Како да откриете неквалитетен мед: Користете го овој едноставен трик со кибрит!

Најдоброто што природата може да го направи и истовремено е најздраво е мед. Тој има многу здравствени предности и се користи за различни цели.

Медот е одличен за косата и кожата, како и за здравјето воопшто.Тој има магичен вкус и е популарен и кај возрасните и децата.

Меѓутоа, поради високите цени на пазарот се наоѓа и мед кој не е органски, со хемикалии во него. Докажано е дека 76% од медот на пазарот е полн со хемикалии.

Таквиот мед често може да го најдете и во супермаркетите, па зато би требало да знаете како да го препознаете.

– Доколку медот не „кристализира“ со тек на времето, постои можност да е неквалитетен, бидејќи органскиот мед ќе „кристализира“ доколку се чува во фрижидер.

– Секогаш прочитајте ја налепницата , а доколу содржи комерцијална гликоза или пченкарен сируп, одбегнувајте го.

– Додадете неколку капшки јод во чаша со вода и додајте малку мед. Доколку медот се претвори во плава боја тогаш тој е во комбинација со пченкарен скроб.

– Додадете неколку капки оцет во мешавина на вода и мед. Доколу се појави пена, медот содржи гипс.

– Запалете мед со фосфор и кибрит, доколку се запали, тоа е чист мед.

– Ставете лажица мед во чаша вода. Доколку медот не се распушта, тогаш е природен и квалитетен.

Споделете го ова со вашите пријатели и роднини, така што и тие ќе научат како да ја препознаат разликата меѓу органски и неквалитетен мед!

(ВИДЕО) Бебе се дави во базен

Седумесечно момче се наоѓа на интезивна нега кога за малку ќе се удавело во базен во кое минало 46 секунди под вода. Персоналот на почетокот не го забележал, но сепак во последен момент успеале да го спасат.

Овој ужасен инцидент се случил во североисточната кинеска провинција на 17 мај, пренесува Дејли Мејл. На снимката се гледаат две бебиња како пливаат во малиот базен со помош на гуми.

Во еден момент гумата на едно од момчињата се превртела наопаку, а бебето завршило со главата во водата и со нозете нагоре. 

Седумесечното момче на крајот успеало да се извлече од гумата, но тогаш целото тело му се нашло под вода. На снимката се гледа како момчето цело време се бори, а персоналот од базенот бил несвесен за тоа каква драма се одвивала околу него.

Кинеските медиуми пренеле дека бебето било под вода дури 46 секунди пред надлежните да забележат што се случило и го извадиле од базенот.

(ФОТО 18+) Голотијата е нејзин заштитен знак, но овој пат навистина претера?

Голотијата не е новост кога станува збор за Ким Кардашијан, но овојпат нејзините обожаватели не беа претерано воодушевени.

Ким за промоцијата на својот нов парфем позираше потполно гола, но наиде на бројни негативни коментари од страна на нејзините фанови.

Фотографијата сепак доби околу 2 милиони лајкови.

(ВИДЕО) Копија на нејзината тетка: Внуката на Дијана блесна на свадбата на принцот Хари и Меган, а документарецот за неа пак откри покантни детали

Откако внуката на трагично загинатата принцеза Дајана во саботата се појави на кралската венчавка предизвика бура од реакции и позитивни коментари.

Имено Кити Спенсер е внука на принцезата Даја од нејзиниот брат, а воедно и прва братучетка на принцовите Хари и Вилијам.

Таа на венчавката се појавила во креација потпишана од модната куќа „Долче и Габана“, со кои често соработува.

По нејзиното појавување неизбежни беа и коментарите дека таа многу наликува на нејзината тетка, погледнете.

Кога се зборува и се пишува за кралското семејество, невозможно е да не се спомне принцезата Дајана и нејзиниот принц Чарлс.

Фановите на кралското семејство за Хари и Меган сакаат подолг брак отколку што имаа Дајана и Чарлс, а животот на Дајана и Чарлс и понатаму е жешка тема за која многумина сакаат да знаат нешто повеќе.

Во документарецот “Diana – Story Of A Princess” се наведува дека за времето на бракот, пријателите на Чарли зборувале дека принцезата имала психички проблеми поради трауми од детството. Имено, кога имала седум години, нејзините родители се развеле, а старателството го добил нејзиниот татко.

Пени Џуниор, авторката на биографијата на покојната принцеза, исто така во документарецот изнела тврдења дека Дајана во врска со принцот влегла со ментални проблеми кои подоцна кулминирале со депресија и булимија.

Разводот на нејзините родители наводно бил еднакво драматичен како и нејзиниот развод, а родителите на Дајана по разводот речиси не ни разговарале. Нејзиниот татко повторно се ожени по неколку години, а таа тоа тешко го поднела.

– Имала несреќно детство и сама влезе во несреќен брак, вели Џуниор.

Принцезата Дајана била „ идеална девојка за принцот Чарлс“ во таа доба. Била ќерка на англискиот гроф, имала 19 години и немала момче пред принцот.

Иако на почетокот нивниот брак изгледал како бајка, принцезата подоцна сама признала дека тоа било пекол уште од првиот ден, и дека за време на првата година од заедничкиот живот таа заболела од булимија и депресија. Неколку пати се одидувала и да се убие.

Популарно