Казни за патниците кои ќе даваат и земаат искористен билет во ЈСП

Патниците кои учествуваат во кампањата „При излегување од автобус дајте го искористениот билет на тој што влегува“ може да бидат казнети од контролорите на ЈСП Скопје.

od-utre-za-vozenje-bez-bilet-vo-jsp-kazna-1.000-denari-178825(1)

Претпријатието соопшти дека службата за контрола при ЈСП работи со засилени тимови, кои се овластени да го казнат патникот што го дал и патникот што го прифатил билетот.

Организаторите на кампањата, како што е наведено во информацијата, се пријавени во Министерството за внатрешни работи.

Патувањето без билет се казнува 1.000 денари веднаш или 50 евра во прекршочна постапка.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно