Денеска е петок, 21 октомври 2016 година, 295-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 71 ден.
Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 52 минути, а ќе зајде во 17 часот и 43 минути.
Денов трае 10 часа и 51 минута.
Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее во 22 часот и 33 минути, а ќе зајде во 12 часот и 28 минути.
Временска прогноза
Времето во Македонија претежно облачно со повремен дожд. Повеќе врнежи се очекуваат претпладне и кон крајот на денот во западните делови од земјава. Ќе дува умерен ветер а наместа засилен ветер од југоисточен правец, наместа особено во Пелагонија ќе се засилува и се очекува да достигне до околу 70 км/час.
Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната од 10 до 16 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и релативно свежо време со повремен слаб дожд, особено предпладне.
Температурата ќе се движи од девет до 15 степени.
Повремени локални врнежи од дожд ќе има в сабота особено во западните делови од земјава. А од недела до среда следува период на стабилно, суво и потопло време. Потоа, од четврток повторно се очекуваат врнежи од дожд и опаѓање на температурата на воздухот.