Крајот на една Рејтинг Агенција

Паушална, елементарно неиздржана, со политички речник кажано дилетантна. На фалуклтет за политички науки, онаму каде што предава Ѓоги Спасов, се добива 4, не 5, туку четворка за методологијата по која е правена последната анкета на “реномираната” агенција Рејтинг. А кога почетокот е промашен, тогаш резултатот е небитен. Народски кажано лажен. Има и друга дефиниција – манипулација, тоа така се дефинира кога нешто е во нечија функција. Можеби и тоа е основата.

izbori-glasanje-1370469909-321463-630x338

Но, ајде да не биде дека оценката е пристрасна и неоснована, ќе се обидам да направам една анализа на анкетата на “почитуваната” Агенција Рејтинг. Анализа заснована на моето новинарско искуство од 13 години, во кои во Македонија имаше 12 изборно-референдумски циклуси, и чии резултати и анкети редовно ги следам и анализирам. И предизборно и постизборно. Паралелно ги имам анализирано и претходните девет изборно-референдумски цикуси.

Рејтинг денеска објави анкета, во која потенцира дека е спроведена телефонски во сите шест изборни единици во период од 4 дена, на репрезентативен примерок од 1560 испитаници. Обично во Македонија испитувањата се прават на репрезентативен примерок од 1200 испитаници, бројката треба да значи дека веродостојноста е поголема, бидејќи опфатот е поголем, иако вистинскиот репрезентативен примерок треба да биде најмалку на 0,1% од таргет групата, која во случајот е лица со право на глас, или според последниот избирачки список тоа е бројка од најмалку 1779 лица. Но тоа не е предмет на анализата.

Каде е манипулацијата во анкетата на Рејтинг? Бидејќи најинтересен е рејтингот на претседателските кандидати, фокусот на ова анализа е насочен таму, иако останатите прашања, ако посебно се анализираат, ќе се види дека се манипулативно насочени, нешто што е елементарно недозволиво за испитување на јавното мислење, ако нели сакате да добиете реален резултат.

Според Рејтиг, на претсојните претседателски избори, резултатот би бил следен:

Стево Пендаровски би добил 36,9% од испитаниците;

Ѓорге Иванов би освоил 35,1%

Илијаз Халими 9,4%

Зоран Поповски 1,9 %

Неопределени 16,7 %

Тоа се резултатите што ги предвидува Агенцијата Рејтинг. Е, сега! Што покажува оваа анкета? Ништо спектакуларно за анкетарите на Рејтинг, веројатно! Според оваа анкета излезноста на следните претседателски избори ќе биде, ни помалку, ни повеќе, туку 83.3% ????

Сериозна агенција која сака да се занимава со испитување на јавното мислење и притоа сака да влијае во јавноста со резултатите од анкетата, прво ќе мора себе си да си одговори, а потоа и на јавноста да и објасни, врз основа на која методологија извади дека на следните претседателски избори во Македонија ќе излезат на гласање 83.3%, или преведени во реални гласови 1.482.383 гасачи. Толку според Рејтинг ќе биде излезноста на Претседателските избори.

Која е таа сериозна рејтинг агенција, која може да предвиди излезност на изборите од 83.3%, ако просекот на излезност на последните 12 изборни циклуси се движи од 55 до 65 проценти? Серизона агенција, која сака да претендира нејзините анкети да бидат релевантни, кога на крајот од испитувањето, откако ќе ги сумира резултатите и ќе добие податок со ваква фрапантна излезност, бара одговор на ова прашање. Зошто толкава излезност? Од каде токава излезност? И сето тоа врз основа на нови истражување ќе и го објасни на јавноста. Во оваа анкета одговр на ова прашање нема. Ако одговорните од Агенцијата немаат одговор на овие прашања, тогаш јас сакам да ми посочат кога во Македонија и на кои избори имало излезност над 80%. Ако за нив тоа не е битен податок, кој нели произлегол од испитувањето, за мене е најважен и сметам дека тоа треба да се објасни.

Чисто колку за информација на Агенцијата Рејтинг, не за друго, туку нека си го имаат в предвид податокот за себе. Избори со најголема излезност, иако оспорувани и сосема јасно фалсификувани, во Македонија се слулчија во 1994 година. И тоа во делот за претседателските избори, кога победи Киро Глигоров во првиот круг. Излезноста беше 76,2%.

Вториот податок, кој исто така ниту од далеку има здрав разум според оваа анкета, е пресметката во реални гласови. Знаете, анкетите се математика. Не се нити желби, ниту импровизации. Не се политика. Чиста математика и тука нема лажење, нема егзибиции. Процентите го одредуваат приближно бројот на реални гласови, или коефициент, каде што негаде се нарекува.

36,9 –те %, значат дека Пендаровски ќе треба да освои околу 656.592 гласа. Колку оптимистички? Кое е објаснувањето на Рејтинг, како СДСМ, партија која е предлагач на Пендаровски, од најдобриот резултат на Црвенковски во 2011, од поседните шест циклуси од 368. 496 гласови, ќе дојде до 100% зголемување??? Или како од 264.828 гласови, што Љубомир Фрчковски ги освои во 2009, ќе дојдоа до фантастични 391.764 нови гласови? Што е тоа што се случи во Македонија, па 250% порасна рејтингот на опозицијата? Чума? Војна? Елементрани непогоди? Што? Што е тоа, што го прави овој резултат, а Рејтинг не го кажува?

Еве уште еден податок, кој можеби ќе им послужи во иднина на Рејтинг. Највисок број на гласови, кој, кога било ги освоил, ако се иземе сомнежот за фалсификат, е Киро Глигоров во 1994-та. Беше избран за Претседател на Македонија со 52,4% од запишаните гласачи, тогаш 1.368.000, или за него гласаа 716. 832 гласачи.

Затоа сега пак прашувам, што е тоа што Рејтинг го знае, а не го соопштува, а е причина што Пендаровски го делат само 60.240 гласа од резултатот од 1994?

Албанските гласачи? Еве од мене одговор и за тоа. За албанските гласачи. Илијаз Халими, според Рејтинг би добил 9,4% од гласовите. Тоа вака паушално, без анализа покажува две работи. Прво џабе надежта дека албанските гласови ќе отидат кај Пендаровски, бидејќи, ако е точна, оваа анкета тоа го демантира. И доаѓа како тејк-даун за СДСМ. Со 9,4% за Халими и ДУИ треба сериозно да се замисли. Тоа значи дека идејата за консезуален претседател што ја форсира ДУИ и за која тера кампања е поразена од своите. Од Албанците! Зошто? Еве зошто!. 9,4% пресметано во реални гласово се 167.262 гласа? Тоа е резултат за кој и Мируше Хоџа и Агрон Буџаку заедно можеа да сонуваат во 2009-та? Уште нешто. Овој рејтинг на Халими е раст од фантастични 450% за ДПА во споредба со резултатот од претседателските избори во 2009. Или еве уште една анализа. Ако просекот на излезени албански гласачи на сите избори во Македонија во просек е околу 265.000, тоа значи дека ДПА го гази ДУИ. Ако партијата на Тачи го повтори резултатот на Халими на претседателските избори, тогаш лошо му се пишува на Ахмети. Тоа е повеќе од 60 % од гласачкото албанското гласачко тело, или раст на ДПА од последните зибори за фантастични 120%. Ве молам! Дајте бе одговор на овие прашања? Како на ДПА и расте толку… рејтингот!

За сериозна Агенција ваквите податоци, кога ќе го види во анкетата што сама ги направила се аларм дека нешто не е во ред. И кога ќе даде соодветен одговор на овие прашања, ама направени врз издржана анализа, можеме да дебатираме.

Но, што всушнот направила Агенцијата Рејтинг? Еве што!. Прво податокот за репрезентативен примерок од 1560 испитаници е неточен, затоа што на секое јавување, на кое анкетарите добиле одговор нема да гласам, не знам, не сакам да одговорам, не ме интересира, тие не ги евидентирале во анкетата, туку ги заменувале со други. И се така додека не добиле одговор. Колку е тој реален примерок? Ич! Нула!. Колку повеќе имрповизирате со нови испитаници, толклу погрешен резултат добивате. Затоа што ако некој се изјаснил дека не е заинтересиран не можете да го избачите од репрезентативниот примерок и да внесете нов. Колку пати се сменети и резултатите додека не го добиете одговорот дека некој ќе гласа за Пендаровски? Одговор имаат анкетарите. Реалниот примерок можеби е и повеќе од 3500 или 5000 испитаници. Или со прост речник, “врти додека не ти каже некој дека ќе гласа за Стево!”

Обидот да се испере оваа, за мене срамна анкета на Рејтинг, срамна, затоа што и Заев, а Пендаровски лично и уште најмалку десетина од врвот на СДСМ, типуваат на минус 50.000 гласа на контонто на Пендаровски во првиот круг, нешто што го претставуваат како добар успех за пред парламентарните избори. Не ја амнестира оваа безвредна анкета пласирање во јавност на историјат на анкети што ги правела оваа Агенција. Не спорам дека Рејтинг во 2008, 2009, па и 2011 до некаде ги предвиде изборните резултати, но важно е да се знае позадината зошто тоа беше така. Една од нив е што Рејтинг, за потребите на Дневник, едно време правеше анкети со порелевантни резултати, само со еден мотив. Револтот што го имаше Професорот Спасов кон тогашното раководство на паријата, кое одлучи да го стави на дистанца од врвот на партијата.

Мислам дека не е вредно да се анализира, но добро е да се напомене кој е нарачател на анкетата. Ви значи ли нешто политиката на неделникот Фокус? Фала Пријатно!

Што ќе се случи на 13 и 27 април? Од моето искуство и од анализите на анкетите пред и по изборите, ако се анализраат сегашните анкети, проценките се дека разликата меѓу Иванов и Пендаровски во првиот круг ќе биде над 150.000 гласа. Тоа е вовед во можноста ВМРО-ДПМНЕ да ја помине магичната граница од 497.392 гласа, што Црвенковски ја освои на изборите во 2002 и да стане партија со историски наголем изборен резултат во две децениската независност на Македонија. Обично не грешам во проценките, но мислам дека овој пат ќе направам утка со прогнозата за 66 пратеници.

Марјан Николовски – Новинар за Денешен.мк

Заев сака, но не може да и даде на Бугарија

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет. Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас. Поважна и посериозна е разликата во нашите светогледи“, напиша вчера премиерот Заев и додаде: Јас работам на доближување на ставовите околу разликите, и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки. Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза. Доста беше омраза!

Не знам од каде да почнам.... Ајде од почетокот. Први Август 2017 година. Денот на потпишување на договорот и изјавата на Заев дека со овој договор Бугарија го „признала“ Македонскиот јазик. Ммммм...НЕ! Единствено место каде се спомнува македонскиот јазик е последниот пасос во кој се вели:
„Потпишан во два оригинални примероци, секој од нив на официјалните јазици на Договорните страни – македонски јазик, согласно Уставот на Република Македонија и бугарски јазик, согласно Уставот на Република Бугарија, при што и двата текста имаат еднаква важност. “
Значи, согласно уставот на Република Македонија, што значи дека јазикот целиот свој легитимитет го влече од уставот, кој е менлива категорија и постои едвај 30тина години. За разлика од уставот, македонскиот јазик е официјален јазик векови наназад. 
Токму догооворот за добрососедство и лагите што тогаш ги ширеше Заев, се јасен аргумент дека премиерот знаел што го очекува и дека и сега знае што следува. 

Следно, „Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет“. Јазик не се признава. Јазик  постои и се кодифицира(стандардизира). Тоа што оваа влада постојано повторува дека македонскиот јазик е признат во 1977 година во Атина е само уште лага, со која повторно им се дава оружје на бугарските тврдења дека станува збор за бугарски дијалект. Во 1977 година во Атина со резолуција е усвоена латиничната транскрипција на македонската кирилица. Толку! Не се работи за никакво признавање, затоа што такво нешто не постои! Како тоа некој да ви признае јазик? Кој е тој што го може тоа?

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет“, колку и гордо да звучи, нема никакво значење во спорот со Бугарија и Заев го знае тоа. Софија секојдневно повторува дека тие немаат проблем со тоа што ние денеска сме Македонци и зборуваме македонски јазик, туку со нашето минато. На Бугарија во моментов не и гајле дали сме ние Македонци, туку што тоа биле нашите предци. „Македонија и македонскиот народ се творба на Тито. Излажани Бугари, а македонскиот јазик е само дијакт на бугарскиот“. Тоа е ставот на Софија и во ништо не се оспорува со „гордата“ изјава на премиерот. 

„Етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас“. И со оваа реченица Бугарија нема никаков проблем. Како што реков и пред малку, Софија признава дека сега сме различни народи, со различен идентитет. Тие ја сакаат историјата. Тоа многу отворено го кажа нивниот министер, кога рече дека убаво што Заев прифаќа заедничка историја, само уште да признае дека е бугарска. 

„Јас работам на доближување на ставовите околу разликите“. За некој да работи на доближување на ставовите, прво треба да има став, а Заев го нема. Дури и кога личи дека го има, ЛАЖЕ! ЛАЖЕШЕ дека нема да се смени устав со цел да се смени уставното име! ЛАЖЕШЕ дека со „Преспанскиот договор“ е бетониран идентитетот, но ја изгубивме пола историја (историја +традиција +култура+јазик = идентитет). ЛАЖЕШЕ дека со договорот со Бугарија, Софија го „признала“ македонскиот јазик. ЛАЖЕШЕ дека не постои „Тиранска платформа“. ЛАЖЕШЕ дека сме добиле датум за прговори со ЕУ, барем 12 пати. ЛАЖЕШЕ дека има писмени гаранции за почеток на преговори со ЕУ. ЛАЖЕШЕ дека Бугарија во втората светска војна била само администратор во Македонија. ЛАЖЕ и сега! Заев нема став, затоа што тој не се обидува да го реши спорот со Бугарија за доброто на Македонија, туку за свое добро. Во ситуација кога земјава е задолжена над 60% од БДП (високозадолжена земја), по што му е јасно дека повеќе нема да може да се задолжува и многу скоро ќе остане без пари за плати и пензии, единствен спас му се европските фондови. Во ситуација кога Македонија е 7ма по смртност од Корона, а ситуацијата до прва ќе се влошува, Заев знае дека многу скоро (на пролет) ќе мора на избори. По сите порази, на сите полиња, Заев знае дека неговата политичка кариера завршува со тие избори. Но, не е тоа главниот проблем на премиерот. Она што него навистина го плаши е прогонот кој што му следува. При "All in“ има само две можни. Ги собираш сите чипови (успеси) од масата или губиш се, па дури и слободата. 

Заев во моментиве е давеник, налик Груевски пред неколку години. Разликаата е што Груевски бараше спас кај народот (кој го пљачкаше со години), а Заев очекува да му помогнат странци. Она што сеуште не го разбрал е дека, кога ќе ја изгуби довербата кај народот, странците нема да го есапат. Завршено е! Сега дури и да прифати дека до вчера сме биле Бугари, а јазикот ни е препишан од бугарски буквар од 1943 година, никако не може да му понуди гаранција на Борисов дека тој договор ќе биде почитуван од наша страна. При таков договор, диру ни почеток на преговори со ЕУ нема да му донесе победа на изборите, а тоа Софија го знае. Затоа, сега потписот на премиерот не вреди ништо во Бугарија. Од таму и изјавата на Каракачанов дека изјавите на Заев се празни зборови, му требаат дела. Делата Заев не може да ги понуди! Единствено што може да направи е дополнителна штета во односите со Бугарија со уше некој анекс договор, за кој нормално ќе ЛАЖЕ што подразбира. Ова не значи дека давеникот ќе престане да прета и да се бори за воздух и по цена на други жртви, но крајот е блиску, а СДСМ никако не може да го запре. 

По сите понижувања и неуспеси кои како народ ги доживеавме под оваа владејачка гарнитура, добрата вест е дека за неколку месеци ќе заминат во историјата (во онаа црната). Лошата вест, доколку драстично не се променат работите, е дека Мицковски ќе биде новиот премиер. Сегашниот лидер на ДПМНЕ кој не направи ама баш ништо, да го спречи Заев во своите антимакедонски политики, премиерската позиција ќе ја добие на тацна. Слично како што ја доби и претседателската функција во својата партија. ДПМНЕ под лидерство на Мицкоски не доби ниту едни избори, не оствари ниту една победа! Ако толку може како партиски лидер, колку (ич) ќе може како премиер?

Можеби малите партии (од кои се издвојува Левица) ќе можат да го искористат вакумот, но сеуште е рано да зборуваме за премиер кој не е челен на СДСМ или ДПМНЕ. 

Автор: Пацифист

(Фото) Му се слошило на работа, западнал во кома, а брзата помош го однела... ДОМА

На социјалните мрежи во Фејсбук групата "Стари Скопјани" се најде статус каде еден од членовите на истата група раскажа за случка која се случила во неговото семејство.

Имено, неговиот зет за време на работа му се слошило и се онесвестил. Неговите колеги повикале брза помош, но тие наместо веднаш да го хоспитализираат тие го транспортирале само до ДОМА.

"Состојба тогаш: не зборел, не бил при свест, не мрдал не бил контактибилен. Тој е на возраст од 40 години,а работи во близина на ГОБ "8ми Септември", ( па нели требало прво да го однесат на некакво снимање, преглед и сл, па така барем беше во наше време. Од како го донеле дома му ставиле инфузија и си заминале и ја повикале ќерками од работа. Сега мојот зет лежи во КОМА, не сум по таа струка за да знам што му е, но само лежи без никакви знаци. Денес дојдоа еднаш од брзата помош да му сменат инфузија и оставија некое кесе, па ќерками ми напиша на ливче што се треба да купам од аптека, изгледа ќе треба сами да го боцкаме. Понатаму ќе ве известам како ќе течат работите, но еве како се спремни оние од екипата на Филипче да помагаат на болните во време на пандемија."

"Мајко Македонијо" те ранија, те омаловажија, стана безимена

Ех, Македонијо мајко моја, Те ранија, те омаловажија, стана безимена. Станавме затворен логор. Потпишавме капитулација. Останавме затворена ковид држава. Секој ден гледаме луѓе без насмевка, луѓе со маски и тешки мисли “Како да издржиме и месецов?”. Во држава во која се шири вирусот со невидена брзина, каде секојдневно имаме над стотици заболени. Дури некои се спремаат за избори, народот се заразува.

ИЗБОРИ ЌЕ ИМА! Има ли пилот во авионот со име МАКЕДОНИЈА? Економијата ни тоне, здравството колабира, а сиромаштијата влегува во фаза на ЕПИДЕМИЈА.

Здравствените работници со последни сили се борат, десеткуваани, заразени и деградирани. Некои земаат картички, некои не но сите заедно и сложно се борат против невидливиот непријател. Без нивната храброст и пожртвувсност ќе бевме Вухан на Балканот. Со ваков галопирачки развој на вирусот, со ваква неспособна власт, ќе имаме долго, топло и пеколно лето и многу ладна есен и зима. Државата ќе банкротира со колабирано здравство, пандемија на сиромаштија и корона.

Ех.. МАКЕДОНИЈО.

М-р Боби Бојчевски

Популарно