Кривична за Заев и Верушевски за сомнеж за шпиунажа со странски структури и промена на уставниот поредок

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев е еден од четирите лица осомничени во големата полициска акција „Пуч“. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека за прв пат во историјата е реализиран случај во кој е сузбиен обид за загрозување на уставниот поредок и недемократско преземање на власта.

imageeeee

Според информациите од полицијата, првосомничен е екс директорот на ДБК, Зоран Верушевски кого полицијата го терети за шпионажа и помагање на насилство врз државни функционери.

Второосомничена е неговата сопруга која служела за давање на информации кои подоцна биле искористени за вршење на делото. Таа била вработена во Стопанска банка, каде обработувала податоци. Сопругата на Верушевски на својот службен компјутер на работното место, според МВР, вршела превод на документи и податоци на англиски јазик, кој и ги давал осомничениот, за тој потоа преведени да ги предаде на странска држава, организација или лице што им служи.

Четвртоосомничениот Зоран Заев со повеќе лични средби и телефонски комуникации, на претседателот на Владата јасно и децидно му упатил сериозни закани дека поседува докази против него. Заканата ја конкретизирал со тоа што на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му вршел притисок да распише предвремени избори и да се формира техничка влада. За возврат ветувал дека немало јавно да ги објави информациите.

Според полицијата, изворот на Заев му бил Верушевски. Тој податоците ги добивал од него на повеќе тајни средби, а со посредство на третопријавениот. Применети се посебни истражни мерки, а на 22 јануари извршен е и претрес кај Верушевски при што се најдени 2 пиштоли, 4 компјутери и 6 мобилни. Од анализата на содржината во компјутерите пронајдени се илјадници документи кои покажуваат дека се сторени делата.Меѓу доказите најдени се и снимки од разговори на лица од политиката и јавниот живот. Станува збор за обемна содржина од преку милион фајлови.

Покрај Верушевски и Заев осомничен е и вработен во општина Струмица. Денеска извршен е и претрес во домот и други простории при што се одземени 4 компјутери, а претресот се уште е во тек. Целата група ќе одговара за насилство кон државни органи, загрозување на уставени поредок и демократски институции, дело кое прв пат се открива во Македонија. Заев е единствениот кој не е приведен во оваа полициска акција. Останатите тројца веќе се во рацете на полицијата. Зоран Верушевски е уапсен пред неколку дена, а сега приведена е и неговата сопруга Соња како и Бранко Палифров од општина Струмица.

Со оглед на сите околности на кривично правниот настан и фактот што кривичното дело останало во обид за осомничениот Заев не е поднесен Предлог за определување на мерката Притвор, туку Предлог за определување на мерка на претпазливост и тоа обврска на осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице односно кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница.

Во 14 часот премиерот Никола Груевски најави обраќање. Дали ќе биде на оваа тема се уште не потврдуваат.

Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка

Вработена во средно училиште во Битола нападната од своја колешка.

- На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т.(28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола  била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Приватните специјализанти четврти ден на штрајк

Штрајкот на приватните специјализанти продолжува и понатаму. На денешниот, четврти ден од генералниот штрајк, беше изразена осуда за притисоците што ги имаат од клиниките и од постарите колеги специјалисти.

Доктор Христина Илиоска Чешлароска, специјализант по интерна медицина, трета година, рече дека сака да ги охрабри сите колеги приватни специјализанти, да не подлегнат на притисоците од клиниките и да издржат во оваа нивна борба.

– Со оглед на тоа дека Министерството за здравство и министерот немаат слух за нашите барања, односно се изјаснија само за последното трето барање за решавање на нашиот статус, свесни сме и знаеме дека е тоа долг процес и нашиот статус нема така лесно и брзо да се реши, додаде Илиоска Чешлароска.

Таа појасни дека затоа сакале веднаш да се остварат првите две нивни барања, покачување на месечниот надоместок и воведување на здравствено осигурување. Притоа, истакна, дека со оглед на тоа што тие две барања за кои барале итно да бидат решени, не биле решени, тие ќе продолжеле со нивниот штрајк.

-Бидејќи министерот очигледно нема слух и не гледа дека ние штрајкуваме, во понеделник, во пет до 12, пред Министерството за здравство, повторно ќе се собереме на протест, под мотото, „Пет до 12 за македонското здравство“. Со тоа сакаме да упатиме јасна порака до Министерството за здравство и до целата држава. Затоа што, доколку овие 400 приватни специјализанти не ги добијат своите барања, јас сум сигурна дека на половина од нив, веќе, во некој ќош дома им стои куферот и чекаат само да го спакуваат и да заминат, подвлече Илиоска Чешлароска.

На новинарско прашање, таа одговори дека до сите катедри упатиле барање за поддршка. Јавно се заблагодари на професорката од Медицински факултет, инаку од клиниката за ревматологија, што вчера им даде поддршка. (МИА)

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека за 18.4.2023 година се создадени услови за испорака на топлинска енергија.

Оваа информација е во согласност со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 11˚С за 18.4.2023 година од Управата за хидрометеролошки работи. Снабдувањето со топлинска енергија во согласност со регулативата по правило се врши до 15 април, но грејната сезона може да биде продолжена до 30 април во зависност од временските услови, велат од ЕСМ.

Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите по 15 април секојдневно ја носи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ ако се исполнети условите за снабдување со топлинска енергија, односно доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12°С според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи на РСМ, се додава во соопштението на ЕСМ.

Популарно