Капитенот Лазаров сурово искрен: Борко грее клупа, Миркуловски има мала минутажа, а играчите од Вардар тотално се во аут!

По лошото светло и високиот пораз од 6 гола во првиот меч од баражот со селекцијата на Чешка за пласман на светското ракометно првенство во Франција, Капитенот Кире Лазаров ги кажа своите размислувања околу она што треба да се смени за да се исполни тешката мисија, но го лоцираше и проблемот за ова лошо издание - слабиот играчки ритам на ракометарите.

146629

Надежта не не напушта, иако Македонија се наоѓа во најлоша ситуација во последните пет години, кога се во прашање квалификциите и баражите за големите собири. Капитенот Лазаров верува дека може да се анулира поразот од 22-28 во Чешка, но затоа потребно е максимална концентрација и подобрување во сите елементи на играта.

„Мора да бидеме реални, оптимисти секогаш, ама и реални. Ќе биде многу тешко затоа што имаме една многу незгодна негатива, можеби шест голанема да бидат доволно, па ќе треба седум. Три-четиригола се стигаат за многу кратко време, но исто така и се губат, затоа треба да бидеме максимално концентрирани и фокусирани. Надеж ни дава тоа што ги увидовме грешките, увидовме дека одигравме еден катастрофален натпревар во сите сегменти од нашата игра почнувајќи од нападот, одбраната, како и секој поединечно и колективно. Анализиравме три-четири пати и тука ја гледаме нашата шанса, но воопшто нема да биде лесно.Треба да се подобриме во сите сегменти. Се надевам дека барем 30-40 отсто ќе бидеме подобри како кај голманите, така и во дефанзивата и во офанзивата. Свесни сме што треба, не е тоа лесно, меѓутоа малку ако се подобриме ќе бидеме на вистинскиот пат, камо ли да одиграме како што знаеме“, изјави Лазаров.

Ова ќе биде победа која може да ја спаси иднината, 60 минути кои имаат вредност слична на оние со Исланд пред осум години, кога Македонија се пласира на СП (во Хрватска) првпат по 10 години и отвори едно светло поглавје.Играчите се горе-долу, исти, но сега ги кочи товарот на годините, некои претераната дружба со клупата, наместо со паркетот. Лазаров вели дека трикот за успех ќе биде овие класа играчи кои ги има Македонија да ја најдат својата форма, зашто дека се квалитетни, не е спорно.

„Очигледно е дека имаме класа играчи, но тие класа играчи во монментов не се во најдобра форма. За тоа има повеќе причини, од типот на Борко Ристовски, кој по потпишувањето на Барселона ја грее клупата, нема континуитет на натпревари, Филип Миркуловски, кој има многу мала минутажа, слободно можам да кажам и јас самиот, бидејќи по елиминацијата во четвртфиналето од ЛШ тренираме со намален интензитет и без сериозни натпревари, а тука се и играчите на Вардар коишто се тотално аут во целата сезона. Значи сите тие играчи постојат, меѓутоа ако немате континуитет настанува таа црна дупка, па се лажеме самите себе дека сме добри. Да, добри сме ама континуитетот, играчката форма ги немаме, како на ЕП, така и на квалификациите за ОИ. Значи нема сомнеж дека овие играчи се квалитетни, но кога се во натпреваруцвачки ритам, а во моментов ситуацијата е лоша и ние сме свесни за тоа исто и нашиот слекетор“, призна капитенот.

За крај побара поддршка од јавноста. Овие ракометари со години се хранеле од песната на навивачите, било во Скопје или на туѓа почва, а сега тоа им е најпотребно.

„Очекуваме поддршка и од нашите навивачи, сигурен сум дека 'Борис Трајковски' ќе биде полн, поддршка во сите 60 минути затоа што ќе биде стресен натпревари во кој ќе имаме и лоши периоди и добри периоди. Добрите треба да ги искористиме, лошите да гледаме да не ги сфатиме трагично и да не паднеме психолошки. Јас сум оптимист, но не чека една тешка мисија, се надевам остварлива“, заврши капитенот.

Натпреварот меѓу Македонија и Чешкасе игра утревечер во 20 часот. Потребна ни е победа со седум разлика, или со шест, но во тој случај Белгија не треба да постигне повеќе од 21 гол.

БОМБА - 100 милиони евра за Гризман

Британските медиуми пренесуваат дека паднал договор помеѓу Атлетико Мадрид и Манчестер јунајтед во врска трансферот на Антоан Гризман.

Лани често се говореше дека Антоан Гризман  ќе биде големото засилување за Жозе Мурињо, а дека управата на Јунајтед е спремна да ја плати откупната клаузула на напаѓачот вредна 100 милиони евра.

Французинот повторно стана топ-тема откако медиумите од „Островото“ ,го пренесоа твитот на поранешниот агент, Винсент Родригез.

„Постигнат е финансиски договор помеѓу Атлетико Мадрид и Манчестер јунајтед за трансферот на Антоан Гризман. Наскоро повеќе информации” – гласеше твитот на Родригез на Твитер.

Оваа вест ја потврди и адвокатот на Антоан Гризман, Ерик Олат кој истакна дека „Црвените Ѓаволи“ биле тие кои први пројавиле интерес и биле најконкретни.

(ВИДЕО) Хаос во Нови Сад: Општа тепачка меѓу Срби и Црногорци

ММА бормабата во Нови Сад меѓу Васа Бакочевиќ од Црна Гора и Стефан Ѕвер од Србија, неславно заврши. Најпрво, борбата заврши со нокаут на кој претходеше подлизнување на рингот на Србинот, што Црногорецот го искористи. Виновни за тоа се организаорите, бидејќи рингот не бил добро составен.

Откако мечот заврши, во рингот влетаа сите од двата тима и започна масовна тепачка.

ФОТО: Гостиварец ги погоди точните резултати на Реал - Барса и Лион - Монако!

Среќата има голема улога при играњето на спортска прогноза, но сепак треба знаење. Овој гостиварец вчера ги имал и двете во комбинација. Единствено за што може да жали и малата уплата, па добивката да биде многу повисока.

Популарно