Колку возачи беа казнети изминатава недела?!?

Сообраќајната полиција изминатата недела спроведе зајакнати контроли на подрачјето на Град Скопје при што се санкционирани вкупно 1049 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.

policija karton1

Притоа кај 54 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 90 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 63 возачи, додека пак кај 30 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, 71 возач управувале возила со над дозволената брзина, и 52 возачи управувале возило со над 90 км на час во населено место.

Исто така, изречени беа 60 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 72 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 31 прекршок за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 369 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање.

За недавање првенство на минување изречен е еден прекршок, за недавање на првенство на минување на пешаци изречени се 12 прекршоци, за непрописно престројување изречени се 11 прекршоци, за прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 10 прекршоци, за непрописно престигнување изречен е еден прекршок, кај три возила е утврдена техничка неисправност a со пајак возило подигнати се вкупно 351 возило.

СВР-Скопје и понатаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди.

Кучиња нападнале полицајци во Кисела Вода

На 14.03.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, двајца полициски службеници, додека извршувале службени задачи, биле нападнати и каснати од неколку кучиња сопственост на М.Г.(54) од Скопје, за кој претходно било пријавено дека во дворот на небезбеден начин ги чувал кучињата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Драма во скопска Кисела Вода: Групна тепачка меѓу дедовци

На 03.03.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Н.(79) и Т.Н.(79), од една страна и Л.Ш.(64) од друга страна, сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Приведена Американка која полудела во зграда во Кисела Вода

Вчеравечер во 23.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ја привеле К.А.Р.(49) од САД затоа што во зграда на подрачјето на Кисела Вода го нарушила јавниот ред и мир и агресивно се однесувала кон дел од станарите.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Популарно