Кире Лазаров: Јас лично би ги заменил сите 19 години кариера за пласманот во РИО

Вечерва во 20:30 против домаќинот Полска, Македонија го отвара квалификациониот олимписки турнир. Со победа македонские ракометари ќе бидат речиси сигурни патници во Рио и ќе го остварат својот сон. Колку учеството на олимпијада им значи на нашите ракометари зборува изјавата на капитенот, Кирил Лазаров.

Untitled

„Од кога знам за себе играм ракомет, ракометот е мојот живот. Репрезентативниот дрес го носам 19 години и време да ставиме круна на се што постигнавме јас и моите другари од репрезентацијата изминативе десетина години. Пласманот на ОИ за нас како мала држава е многу повеќе од спорт, затоа треба да бидеме сплотени како никогаш до сега и да ја извојуваме најголемата победа во историјата на македонскиот екипен спорт. Јас лично би ги заменил сите 19 години кариера за пласманот во РИО“, изјави Кире.

(ФОТО) Славниот боксер на штикли, во мрежести чорапи: Секс скандал го шокираше светот!

Поранешниот боксер Оскар де ла Хоја е на мета на уценувачи поради секс видеото со него кое во кујна го снимиле бринета и русокоса кои се претставуваат како Инстаграм модели.

На видеото наводно е попуалрното Златно момче кој гол во кујна има односи со две девојки, а целото шоу е зачинето со кујнски садови, кои во овој случај ги користи како секс играчки.

Интересно е што ова е само еден скандал во низата на контроверзниот боксер кој веќе добро се „испече“ пред неколку години и тоа со сибирската стриптизета Милана Дравнел. Забавувачката Милана го фотографирала и потоа во 2011 година во јавност го пушти материјалот на кои боксерот е во потпетици и женски мрежест костим и позира со црвени ракавици за бокс.

Mилана тврдеше дека со неа Де ла Хоја ја мамел сопругата, додека тој се бранеше дека бил дрогиран и под дејство на алкохол. Сепак и сам подоцна призна дека оргијал со неа во њујоршкиот хотел Риц.

Да потсетиме, Оскар де ла Хоја е освојувач на златен медал на Олимписките игри, а во својата витрина има и 10 светски титули во различни категории.

(ВИДЕО) Таа е следната голема фудбалска ѕвезда: Потезите на 7 годишната Ариана ги воодушевија сите

Ариана Дос Сантос, како што велат фудбалските познавачи е следната најголема ѕвезда на женскиот фудбал.

За Бразилците многу често знаат да кажат дека се родени со фудбалската топка во рацете, па токму од таму доаѓаат дела од најголемите фудбалски виртуози во историјата.

Пеле, Роналдо, Роналдињо, Зико, Кака… се само дел од фудбалерите кои оставија трага во фудбалската историја, а доаѓаат од оваа јужноамериканска земја.

Фудбалот за многу важи за машка игра, а ова девојче од Бразил ќе не разубеди во тоа.

Ариана Дос Сантос, како што велат фудбалските познавачи е следната најголема ѕвезда на женскиот фудбал.

Таа со своите седум години веќе е интернет сензација, која има повеќе од 70.000 следбеници на Инстаграм.

Девојчето кое што вели дека својата пасија кон фудбалот ја наследила од својот татко, со своите години со топката може да ја жонглира повеќе од 60 пати.

Ариана игра за Канзас Сити во САД, каде е најмлада во својот тим, но во исто време и најдобар стрелец. Нејзините квалитети ги препозна и Барселона, каде што беше поканета во тренинг кампот.

Таа е голем фан на Нејмар и на најдобрата бразилска фудбалерка Марта. За Ариана велат дека е веќе премногу добра за своите години и дека пред неа е блескава фудбалска кариера.

(ВИДЕО) ЖЕСТОКО: Фудбалери се претепаа меѓу себе

Судијата мораше да покаже четири црвени картони во финишот на средбата во Хондурас помеѓу Вида и Маратон (0-1).

Зошто? Затоа што фудбалерите жестоко се степаа меѓу себе. Ваква жестока тепачка на терен, меѓу фудбалери, не се памети во понова историја.

Натпреварот имаше „жешка“ атмосфера уште од самиот почеток, а кулминираше во 59. минута кога еден од фудбалерите на домашната екипа заработи директен црвен картон.

Популарно