Колку луѓе годишно се живи погребани?

Прерано погребување, закоп на жив, вивисепултура, инхумација на живи луѓе: сето тоа се изрази кои се користат за да се опише веројатно најморничавата појави од која и на најхрабриот човек на светот ќе му се дигне косата на главата.

buried-alive

Не станува збор за намерно прерано закопување во форма на некаква казна која може да му падне на памет само на најболниот ум ниту за доброволно погребување кога лицето што се погребува е живо туку за случаи во кои постои можност човекот да „умре“, односно сите да мислат дека умрел иако е жив и да биде погребан и така закопан под земја да се разбуди од клиничка смрт во ковчегот и никој да не може да го чуе.

Да, навистина звучи ужасно и не е чудно што многу психолошки студии покажуваат дека се работи за еден од најраспространетите човечки стравови, кој се вика тафофобија. Во текот на 19 век поради овој страв биле измислени многу изуми, како ѕвонче на површината, кое со умрениот било поврзано со конче за да може овој да ѕвони ако се разбуди и да ги извести луѓето дека е жив. Од чисто научна страна, луѓето кои биле живи закопани умираат од душење, дехидрација глад или хипотермија во подрачјата со поостра клима.

hqdefault-1

Ова, за жал, може да трае и неколку дена, доволно долго човек да биде болно свесен за сѐ штож му се случува, за ситуацијата во која се наоѓа, очајот поради неможноста да се избави, физичката болка... Оние кои преживеале сведочат дека минале низ незамисливи телесни и ментални страдања, изразени пред сѐ низ клаустрофобија од која никогаш нема да се ослободат.

Најстариот забележан случај на погрешно закопување потекнува од 14 век и се однесува на познатиот средновековен филозоф и католички теолог Јован Дунс Скот. Имено, кога неговата гробница била отворена,тој бил излезен од ковчегот, а неговите раце биле истегнати и крвави, бидејќи се обидувал да избега попусто влечејќи ја вратата кон себе. Овие приказни доживуваат вистинска експлозија во 19 век.

На 21 февруари 1885 година Њујорк тајмс објавил вест за човек по име Џенкинс од округот Банкомб, кој по ексхумацијата бил пронајден завртен на стомак со купишта искубана коса и траги од гребење со ноктите по отворот на ковчегот. Неговото семејство било „вознемирено преку секоја мера од злосторничката негрижа“ на надлежните органи. Лондонски Тајмс на 18 јануари наредната година објавил слична вест, за девојка по презиме Колинс од Вудсток во канадската провинција Онтарио, која била пронајдена во ковчегот свиткана во фетусна положба, а покровот во кој била закопана бил искинат на ситни парчиња.

buried_alive_by_tothfrantisek-d7trp96

Најновиот случај, за среќа, бил спречен во 2005 година. Вреќата со лешот била донесена во погребалното претпријатие во американската сојузна држава Масачусетс, но во неа наместо леш имало жив човек во несвест, што директорот на погребалната служба случајно открил. Веднаш повикал итна помош и го спасил несреќникот. Неодамна на интернет се рашири приказната за 92­годишна Германка, која се освестила додека погребниците го подготвувале закопот, но не беше наведено кога се случило тоа.

А прашањето од насловот – одговорот на ова прашање не го знае никој на светот. За тоа не се зборува. Веројатно сѐ уште се случува, само што не знаеме, а можеби така е и најдобро. Единствен начин да бидете сигурни дека ова нема да ви се случи и вам е да се определите за кремирање. Не само што нема да се доведете во ситуација да се разбудите под земја, туку ќе ѝ направите добро и на природата. Полека, можеби додека да ви дојде редот, Македонија ќе добие крематориум.

(извор:Медиа.мк)

„Најубава станбена зграда во светот“ се наоѓа во Хрватска

Објектот е изграден во 2021 година, а вкупната негова квадратура е 1.969 квадратни метри. Главен белег на поголемите апартмани се кујните на предната страна, коишто може да се користат како трпезарии. Становите се прилично светли и имаат нетипично богат просторен стандард за современото домување, се наведува во описот.

Приземјето е малку повисоко од станбените катови и е целосно застаклено, поделено со врати, што му дава достоинство на јавен простор. На истото приземје, има и пекара и кафуле споени едно до друго. 

Почина млада српска пејачка

Српската пејачка Хариета Симиќ, позната под прекарот Харина, почина од рак на 13 април во Смедерево, во болница, на 41-годишна возраст. 

Пејачката за страшната дијагноза дознала пред две години, а бидејќи ракот веќе се проширил, и биле отстранети двете дојки и почнала со хемотерапија.

Хариета на својот Инстаграм профил неодамна раскажа за својата тешка судбина и ги замоли сите луѓе со добра волја да ѝ помогнат преку Инстаграм доколку имаат можност.

По операцијата кога ми ја отстранија дојката, одев на хемотерапии и ми рекоа дека сум здрава, меѓутоа, само два месеци подоцна отидов на контрола и докторката ми најде метастази на вратот – раскажала тогаш Хариета, која по операцијата почнала да добива различни симптоми, почнала да кашла и добила антибиотици.

– Ништо не ми помогна, а потоа отидов на снимање на белите дробови и открија дека имам метастази насекаде по белите дробови. Се чувствувам како да имам еден тон на градите, тешко дишам – раскажала пејачката.

Нејзиниот сопруг ја напуштил седум дена по операцијата. И рекол дека има нова жена и дека со неа ќе се венча.

Над 400 приватни специјализанти стапија во штрајк

Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа  во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Штрајкот ќе го прекинат, како што најавија, само доколку добијат писмена гаранција за исполнување на барањата. 

- За жал, се решивме на овој чекор бидејќи Министерството за здравство нема слух за решавање на нашите проблеми,  изјави доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, трета година. 

Таа потсети дека по протестот во март, имале средба со министерот за здравство на која им било ветено дека нивните барања ќе се најдат на седница на Влада., но  дека засега немаат никаков одговор. 

Како што соопшти Илиоска Чешлароска, добиле повик од претставник во Министерството за здравство и им било кажано дека денеска во 14 часот  ќе се одржи средба во Влада.

-Петмина наши претставници ќе бидат на таа средба, но, немаме информација кој се ќе присуствува и дали ќе бидат прифатени нашите барања. Штрајкот продолжува, се додека не добиеме писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети, нагласи Илиоска Чешлароска.

Тамара Пејоска, специјализант на пластична и реконструктивна хирургија, прва година, рече дека работно максимално се посветуваат, а се ставени во разочарувачка деградирачка позиција. На протестот беше нагласено и дискриминирањето при остварување на мајчинство и породилно отсуство, бидејќи тогаш се укинува надоместот. Сите овие луѓе, беше кажано на протестот, имаат желба да останат во државата, да работат и да се грижат за пациентите.

Популарно