Вечната дискусија дали марихуната е штетна или здрава, добива уште еден интересен податок. Овој пат аргументот е на страната на оние кои тврдат дека марихуната треба да остане забранета, бидејќи научницитенаведуваат дека негативно влијае на сексуалната моќ на припадниците на машкиот пол.
Според нив, марихуанта предизвикува исти последици врз мажите како и алкохолот, и покрај раширеното мислење дека „тревата" ја заголемува издржливоста во кревет.
– Мажите поради марихуаната само добиваат поинаква перцепција за времето, па мислат дека чинот трае подолого, но во суштина нивната сексуалната моќ е послаба, тврдат научниците.
Тие дошле до ваквите заклучоци со истражување на влијанието на марихуаната врз ерекцијата кај мажите.
– Кај мажите кои секојдневно пушат марихуана, постои трипати поголема веројатност да имаат проблеми со ерективната дисфункција во споредба со оние кои немаат таква навика, наведуваат научниците.