе истражувања покажуваат дека влијаат штетно како на човекот, така и на околината.

Бидете сигурни дека ви се допаѓа тоа што го гледате

Без разлика на тоа колку е моќен вибраторот ќе направите огромна грешка ако купите нешто кое изгледа страшно, нападно и естетски вознемирувачки. Естетиката на вибраторот е речиси исто толку важна колку и што тој прави, бидејќи пред се го користите за да ве возбуди. Затоа прескокнете го тој розов вибратор, освен ако навистина не ви се допаѓа како изгледа.

Одберете некој кој ќе ја заскокотка секси страната на вашата имагинација. Желбата и естетиката се длабоко лични и заплеткани, затоа одберете вибратор кој „ви зборува“. Ако пак ве прави нервозни помислата дека таа играчка ќе стои на вашето шкавче и некој ќе ја види, купете нешто подискретно. Можете да одберете некој масажер за клиторис, мал вибратор за Г-точка или нешто слично со дискретен облик. Некои се толку симпатични што дури и ако стојат на највидливата полица во вашата дневна соба другите ќе мислат дека се детал во интериерот, а не вибратор.

Проверете како звучи

Ако живеете на место каде ѕидовите се тенки, ќе ви биде од корист ако најдете вибратор кој не звучи како да бушите со бормашина. Понекогаш буката што ја прават оди пропорционално со интензитетот на вибрациите, но подобрите производители вообичаено немаат ваков проблем.

Повеќето жени преферираат тивок вибратор, па можете да дадете некој денар повеќе за да бидете сигурни дека купувате тивок производ и од добар материјал. Ако се сомневате дека тивкиот вибратор нема да има толку голем интензитет можете да го тестирате на вашата рака или на врвот на вашиот нос (кој е почувствителен) за да видите какво е чувството.

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно