Колку мажи годинава завршиле на Урологија со скршени пениси?

Годинава 7 мажи со скршени пениси завршиле на Клиниката за урологија. Последниот ваков случај бил регистриран пред една недела, дознава zdravstvo24 од лекари од Клиниката. Во доцните вечерни часови на Клиниката дошол маж на околу 30 години кој се жалел на силна болка на половиот орган. По извршениот преглед дежурниот уролог констатирал дека се работи за фрактура на пенисот. Пациентот имал среќа бидејќи се здобил со помала повреда при сексуалниот однос, па поминал само со шиење на пенисот.

52fcc08120a8e6cf0d1558ee38705098_XL

Уролозите кои ги консултираше zdravstvo24 велат дека кај ваквите пациенти задолжително сe отвораат половите органи за да се види за какви повреди станува збор и дали евентуално се оштетени крвните садови и мочоводот. Некои од пациентите имале и вакви сериозни повреди, велат од Клиниката. Уролозите за објаснуваат дека фрактурата на машкиот полов орган се случува кога за време на сексуалниот однос пенисот не е во полна ерекција и поради тоа доаѓа до свиткување на органот. Пенисот помодрува, отекува, а под кожичката се јавува хематом. Овие лица задолжително треба да дојдат во болница, велат хирурзите. После операцијата и шиењето уролозите на пациентите им препорачуваат најмалку еден месец да немаат сексуален однос. Првите неколку дена им се дава и терапија за да се спречи ноќна ерекција. Но, имало и ситуација кога мажот не знаел дека му е скршен пенисот, бидејќи немал болки. Лекарска помош побарал откако го забележал хематомот на половиот орган. Според уролозите во вакви случаи доаѓа до деформитет и искривување на пенисот. Секоја година на Клиниката за урологија имаат по 10 до 12 вакви случаи, најчесто во летниот период и тоа во вечерните часови.

Повторно изведена мултиорганска трансплантација: Пациенти добија срце, црн дроб и бубрези

Четворица пациенти добија органи од починат донор. Министерството за здравство соопшти дека вчера е направена уште една мултиорганска трансплантација на органи, а еден пациент добил срце, други црн дроб, а двајца пациенти добиле бубрези.

Во наредните денови пациенти на Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива.

Министерот Демири му се заблагодари на семејството на донорот кои спасија најмалку четири животи.

„По добиената согласност во вторникот, вчера во раните утрински часови започнаа трансплантациите на срце, црн дроб, бубрези и коскени ткива. Упатувам огромна благодарност до семејството на донорот кои повторно не потсетија на важноста, на емпатијата и на хуманоста и во најтешките моменти од животот. Нивната одлука денес значи нов живот за некого, од вчера спасуваме најмалку 4 животи. Дарувањето органи е највисокиот чин на алтруизам кои сите нас не прави подобри луѓе спасувајќи човечки животи. Голема благодарност и до сите медицински тимови кои овие 48 часа работат со пациентите и се грижат за нивното здравје“, истакнува Демири.

Од 2020 година досега трансплантирани се 11 срца, 4 црни дроба, 38 бубрези и 24 коскено ткива, вкупно 77 органи што живот значат.

По Македонија и Хрватска чоколадата „Милка Орео“ повлечена и од БиХ

Инспекторатот за храна при Сојузната управа за инспекциски работи во Босна и Херцеговина денеска повлече од продажба 33 парчиња чоколада „Милка Орео“ поради присуство на пластика.

Управата соопшти дека откако Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина известила за пластични парчиња во 37 грама млечно чоколадо „Милка Орео“ со рок на траење до 18 август, инспекторите за храна извршиле контроли.

Федералната агенција за инспекција на храна најави дека ќе ги преземе сите законски мерки против одговорните.

Производот претходно беше повлечен и од Македонија и Хрватска.

Македонската Агенција за храна, минатата недела информира дека од продавниците се повлекува чоколада „милка орео“ од 37 грама поради присуство на парчиња пластика.

Производот е со сериски број OSK0934652 и со рок на употреба до 18 август 2024 година.

Чоколадата е произведена во „Монделез Полска продакшн“, а увозник е операторот со храна „ТД Нелт“

Колку килограми можете безбедно и здраво да изгубите за еден месец?

Заедничка желба на повеќе луѓе кои се на диета е брзо да ослабат. Сепак, колку е безбедно да се отфрлат несаканите килограми премногу брзо?

Безбедно и здраво слабеење значи губење на половина килограм до килограм секоја недела, што е еднакво на два до четири килограми месечно.

Можно е да изгубите повеќе килограми од ова во првиот месец на здрав начин, особено ако некој има прекумерна тежина.

Поединци кои губат 10 килограми во првиот месец или губат тежина премногу брзо, исто така се изложени на ризик од губење на вода или мускулно ткиво.

Друга причина зошто луѓето имаат тенденција брзо да губат тежина е ако се на ненамерна диета, која не е здрава или лесно да се држи долгорочно. Овие лица на крајот повторно ја добиваат тежината кога повеќе не можат да следат толку строга диета.

Кога станува збор за успешно долгорочно слабеење, важно е да се фокусирате на стабилизирање на шеќерот во крвта секој пат кога јадете, без разлика дали тоа е оброк или ужина. Ова ќе ви помогне да избегнете енергетски несреќи што може да доведат до нездрава желба за рафинирани јаглехидрати и шеќер.

Популарно