Косово од полноќ воведе забрана за увоз на стоки од Македонија!!!

Косово од полноќ воведе целосна забрана за увоз на сите стоки од Македонија.  Косовските медиуми, кои ноќта ја минале на граничниот премин јавуват дека два камиони кои носеле цевки произведени во Гевгелија биле првите кои се соочија со целосното ембарго што земјата го воведе за Македонија.

mkd-73925

Според пишувањата на косовските медиуми, камионите пристигнале, само неколку минути по стапувањето на сила на целосната забрана поради што биле принудени да се вратат назад во Македонија.

Сепак, се уште е неизвесно дали со новата мерка за целосна блокада, Косово ќе го блокира и влезот на нафта и нафтени деривати, што го прави Окта, и како тоа ќе се одрази врз косовскиот пазар.

По оваа нова мерка на косовската влада за целосна блокада, според сознанијата на Фактор, сега македонската влада се заканува со нов потег. До кога ќе трае оваа трговска војна, која од ден во ден зема се поголем замав не се знае, со оглед дека веќе е незивесно и дали македонска делегација ќе оди на преговори во Косово.

Решение на проблемот не најдоа ниту двајцата премиери кои вчера телефонски развовараа. Никола Груевски и Хашим Тачи, во телефонскиот разговор не успејаа да најдат заедничко решение за стабилизирање на односите на двете држави.

Косово тврди дека мерката за ограничен увоз на одредени производи, кон Македонија ја воведе поради условениот увоз на брашно што Македонија го воведе.Македонските власти пак велат дека тоа не може да биде причина бидејќи мерката за условениот увоз на брашно не е воведена кон Косово, туку е мерка која се однесува кон сите земји на ЦЕФТА и е во согласоност со правилата на ЦЕФТА. А Косово воведува еднострана мерка која се донесува само за Македонија. Откако Косово не се согласи да ја повлече мерката за забранет увоз на одредени производи, македонските власти воведоа мерка со која почнаа да наплаќаат патни такси за влез на коосвските државјани во земјава, на што Косово возврати со целосно спуштање на рампите за сите производи што доаѓаат од Македонија на косовска територија. Македонските власти пак сега подготвуваат нова –контрамерка.

Имаат ли перспектива младите во државава?

Драги пријатели, со голема радост го споделуваме првиот подкаст на Македонско-американската алумни асоцијација од серијалот ‘The Voice of MAAA’ (Гласот на МААА) при проектот ,,Алумни поддршка на волонтерски и воннаставни активности".

Подкастот е на тема „Перспективите на младите луѓе во нашата земја„ и во него гостуваат нашите членови Бојан Кордалов, комуниколог и Иван Дургутов, младински активист, а го модерира Катерина Топалова, новинар.

Се надеваме дека гласот на нашите членови ќе допре до младата популација во нашата земја, како и до сите заинтересирани за темата. Уживајте!

ВИДЕО: Гори мотор на Теодосиј Гологанов во Скопје!

Втор пожар денеска во Скопје. Не толку голем како оној во Универзалната Сала, но доволно силен за да ги вознемири жителите на населбите Тафталиџе и Козле. 

Во пожар изгоре мотор на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов веднаш до комплексот Гранд Престиж. Засега нема информации за повредени или пак за тоа како настанал пожарот.

Видеото можете да го погледнете на линкот подолу.

Испратено од: Сара

https://youtube.com/shorts/20hGpiR-0SU?si=DFfQ5VxsyiO-B7dw

Имер Селмани: „Тежам околу 50 милиони евра"

Што се случува со неговата прва пасија, медицината, бидејќи завршил Медицински факултет, како и зошто го почнал бизнисот, со што се занимава неговата компанија, колку тежи неговото богатство, на што најмногу сака да троши пари...

„Горд сум на себе, бидејќи вработуваме луѓе, плаќаме даноци, имаме редовни приходи, инвестираме... денеска сме дисперзирани како компанија која што има повеќе дејности. Сега градиме, при крај сме, на еден супер луксузен модерен комплекс во едно место кое што беше заборавено од Скопје, од скопјани, од државата буквално. Тоа е помеѓу касарната Илинден и булевар Словенија, тоа е практично Карпош. Таму градиме станбен комплекс од речиси 350 станбени единици и деловен простор...“, ова меѓу другото го истакнува Имер Селмани, во првиот подкаст „Бизнис муабети“, кој од денеска ексклузивно ќе се емитува на порталот Фактор.  

Почитувани читатели, како што и Ви најавивме, денеска реномираниот портал Фактор воведува уште една новина во своето работење, со која се обидуваме уште повеќе да се доближиме до Вас и до Вашите потреби, а секако, и да ги следиме модерните трендови во новинарството и во медиумското работење. Имено, стартувајќи од денеска, па секоја наредна недела во истиот термин, петок, преку нашиот портал ќе можете да ги следите новите епизоди од серијалот подкасти со наслов „Бизнис муабети“, одбран токму во духот на доминантно економската определба на нашиот медиум.

Водител на подкастот е добро познатиот на македонската јавност новинар Мишко Иванов, уредник на многу популарни и гледани телевизиски емисии во својата кариера во изминатиот период.

Гости на нашиот подкаст ќе бидат еминентни имиња од светот на бизнисот, политиката, општественото живеење, власта, опозицијата, но и многу други релевантни соговорници чии професионален ангажман или делување оставиле печат на околината која не опкружува. 

Погледнете ја првата епизода од „Бизнис муабети“, на Фактор.

Популарно