Кримската криза одблизу

АВТОР:Виктор Цветиќ

апсолвент на правен факултет

Krimska kriza
Многу од вас можеби ќе се сложат со општото јавно мислење за тоа како во Крим моменталната состојба може да преставува тригер за нова светска војна каде Русија ќе се појави како новиот окупатор во Евро-Азиската зона, но многу малку факти и тоа навистина што се случува е прикажано на светските медиуми, очигледно повторно се работи за про-западна пропаганда која и некако ја има опфатено амнезија за Балканот и Косово пред 14 години и за тоа како токму САД и Нато се  вмешаа директно во суверенитетот на нашиот северен сосед, да не говориме какви импликации има до ден денес тоа на нашите живот од зголемени стапки на канцер, до нарушени меѓуетнички односи помеѓу народите, и сето тоа изгледа како перфектен рецепт за уште еден конфликт во иднина. Да не прибегуваме од темата, Крим изминатиов период е топ тема на светските медиуми, некои Русија ја нарекуваат окупатор некои спасител. Најдобриот одговор ќе го добиете ако прашате некој граѓанин на Република Српска што мисли за војната во Југославија, и ќе сфатите како тоа е изманипулиран обичниот човек за воено територијално-политички цели. Сепак самиот факт тоа што едноставно Руските сили за помалку од 40 часа го окупираа Крим , а да не заборавиме дека населението на Крим број исто толку жители како и нашата татковина, преставуваше бодеж во очите на западните сили. Настрана медиумската слика која што ние преставена и така добро нашминкана за да не убеди кои се спасителите а кои се окупаторите за ние потоа тоа директно преку гласање на нашите непосредни преставници во парламентот  да им одадеме несвесна нивна подршка ( читај запад, бидејќи кон тоа цилја  Р.Македонија ) , нас не интересира зошто во Крим војната е избежна. Секако тензиите се преголеми, влакно недостасува за светот да се втурне во нова светска војна, која подоцна на човекот ќе му овозможи четвртата светска војна да ја војува со лак и стрела, но и не е така како што мислиме. Прво мора да се земе во предвид фактот тоа што во Украина цела воена подготвеност и техника датира од далечните осумдесети години,  застарена Советска милитаристичка техника, иако Украина беше најголемиот центар за изработување на оружје во Советскиот сојуз, Горбачов со својата перестројка во осумдесетите години придонесе до еден вид уништување на сите центри во Украина се поради една проста причина подобрување на угледот на СССР кон западот. Наспроти Украина ја имаме Русија која преставува една светска супер сила  која е движечка економија и која 34 посто од нејзиниот годишен буџет го вложува во воени активности. Второ можеби најбитно да се напомене е тоа дека Украинската војска со која располага на територијата на Крим согласно со фактот што цела Украина е во банкрот и финансиска криза, платите со кој располагаат војниците се мизерни, односно моралот на размислување и подтвеност им е сведен на минимум. Наспроти нив ги имаме руските војници кој во светот се меѓу највисоко платени војници, самиот факт што просечна плата во Москва изнесува над 1000 евра многу работи ни кажува. Истотака да се напомене е дека многу војници и чиновници од страна на Кримската војска преминаа на страната на Русија, со други зборови вметнување Тројански коњ. Трето можеби најголемата причина е тоа што на западот и не така му е од интерес да воведе санкции против Русија, говориме за ЕУ, бидејќи самиот факт што Русија е најголемиот увозник на Европската Унија доволно говори за какви односи станува збор, со оглед на фактот што еден ден одкако започна Кримската тензија Меркел беше приморана да одржи итен состанок со Владимир Путин, секако и тоа што Германија увозува 36,5 посто од целиот извоз на гас од Русија доволно говори за ставот на Европската унија кон Русија. И нај битно од се е тоа што Русија има договор со Украина за користење на своја база за својата Црноморска флота. Војната во Крим кои што сите ја предиктираат дека ќе се оствари,шансите се минимални, бидејќи на никого од корист нема да му биде. Се запрашувате зашто ? Прво, единствената цел на НАТО е да се направи тампон зона околу Русија, таа цел е предводена од Америка во последните 60 години. Затоа ако добро приметите војните во Авганистан, Сирија, Украина кризата, Ирак се држави кои ја опколуваат Русија ( со исклучок на Ирак и Сирија но тоа  не значи дека тие се неважни за Русија самиот факт што Набуко проектот пропадна поради Сирија,  и Јужниот тек се оствари во полна цел ). Земете го самиот факт што по распаѓањето на СССР и Варшавскиот пакт , зашто САД никогаш на Русија не и понуди членство во Нато а со тоа да го изградат светот врз основа и владеење на правото, и разните инструменти кој Империјалистичките земји ги користат како причини за отпучнување на окупациони активности( Луѓето во Либија кои што беа под терор на нивниот диктатор, Сирија луѓето кои што се под терор на нивниот диктатор мислиш на Ал Каеда,  Украина луѓето кои што беа под терор на Јанукович мисли ликовите кои подоцна признаа дека се платеници Амерички кои стрелаа кон својот народ со снајпери за да иницираат пресвртница ала Масакрот на Маркале во Сараево 1995 година ). Потоа Украина е државата која многу правни и политички умови ја вбројуваат во можеби најбитната светска држава, затоа и го имаат дадено епитетот срцето на светот, тој кои што ја има Украина ја држи цела Евро Азиска територија, што наведува дека и не така лесно и брзо би се решил овој проблем измеѓу САД и Русија, туку напротив се работи на постмодернистички начин на војување односно економска војна. Потоа како финално мора да се напомене Економскиот притисок кој Русија и го наметна, односно долгот од 2 милијарди долари кои што Украина го има спрема ГАЗПРОМ за неплатен гас, затоа Украина ќе биде приморана да го земе кредитот од 11 милјарди евра од ЕУ, со можност за развивање на трговска зона, но тоа ни малку не би ја подобрила еконосмката ситуација ако се земе во предвид дека минималните неопходни средства на Украина се 15 милијарди евра кои што ги бара од ММФ. Покрај тоа Русија се пронаоѓа како спасител бидејќи уште  во 2013 и понуди кредит од над 30 милијарди евра. На штета на Нато и ЕУ доведува и самата изјава на Шредер кој што јавно пред Европскиот парламент се изјасни и говореше за тоа како НАТО НЕЛЕГАЛНО ЈА БОМБАРДИРАШЕ ЈУГОСЛАВИЈА ЗА ВРЕМЕ НА КОСОВСКАТА КРИЗА, тоа секако ќе доведе до помалите држави како Молдавија, Македонија, Косово, Србија, Романија и целиот Балкан воопшто да се запрашаат што навистина ќе им донесе членството во НАТО, по мое мислење Македонија е најголемиот пример за тоа како треба солидарно да се испраќаат војници во Авганистан како помош на НАТО пактот и притоа ниту еден бенефит да имаме. Референдумот на Крим е закажан, тој ќе се одржи под  видното око на правото и МСП, тоа и ќе преставува еден вид избегнување на конфликт, окупацијата на Русија е јасна но повеќе ја разбирам некако, нити ги уништува граѓаните со ураниум ( читај Косово ), нити ги бомбардира Украинците ( читај Србија ) , нити ги вади терористичките платеници со автобуси ( читај Македонија ). Многу малку луѓе всушност се запознаени со милионерската револуција што се случува во Украина, тоа е револуција на милионери против милјардери. Во Украина има 20 олигарси кои што учествуваат 85 проценти во Украинското БДП, тука за пример ќе го земеме Виктор Пинчук вториот најголем магнат прво го подржуваше Мајдан ( протестот) подоцна апелираше на тотално решавање во најможен скорен рок на оваа криза, значи некаде системот се руши, олигарсите и понатаму се со власта но нешто ги спречува да се консолидираат со новата власт. Мора да се напомене дека учеството на Поповиќ е на неколку наврати споменато ( Поповиќ е лик кои што ги има организирано револуциите – Булдожер Белград , Египет , Либија платеник на Сорос ) . Наспроти сликата која ја обви Украина, Русија има малку поинаков приод кон целата криза, таа е понесена од битни факти кои што и не така лесно ќе и дозволат да се откажат од Крим. Најпрво пред се во Крим живеат ан 60 посто руско население, што преставува оправдување да се вмеша Русија, подоцна да се напомене и фактот дека е лоциран на Црното море со површина од 27 илјади километри квадратни и преставува единствениот автономен регион во Украина, занимливо за Русија што се вмешува зар не ?  Потоа мора да се напомене фактот што конференцијата што ја стави последната точка на втората светска војна во Јалта беше на Крим одржана, каде што русите на чело со Сталин беа победници од целата војна. Мора да се напомене дека конфликтот помеѓу Русија и Украина датира уште пред 250 години, кога 90 посто од територијата на етничка Украина беше анектирана од страна на царска Русија, каде што животот во Кримската војна го загубија пола милион луѓе , и најбитниот податок е дека Украина беше помагана од Франција и Британија чудно зар не? За на крај од страна на Никита Хрушчов да биде предадена територијата на Крим на Украина како знак на помирување во 1954 година, и покрај фактот што над 60 проценти од населението се изјаснуваа како Руси. Ова се факти кои што и даваат на Русија и те како да се вмеша во суверенитетот на оваа држава, секако интересите на Украина се бекапирани од страна на западот, тоа и историски и во денешно време може да се забележи. Едно е јасно дека студената војна колку и да ни изгледаше дека е  завршена таа продолжува, вечната војна помеѓу Русија и Америка има директни импликации кон обичниот народ, за тоа сме ние најголеми сведоци што ни се случуваше на Балканот, наредната колумна ќе биде посветена на развојните меѓуетнички случуавања како директен резултат на превирањата во Украина, само запрашајте се зашто ДУИ иницираше предвремени парламентарни ?

Виктор Цветиќ апсолвент на правен факултет

Заев сака, но не може да и даде на Бугарија

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет. Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас. Поважна и посериозна е разликата во нашите светогледи“, напиша вчера премиерот Заев и додаде: Јас работам на доближување на ставовите околу разликите, и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки. Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза. Доста беше омраза!

Не знам од каде да почнам.... Ајде од почетокот. Први Август 2017 година. Денот на потпишување на договорот и изјавата на Заев дека со овој договор Бугарија го „признала“ Македонскиот јазик. Ммммм...НЕ! Единствено место каде се спомнува македонскиот јазик е последниот пасос во кој се вели:
„Потпишан во два оригинални примероци, секој од нив на официјалните јазици на Договорните страни – македонски јазик, согласно Уставот на Република Македонија и бугарски јазик, согласно Уставот на Република Бугарија, при што и двата текста имаат еднаква важност. “
Значи, согласно уставот на Република Македонија, што значи дека јазикот целиот свој легитимитет го влече од уставот, кој е менлива категорија и постои едвај 30тина години. За разлика од уставот, македонскиот јазик е официјален јазик векови наназад. 
Токму догооворот за добрососедство и лагите што тогаш ги ширеше Заев, се јасен аргумент дека премиерот знаел што го очекува и дека и сега знае што следува. 

Следно, „Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет“. Јазик не се признава. Јазик  постои и се кодифицира(стандардизира). Тоа што оваа влада постојано повторува дека македонскиот јазик е признат во 1977 година во Атина е само уште лага, со која повторно им се дава оружје на бугарските тврдења дека станува збор за бугарски дијалект. Во 1977 година во Атина со резолуција е усвоена латиничната транскрипција на македонската кирилица. Толку! Не се работи за никакво признавање, затоа што такво нешто не постои! Како тоа некој да ви признае јазик? Кој е тој што го може тоа?

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет“, колку и гордо да звучи, нема никакво значење во спорот со Бугарија и Заев го знае тоа. Софија секојдневно повторува дека тие немаат проблем со тоа што ние денеска сме Македонци и зборуваме македонски јазик, туку со нашето минато. На Бугарија во моментов не и гајле дали сме ние Македонци, туку што тоа биле нашите предци. „Македонија и македонскиот народ се творба на Тито. Излажани Бугари, а македонскиот јазик е само дијакт на бугарскиот“. Тоа е ставот на Софија и во ништо не се оспорува со „гордата“ изјава на премиерот. 

„Етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас“. И со оваа реченица Бугарија нема никаков проблем. Како што реков и пред малку, Софија признава дека сега сме различни народи, со различен идентитет. Тие ја сакаат историјата. Тоа многу отворено го кажа нивниот министер, кога рече дека убаво што Заев прифаќа заедничка историја, само уште да признае дека е бугарска. 

„Јас работам на доближување на ставовите околу разликите“. За некој да работи на доближување на ставовите, прво треба да има став, а Заев го нема. Дури и кога личи дека го има, ЛАЖЕ! ЛАЖЕШЕ дека нема да се смени устав со цел да се смени уставното име! ЛАЖЕШЕ дека со „Преспанскиот договор“ е бетониран идентитетот, но ја изгубивме пола историја (историја +традиција +култура+јазик = идентитет). ЛАЖЕШЕ дека со договорот со Бугарија, Софија го „признала“ македонскиот јазик. ЛАЖЕШЕ дека не постои „Тиранска платформа“. ЛАЖЕШЕ дека сме добиле датум за прговори со ЕУ, барем 12 пати. ЛАЖЕШЕ дека има писмени гаранции за почеток на преговори со ЕУ. ЛАЖЕШЕ дека Бугарија во втората светска војна била само администратор во Македонија. ЛАЖЕ и сега! Заев нема став, затоа што тој не се обидува да го реши спорот со Бугарија за доброто на Македонија, туку за свое добро. Во ситуација кога земјава е задолжена над 60% од БДП (високозадолжена земја), по што му е јасно дека повеќе нема да може да се задолжува и многу скоро ќе остане без пари за плати и пензии, единствен спас му се европските фондови. Во ситуација кога Македонија е 7ма по смртност од Корона, а ситуацијата до прва ќе се влошува, Заев знае дека многу скоро (на пролет) ќе мора на избори. По сите порази, на сите полиња, Заев знае дека неговата политичка кариера завршува со тие избори. Но, не е тоа главниот проблем на премиерот. Она што него навистина го плаши е прогонот кој што му следува. При "All in“ има само две можни. Ги собираш сите чипови (успеси) од масата или губиш се, па дури и слободата. 

Заев во моментиве е давеник, налик Груевски пред неколку години. Разликаата е што Груевски бараше спас кај народот (кој го пљачкаше со години), а Заев очекува да му помогнат странци. Она што сеуште не го разбрал е дека, кога ќе ја изгуби довербата кај народот, странците нема да го есапат. Завршено е! Сега дури и да прифати дека до вчера сме биле Бугари, а јазикот ни е препишан од бугарски буквар од 1943 година, никако не може да му понуди гаранција на Борисов дека тој договор ќе биде почитуван од наша страна. При таков договор, диру ни почеток на преговори со ЕУ нема да му донесе победа на изборите, а тоа Софија го знае. Затоа, сега потписот на премиерот не вреди ништо во Бугарија. Од таму и изјавата на Каракачанов дека изјавите на Заев се празни зборови, му требаат дела. Делата Заев не може да ги понуди! Единствено што може да направи е дополнителна штета во односите со Бугарија со уше некој анекс договор, за кој нормално ќе ЛАЖЕ што подразбира. Ова не значи дека давеникот ќе престане да прета и да се бори за воздух и по цена на други жртви, но крајот е блиску, а СДСМ никако не може да го запре. 

По сите понижувања и неуспеси кои како народ ги доживеавме под оваа владејачка гарнитура, добрата вест е дека за неколку месеци ќе заминат во историјата (во онаа црната). Лошата вест, доколку драстично не се променат работите, е дека Мицковски ќе биде новиот премиер. Сегашниот лидер на ДПМНЕ кој не направи ама баш ништо, да го спречи Заев во своите антимакедонски политики, премиерската позиција ќе ја добие на тацна. Слично како што ја доби и претседателската функција во својата партија. ДПМНЕ под лидерство на Мицкоски не доби ниту едни избори, не оствари ниту една победа! Ако толку може како партиски лидер, колку (ич) ќе може како премиер?

Можеби малите партии (од кои се издвојува Левица) ќе можат да го искористат вакумот, но сеуште е рано да зборуваме за премиер кој не е челен на СДСМ или ДПМНЕ. 

Автор: Пацифист

(Фото) Му се слошило на работа, западнал во кома, а брзата помош го однела... ДОМА

На социјалните мрежи во Фејсбук групата "Стари Скопјани" се најде статус каде еден од членовите на истата група раскажа за случка која се случила во неговото семејство.

Имено, неговиот зет за време на работа му се слошило и се онесвестил. Неговите колеги повикале брза помош, но тие наместо веднаш да го хоспитализираат тие го транспортирале само до ДОМА.

"Состојба тогаш: не зборел, не бил при свест, не мрдал не бил контактибилен. Тој е на возраст од 40 години,а работи во близина на ГОБ "8ми Септември", ( па нели требало прво да го однесат на некакво снимање, преглед и сл, па така барем беше во наше време. Од како го донеле дома му ставиле инфузија и си заминале и ја повикале ќерками од работа. Сега мојот зет лежи во КОМА, не сум по таа струка за да знам што му е, но само лежи без никакви знаци. Денес дојдоа еднаш од брзата помош да му сменат инфузија и оставија некое кесе, па ќерками ми напиша на ливче што се треба да купам од аптека, изгледа ќе треба сами да го боцкаме. Понатаму ќе ве известам како ќе течат работите, но еве како се спремни оние од екипата на Филипче да помагаат на болните во време на пандемија."

"Мајко Македонијо" те ранија, те омаловажија, стана безимена

Ех, Македонијо мајко моја, Те ранија, те омаловажија, стана безимена. Станавме затворен логор. Потпишавме капитулација. Останавме затворена ковид држава. Секој ден гледаме луѓе без насмевка, луѓе со маски и тешки мисли “Како да издржиме и месецов?”. Во држава во која се шири вирусот со невидена брзина, каде секојдневно имаме над стотици заболени. Дури некои се спремаат за избори, народот се заразува.

ИЗБОРИ ЌЕ ИМА! Има ли пилот во авионот со име МАКЕДОНИЈА? Економијата ни тоне, здравството колабира, а сиромаштијата влегува во фаза на ЕПИДЕМИЈА.

Здравствените работници со последни сили се борат, десеткуваани, заразени и деградирани. Некои земаат картички, некои не но сите заедно и сложно се борат против невидливиот непријател. Без нивната храброст и пожртвувсност ќе бевме Вухан на Балканот. Со ваков галопирачки развој на вирусот, со ваква неспособна власт, ќе имаме долго, топло и пеколно лето и многу ладна есен и зима. Државата ќе банкротира со колабирано здравство, пандемија на сиромаштија и корона.

Ех.. МАКЕДОНИЈО.

М-р Боби Бојчевски

Популарно