КОНЕЧНО: Момчето со дрес од кеса го запозна Меси! (ВИДЕО)

Фотографијата од шестгодишниот Муртаз Ахмади го освои интернетот уште во јануари оваа година, а на неа малиот фан на Аргентина носи дрес направен од кеси, бидејќи немал пари за вистински дрес.

Тимот на Барселона моментално се наоѓа во Катар, каде треба да одигра пријателски натпревар со Ал Ахли, а момчето ќе излезе на терен со Меси.

Момчето со своето семејство морал да го напушти Авганистан и да се пресели во Пакистан во мај. Погледнете како помина оваа симпатична средба меѓу големиот фан и неговиот идол...

Публиката на ФК Вардар апелира за поевтини влезници

Во четврток Вардар му гостува на Розенборг во второто коло од Лигата на Европа, а до следниот меч пред своја ублика има речиси уште месец дена. Сепак, по слабата посета на првиот, историски меч во Скопје против Зенит, публиката апелира за поефтини влезници. 

На 19 октомври Вардар го пречекува Реал Сосиедад (во четврток им гостуваме на Розенборг). Апелираме до FK Vardar да се разгледа ситуацијата со цените на картите, подобро полн стадион по поволни цени, отколку со 600ден, 900ден, 1200ден како што беше против Зенит, и стадионот беше полу-празен.

Многу од вас ќе кажат дека цената за Лига Европа е добра, но јас ве убедувам дека Вардар има многу навивачи, симпатизери кои немаат доволно примања за да можат да си приуштат карта од 20 евра..(Блоковите кои со блок карти беа 1400ден (600ден редовна карта беа полни).

Вие како фудбалски клуб треба да имате слух за своите навивачи, симпатизери, кои во голем број ни пишаа во порака и се пожалија за цените, и за неажурност на информации за натпреварот.

Од грешки се учи, Вардар прв пат во својата историја игра во елитно натпреварување, размислете и потрудете се наредниот домашен натпревар да го промовирате на време.

Чисто информативно Вардар на 25.07.2012 година имаше полн стадион во квалификации на ЛШ со екипа како Бате Борисов, а вие размислете како управа зошто против екипа како Зенит, стадионот беше полу-празен, а исполнети беа само оние столчиња кои беа најефтини.

Со почит од симпатизери на ФК Вардар!

ВИДЕО: Руни замалку не остана без око

Гоелмиот фајтер на фудбалските терени, Вејн Руни го извлече подебелиот крај после еден дуел со Френсис на мечот со Бурнмаут, па заврши облеан во крв.

Интересно судијата Мартин Еткинсон не досуди ни фаул, ниту му додели жолт картон на Френсис после непромислениот и жесток старт.

Руни мораше да биде „зашиен“ со два конци бидејќи заработи процеп на јагодицата!

МАЈСТОР: За 40 евра уплата ја олесни кладилницата за 30.000 евра!

Ретки се оние во Македонија кои не се обложуваат на спортски натпревари, но уште поретки оние кои можат да се пофалат со ваква добивка на едно ливче. Браво мајсторе, со здравје да си ги трошиш.

Популарно