Крај на заложничката драма: Убиецот изнесен на носилка

niska-banja-2-86275

Средовечниот маж Дејан Дејанчиќ (51) е убиен во Нишка Бања кога на него утрово околу 8.30 часот пукал неговиот вработен.

Сопственикот на вилата починал на самото место, а убиецот не сакал да излезе од вилата.

Полицијата преговарала со него, а потоа се фрлени две шок бомби и лекарите заедно со полицијата влегле во вилата.

Таму го затекнале убиецот Д.Ј. во бессвесна состојба.

Тој се обидел да изврши самоубиство така што си пукал во глава. Во тек е реанимација.

Девојка била сведок на страотното злосторство и штом се случило убиството истрчала пред вилата. Таа цело врем додека траела драмата стоела пред вилата со полицијата и стравувала за животот на своето момче - убиецот на сопственикот на вилата.

Убиецот Д.Ј. (42) е префрлен во болница во тешка состојба, со прострелна рана во главата.

На крвавиот пир претходела кавга околу девојката на рецепционерот за која бил заинтересиран и сопственикот на вилата.

Бесниот рецепционер испукал неколку куршуми во газдата, кој паднал мртов на самото место, а девојката веднаш побегнала од таму.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно