Колонизација преку приватизација

261687_1403020446619075_2045121549_n
Секојдневните теми кои се изнесуваат на дневно политички план на Балканот околу сиромаштијата и околу невработеноста потегнуваат многу прашања кои се однесуваат на вистината која што се крие зад овие проблематики.

Најголемиот број од сите граѓани на бившите екс-ју простори, како главен виновник ќе ги посочат моменталните власти, како главни и одговорни виновници за колективниот неуспех на економски план. Но, само мал дел од граѓаните се запознаени одблизу со вистинската проблематика околу стандардот на живеење во сите екс ју простори, многу малку знаат дека ние и навистина сме колонија на западниот свет. Секако во Пост модернизмот кој со својата невидлива рака преку призмата на демократијата ни даде нокаут во последната рунда на 20- тиот век иако беше некако по незабележан,сепак им стави акцент на војните и на сите разни валкани игри на Балканот во 90-тите. Го напоменавме зборот колонија, можеби малку чудно ќе ви звучи, но тоа е навистина така, некогаш Индија ни служеше за пример како треба да се колонизира држава од страна на западна сила,но сега сме ние во таа позиција и треба да најдеме начин да го избегнеме тоа. Секако на западот ова немаше да му успее доколку не ја злоупотребеше максимално во крајна истанца позитивната страна на демократијата. Така многумина од читателите особено постарите, се сеќаваат на кризата од 1988 до 1991 година која како пепел зеде сè од земјата за на крај да се круниса со граѓанска војна. Многу малку знаат што навистина се случувало периодот од 1985 година до самиот распад на СФРЈ. Зашто така наеднаш не поделија, зашто наеднаш се случија воени судири ?

Во 1985 година тогашниот претседател на САД, Роналд Реган ја воведе познатата директива за национална безбедност бр 133. во која експлицитно беше наведено дека тогашната Американска полиса, ќе го вметне во тренд пазарниот систем на функционирање во Југославија како замена на тогашниот Социјалистички принцип на функицонирање. Нели, ниту една реформа во туѓа држава не може да се одвива доколку не биде под мониторинг на таканаречените експерти од западот, затоа тие на чело со Роналд Реган, ја создадоа невладината организација NED и на својот говор тој изјави дека Америка ќе се залага за целосна демократизација на целиот Балкан и источен свет, преку бројни мерки. Ален Валштајн, бивши функционер во CIA наведе во неговото тестимонијално сведочење, дека NED не преставува ништо ново и дека CIA продолжува на еден поинаков начин да ја наметнува САД како нова светска сила, низ призмата на невладиниот сектор.Истата таа NED ја финансираше групата CEPI, а таа пак таа ја воведе групата Г17 на која сигурно се сеќавате ? Таа е всушност група на експерти по економија, назначени од ММФ на чело со Вукотиќ, кои на секои избори во Србија тие освојуваат од 7 до 11 проценти од гласовите и секоја одлука од министерството за финансии на Р.С. не може да се примени без тие дадат согласност. Така оваа групација во 1989 -та година ја превзеде улогата на реформатор, бидејќи раководството на Југославија реши да воведе нови економски стандарди . Г17 на чело со Вукотиќ, ги воведе сите нови стандарди диригирани од ММФ. Така тие нови стандарди вклучуваа укинување на социјалните трансфери, намалување на осигурувањата и сите тие беа легализирани преку закони. Наеднаш цела економија започна да пропаѓа.Големите компании започнаа да пропаѓаат, животниот стандард падна на ужасно ниво. Затоа во 1990-та година се случи приватизација преку ликвидација. 1100 фирми пропаднаа за само 12 месеци, Југославија беше приморана да земе 1 милјарда долари кредит од САД , но тука мора да се запази еден многу битен момент.За време на мандатот на Џорџ Буш, тогашниот претседател на САД, преку скратена постапка во конгресот на САД беше изгласана одлука дека за првпат на држава од ЈУГО-Источна Европа ќе и биде дадена помош.Одлуката е во форма на закон изгласана во секоја федерална членка на САД, а во неа експлицитно беше напишано, доколку сакаат републиките и понатаму да примаат ФИНАНСИСКА помош од САД тие ќе мора да тежнеат кон прогласување независност. Тоа и се случи, ние немавме среќа да ги избегнеме особите како Милошевиќ , Шешељ , Алија и Туѓман, затоа цената ја плативме на скапиот начин. Војната заврши, сите знаеме каков беше исходот, нови држави , нови републики. Некој овие распаднати домашни економии требаше да ги финансира, со оглед на тоа што во Југославија беше лимитирана приватнта сопственост, сите фабрики државни беа купени од странски компании. Бидејќи сите ние тежнееме кон Европскиот сон, моравме да ги имплементираме сите новитети за да бидеме достојна членка на ЕУ. Таква беше и мерката за отварање на Европски пазар во домашни рамки. Како и продавање на сите домашни банки. Сите екс ју држави имаат само по една домашна национална банка. Но, секако затоа требаат пари за целиот процес на Европезација да се заврши, преку потпишување на ССА, на сите балкански држави ни беше наметнато да земаме кредити од ММФ. Еднаш дадениот кредит од ММФ, пример 300 милиона евра го даваат на републиката, републиката има 2 проценти камата за него, но тој не оди директно во негови раце туку оди во странски банки , претежно германски и американски, кои преку своите фондови одобруваат за што и како ќе трошите и не само што се наметнува политика туку и долгот ви се зголемува. Секако Европските земји, Балканот и сите Југо-источни земји од Европа не ги гледаа како свои достојни граѓани, тие не гледаат само како работна сила, тоа е факт. Имено ако не ја употребиме компаративната политика нема да има смисла целата колумна. Затоа најдобро е да ја погледнеме Чешка,земја во која шеќерната индустрија носеше околу 65 посто на годишно ниво. Но, на Германците тоа не им одговараше бидејќи, од Куба увезуваа за два пати пониски цени шеќер, 5- те главни фабрики во Чешка за шеќер беа затворени и наместо тоа тие беа претворени во тешка индустрија, за лиење метали, односно за изработување делови за фабрики од Германија како Мерцедес и др. Многу интересно е тоа што предавањето на ова приоритетно право на Чешка да изработува тешки метали и делови за автомобили било неопходно бидејќи само 1 година пред оваа постапка Германија потпишува договор за протокол КЈОТО во кој наведува дека сета тешка индустрија во Германија ќе биде лимитирана. Да ја погледнеме Унгарија, земјата на виното. Вино градбите биле уништени од ниските француски цени на нивното вино, така да сите земјоделци кои се занимивале со овој сектор не биле во можност да ги отплатат кредити во своите банки,па затоа виноградбите им ги купиле странски компании и тоа по ниски цени.Затоа најпознатата винска компанија Токај е под сопственост на ЕУ.Да се навратиме малку кон Балканот, многу ни е интересно кога ќе кажеме ние имаме Европски пазар, европски производи, европски стандарди. Секако 90 проценти од луѓето не се ни запознаени со вистинскиот проблем позади оваа игра на зборови која секојдневно се врти на нашите мали екрани. Како навистина ЕУ завладеа со Балканот и не користи како робови сигурно се прашувате ? Нормално, вие кога одете да купувате производи од Веро или Тинекс ги одбирате производите како ГЕРМАНСКИ ајдамер кашкавал, Мегле Млеко и нормално во себе се запрашувате истата цена е со македонскиот производ ,но нели квалитетот не е исти, сепак Германско е. Македонскиот фармер за изработка на кашкавал чини 300 евра за работна компензација, Германскиот фармер зема 250 евра. Но со новите субвенции кои германската влада ги издаде во 1995година ( чудно нели ) , тие своите производи ги продаваат за 150 евра по парче. Нашиот фармер нема каде да го пласира производот, бидејќи Германски е , поефтин е и така полека полека гранка по гранка се приватизира целата државата. ЕУ годишно 3 милијарди евра користи за рекламирање и вршење позитивна пропаганда. Хрватска со потпишувањето на новиот протокол Зерп беше приморана да се откаже од риболоството затоа што италијанската поморска рибна индустрија беше стационирана во тој регион(2/3 ). Хрватскиот телеком беше продаден на Дојче телеком во 2000-тите, Хрватска има само една национална банка, приватизација, зар не ? Во 2008 година, Хрватска оствари 8,2 милијарди долари од туризам, што преставуваше 20 посто од годишниот ГДП,но сите средства беа пренесени во Германски банки затоа што таа беше приморана да зема кредит за да се спаси од банкрот.Најинтересен е делот со комплетната приватизација на Босна, имено во делот за економски прогрес на Босна како федерација, во Дејтонскиот договор беше наведено дека Членот број 7 ќе стапи во сила со потпишување на Дејтонскиот договор, што значи дека Централната банка ќе биде поставена од ММФ, Гувернерот ќе биде странец и има забрана да биде од било која држава со која се граничи Босна.

Долгови на сите екс- Ју републики пред и после распадот на Југославија

Црна гора – 416 милиона кон 4,7 милијадри

Србија- 5,5 милијарди до 38

Макеоднија – 890 милиона до 7 милијарди

Словенија – 2,6 милиона до 56 милијарди

Хрватска – 4,6 милиона до 69 милијарди

Босна- 2,1 милјарда до 16,5 милјарди

Југославија

1988- 13 милјарди презадолжени, денес 184 милијарди евра. Сега ни наметнуваат сè повеќе и повеќе кредити, но пред распадот на Југославија ни беше наметнато мислењето дека бевме презадолжени. Чудно зар не ?

АВТОР: Виктор Цветиќ – Воено политички аналитичар

Заев сака, но не може да и даде на Бугарија

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет. Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас. Поважна и посериозна е разликата во нашите светогледи“, напиша вчера премиерот Заев и додаде: Јас работам на доближување на ставовите околу разликите, и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки. Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза. Доста беше омраза!

Не знам од каде да почнам.... Ајде од почетокот. Први Август 2017 година. Денот на потпишување на договорот и изјавата на Заев дека со овој договор Бугарија го „признала“ Македонскиот јазик. Ммммм...НЕ! Единствено место каде се спомнува македонскиот јазик е последниот пасос во кој се вели:
„Потпишан во два оригинални примероци, секој од нив на официјалните јазици на Договорните страни – македонски јазик, согласно Уставот на Република Македонија и бугарски јазик, согласно Уставот на Република Бугарија, при што и двата текста имаат еднаква важност. “
Значи, согласно уставот на Република Македонија, што значи дека јазикот целиот свој легитимитет го влече од уставот, кој е менлива категорија и постои едвај 30тина години. За разлика од уставот, македонскиот јазик е официјален јазик векови наназад. 
Токму догооворот за добрососедство и лагите што тогаш ги ширеше Заев, се јасен аргумент дека премиерот знаел што го очекува и дека и сега знае што следува. 

Следно, „Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет“. Јазик не се признава. Јазик  постои и се кодифицира(стандардизира). Тоа што оваа влада постојано повторува дека македонскиот јазик е признат во 1977 година во Атина е само уште лага, со која повторно им се дава оружје на бугарските тврдења дека станува збор за бугарски дијалект. Во 1977 година во Атина со резолуција е усвоена латиничната транскрипција на македонската кирилица. Толку! Не се работи за никакво признавање, затоа што такво нешто не постои! Како тоа некој да ви признае јазик? Кој е тој што го може тоа?

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет“, колку и гордо да звучи, нема никакво значење во спорот со Бугарија и Заев го знае тоа. Софија секојдневно повторува дека тие немаат проблем со тоа што ние денеска сме Македонци и зборуваме македонски јазик, туку со нашето минато. На Бугарија во моментов не и гајле дали сме ние Македонци, туку што тоа биле нашите предци. „Македонија и македонскиот народ се творба на Тито. Излажани Бугари, а македонскиот јазик е само дијакт на бугарскиот“. Тоа е ставот на Софија и во ништо не се оспорува со „гордата“ изјава на премиерот. 

„Етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас“. И со оваа реченица Бугарија нема никаков проблем. Како што реков и пред малку, Софија признава дека сега сме различни народи, со различен идентитет. Тие ја сакаат историјата. Тоа многу отворено го кажа нивниот министер, кога рече дека убаво што Заев прифаќа заедничка историја, само уште да признае дека е бугарска. 

„Јас работам на доближување на ставовите околу разликите“. За некој да работи на доближување на ставовите, прво треба да има став, а Заев го нема. Дури и кога личи дека го има, ЛАЖЕ! ЛАЖЕШЕ дека нема да се смени устав со цел да се смени уставното име! ЛАЖЕШЕ дека со „Преспанскиот договор“ е бетониран идентитетот, но ја изгубивме пола историја (историја +традиција +култура+јазик = идентитет). ЛАЖЕШЕ дека со договорот со Бугарија, Софија го „признала“ македонскиот јазик. ЛАЖЕШЕ дека не постои „Тиранска платформа“. ЛАЖЕШЕ дека сме добиле датум за прговори со ЕУ, барем 12 пати. ЛАЖЕШЕ дека има писмени гаранции за почеток на преговори со ЕУ. ЛАЖЕШЕ дека Бугарија во втората светска војна била само администратор во Македонија. ЛАЖЕ и сега! Заев нема став, затоа што тој не се обидува да го реши спорот со Бугарија за доброто на Македонија, туку за свое добро. Во ситуација кога земјава е задолжена над 60% од БДП (високозадолжена земја), по што му е јасно дека повеќе нема да може да се задолжува и многу скоро ќе остане без пари за плати и пензии, единствен спас му се европските фондови. Во ситуација кога Македонија е 7ма по смртност од Корона, а ситуацијата до прва ќе се влошува, Заев знае дека многу скоро (на пролет) ќе мора на избори. По сите порази, на сите полиња, Заев знае дека неговата политичка кариера завршува со тие избори. Но, не е тоа главниот проблем на премиерот. Она што него навистина го плаши е прогонот кој што му следува. При "All in“ има само две можни. Ги собираш сите чипови (успеси) од масата или губиш се, па дури и слободата. 

Заев во моментиве е давеник, налик Груевски пред неколку години. Разликаата е што Груевски бараше спас кај народот (кој го пљачкаше со години), а Заев очекува да му помогнат странци. Она што сеуште не го разбрал е дека, кога ќе ја изгуби довербата кај народот, странците нема да го есапат. Завршено е! Сега дури и да прифати дека до вчера сме биле Бугари, а јазикот ни е препишан од бугарски буквар од 1943 година, никако не може да му понуди гаранција на Борисов дека тој договор ќе биде почитуван од наша страна. При таков договор, диру ни почеток на преговори со ЕУ нема да му донесе победа на изборите, а тоа Софија го знае. Затоа, сега потписот на премиерот не вреди ништо во Бугарија. Од таму и изјавата на Каракачанов дека изјавите на Заев се празни зборови, му требаат дела. Делата Заев не може да ги понуди! Единствено што може да направи е дополнителна штета во односите со Бугарија со уше некој анекс договор, за кој нормално ќе ЛАЖЕ што подразбира. Ова не значи дека давеникот ќе престане да прета и да се бори за воздух и по цена на други жртви, но крајот е блиску, а СДСМ никако не може да го запре. 

По сите понижувања и неуспеси кои како народ ги доживеавме под оваа владејачка гарнитура, добрата вест е дека за неколку месеци ќе заминат во историјата (во онаа црната). Лошата вест, доколку драстично не се променат работите, е дека Мицковски ќе биде новиот премиер. Сегашниот лидер на ДПМНЕ кој не направи ама баш ништо, да го спречи Заев во своите антимакедонски политики, премиерската позиција ќе ја добие на тацна. Слично како што ја доби и претседателската функција во својата партија. ДПМНЕ под лидерство на Мицкоски не доби ниту едни избори, не оствари ниту една победа! Ако толку може како партиски лидер, колку (ич) ќе може како премиер?

Можеби малите партии (од кои се издвојува Левица) ќе можат да го искористат вакумот, но сеуште е рано да зборуваме за премиер кој не е челен на СДСМ или ДПМНЕ. 

Автор: Пацифист

(Фото) Му се слошило на работа, западнал во кома, а брзата помош го однела... ДОМА

На социјалните мрежи во Фејсбук групата "Стари Скопјани" се најде статус каде еден од членовите на истата група раскажа за случка која се случила во неговото семејство.

Имено, неговиот зет за време на работа му се слошило и се онесвестил. Неговите колеги повикале брза помош, но тие наместо веднаш да го хоспитализираат тие го транспортирале само до ДОМА.

"Состојба тогаш: не зборел, не бил при свест, не мрдал не бил контактибилен. Тој е на возраст од 40 години,а работи во близина на ГОБ "8ми Септември", ( па нели требало прво да го однесат на некакво снимање, преглед и сл, па така барем беше во наше време. Од како го донеле дома му ставиле инфузија и си заминале и ја повикале ќерками од работа. Сега мојот зет лежи во КОМА, не сум по таа струка за да знам што му е, но само лежи без никакви знаци. Денес дојдоа еднаш од брзата помош да му сменат инфузија и оставија некое кесе, па ќерками ми напиша на ливче што се треба да купам од аптека, изгледа ќе треба сами да го боцкаме. Понатаму ќе ве известам како ќе течат работите, но еве како се спремни оние од екипата на Филипче да помагаат на болните во време на пандемија."

"Мајко Македонијо" те ранија, те омаловажија, стана безимена

Ех, Македонијо мајко моја, Те ранија, те омаловажија, стана безимена. Станавме затворен логор. Потпишавме капитулација. Останавме затворена ковид држава. Секој ден гледаме луѓе без насмевка, луѓе со маски и тешки мисли “Како да издржиме и месецов?”. Во држава во која се шири вирусот со невидена брзина, каде секојдневно имаме над стотици заболени. Дури некои се спремаат за избори, народот се заразува.

ИЗБОРИ ЌЕ ИМА! Има ли пилот во авионот со име МАКЕДОНИЈА? Економијата ни тоне, здравството колабира, а сиромаштијата влегува во фаза на ЕПИДЕМИЈА.

Здравствените работници со последни сили се борат, десеткуваани, заразени и деградирани. Некои земаат картички, некои не но сите заедно и сложно се борат против невидливиот непријател. Без нивната храброст и пожртвувсност ќе бевме Вухан на Балканот. Со ваков галопирачки развој на вирусот, со ваква неспособна власт, ќе имаме долго, топло и пеколно лето и многу ладна есен и зима. Државата ќе банкротира со колабирано здравство, пандемија на сиромаштија и корона.

Ех.. МАКЕДОНИЈО.

М-р Боби Бојчевски

Популарно