Легија отворено зборува за сè: Кој го уби Ѓинѓиќ, кој го собори Милошевиќ и улогата на Канвас

milorad-ulemek-legija-sdg-1995-520x325

Една од легендите на југословенските војни, политичкиот преврат во Србија во октомври 2000-та, по што дојде до падот и апсењето на Слободан Милошевиќ, и воспоставување на нова влада на чело со демократот Зоран Ѓинѓиќ кој беше убиен при атентат на 12 март 2003.

Во сите тие настани, како и подоцнежните судења за обидот за државен удар против Ѓинѓиќ, поврзаноста на политиката со подземејето преку Земунскиот клан, соучесништво во убиството на Зоран Ѓинѓиќ, местото на Милорад Улемек Легија, командант на антитерористичката единица Црвени беретки, дел од специјалните полициски сили на Србија (ЈСО) има големо значење.

Милорад Улемек Легија (48) е од оние профили на луѓе на кои оружјето, пресметките, војувањето и силата им се вродени, дел од карактерот, а не само личен избор.

4 - Copy 24

Како и Аркан, и тој е офицерски син. Уште на осумнаесетгодишна возраст стапил во француската легија на странците, свирепа и моќна воена организација за убиства и пресметки во северна Африка која е посебен, автономен дел од француската армија.

По започнувањето на југословенските војни заедно со Жељко Ражнатовиќ Аркан учествува во српските паравоени сили, Добровоната гарда и Тигри кои оперираат низ Хрватска, Босна и Косово.

Важи за човек од доверба на раководното воено-полициско трио на Србија од тоа време: Слободан Милошевиќ, Френки Стаматовиќ и Јовица Станишиќ.

Во државниот преврат во Србија, во октомври 2000 година игра клучна улога во падот на Милошевиќ. Се договара со демонстрантите и нивниот лидер Зоран Ѓинѓиќ специјалните полициски сили, антитерористичката единица Црвени беретки кои тој ги предводи, да не го бранат Милошевиќ и остават демонстрантите без отпор да го преземат Собарнието и владата.

Воспоставува тесни врски и односи со идната власт на Зоран Ѓинѓиќ (Демократска партија) и привилегирана положба за себе, Црвените беретки како и за припадниците на подземјето од водечкиот Земунски клан. Тоа трае со до убиството на Зоран Ѓинѓиќ, премиер на Србија кој е застрелан на 12 март 2003 година.

Веднаш потоа полицијата ги апси шефовите на Земунскиот клан, а главните лидери се ликвидирани без судење.

На судењето како извршител на атентатот е осуден Звездан Јовановиќ, припадник на единицата Црвени беретки. Во организаторите е виден и Милорад Улемек Легија, кој се предал сам на повик на српската полиција, и по три години судење во 2007 е осуден е на 40 години затвор.

13 - Copy 9

Патем, Легија две години претходно е осуден на 15 години затвор поради учество во политичките убиства на припадници на партијата Српско движење за обнова. За сите овие процеси на Милорад Улемек Легија изречени му се казни од вкупно 137 години.

Убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ е контраверзно. Дури и шефот на неговото обезбедување Милан Веруовиќ не верува во официјалната судска верзија, туку со години тврди дека убиството е дел на организирана група која испукала три куршуми врз Ѓинѓиќ, а не на поединец кој стрелал два пати, како што тврди судот.

Контраверзи по многу што слични на атентатот врз американскиот претседателЏон Ф. Кенеди, во 1963 година.

До денес не е расчистена улогата на првиот соработник на Ѓинѓиќ – Чеда Јовановиќ, организатор на демонстрациите против Милошевиќ преку движењето Отпор заедно со неколкумина кои потоа го формираат Канвас, фабриката за демонстрации и државни преврати која деновиве оперира и во Македонија. Јовановиќ имал блиски релации и бизнис врски со Земунскиот клан а преку нив и со Црвените беретки, и кој според судските акти имал и сознанија за нивните делувања.

16 - Copy 10

За прв пат, од затвор, Милорад Улемек Легија говори за овие настани во интервју од 400 прашања за Глас јавности и Курир.

– Звездан Јовановиќ не го уби Зоран Ѓинќиќ, тврди Легија, тоа го извршил странец кој со дипломатско возило избегал од Белград веднаш по убиството, напуштајќи ја Србија со приватен авион без ознаки, и без процедура за полетување, вели Легија, што можат да го потврдат и неколку аеродромски службеници кои работеле во тоа време, од кои никој не бара изјава, вели тој.

Легија смета дека целата судска постапка по атентатот се водела субјективно за да се сокријат политичките мотиви за атентатот, но и заради криење на кримогената содржина на владеењето на Ѓинѓиќ, а особено на неговите први соработници.

Дека сите материјални докази, како и изјавите на обезбедувањето на Зоран Ѓинѓиќ, говорат дека се пукало од сосема друго место, а не од она за кое се тврди дека е локацијата од која стрелал припадникот на Црвените береткиЗвездан Јовановиќ. – Токму затоа, бидејќи тој факт беше сосема очигледен, судот не дозволи реконструкција на атентатот иако се работи за убиство на премиер, смета Легија.

– Исказот од истрага за кој се тврди дека е даден од осудениот Звездан Јовановиќ не е негов, туку го пишувал истражителот Родољуб Миловиќ, аЈовановиќ само го потпишал затоа што нешто му е ветено по уцена, па и шефот на обезбедувањето на премиерот Милан Веруовиќ изјави на суд дека првиот смртоносен куршум е испукан од друга локација, и дека има три а не два истрели, потенција Легија.

– Ѓинѓиќ не е убиен од пушката за која судот твдри дека е употребена за тоа, дури ни нивните вештаци од Визбаден тоа не го потврдуваат. Пукано е со снајпер од голем калибар, а секој во оваа работа знае дека со таков снајпер во таква акција се пука десетина пати, а не само еден куршум.

Според Легија зад убиството на Ѓинѓиќ стојат британските разузнавачки служби, а во српската власт имале свој човек за соработка, тогашниот министер за внатрешни работи Душан Михајловиќ. Сите извештаи од истрагата министерот Михајловиќ ги доставувал преку британската амбасада до нивните разузнавачи, и соработувал со нив за време на целиот процес.

При апсењето на Душан Спасојевиќ – Шиптар и Миле Луковиќ – Кум, лидерите на Земунскиот клан, тие се убиени иако јавноста уште од првите моменти смета дека обид за апсење и немало туку намери за ликвидација за да не постои сведочење.

12 - Copy 29

Кај убиените Спасојевиќ и Луковиќ, според Легија, е најдена торба со 3,5 милиони евра кои се одземени, а според записниците тие пари се однесени во торба во канцеларијата на министерот Душан Михајловиќ и подлени меѓу него и неговите соработници.

Легија, наводно, се криел преку една година по атентатот, а потоа сам се предал на полицијата по повик да го стори тоа.

– По атентатот, веќе од 14 март 2003, па се до 2 мај наредната 2004 година кога се предадов, не се криев туку престојував дома, вели Легија. Ноќта кога беше предавањето во мојата куќа беа Александар Тијаниќ (новинар, директор на РТС), Раде Булатовиќ (шеф на Државната безбедност), Горан Радосављевиќ Гури (полициски генерал) и Драган Јочиќ, подоцнежен министер за внатрешни работи од Социјалистичката партија.

Што зборувавме и што преговаравме не е засега за јавност, открива Легија, но што се однесува до ветеното за мое мирно предавање нешто е потоа остварено, а нешто не е. Но, секогаш е така кога се договарате со политичарите, вели Легија.

Легија зборува и за деновите кога ја сменил страната, и од близок соработник на Милошевиќ преминал во тимот на Зоран Ѓинќиќ.

2 - Copy 47

Легија вели дека се било театар. Американците ветиле голема награда за апсење на Милошевиќ, и за да се земат парите како извршители на апсењето се пријавиле припадниците на Земунскиот клан, раскажува Легија. Тој е упасен од полицајците, но ако тоа така се пријавело, немало да се земат пет милиони долари награда од САД која била исплатена во 2002 година, а парите ги поделиле неколкумина од државниот врв, тврди Легија.

Легија тврди дека 5 октомври 2000 не е никаков спонтан општонароден собир и протест, туку организиран државен удар. На прашањето зошто полицијата, особено тој и неговите специјалани единици, не преземале ништо државниот удар да се спречи, Легија одговара дека тогаш веќе било доцна, работата била претходно завршена.

15 - Copy 16

Легија негира дека се видел со Зоран Ѓинѓиќ пред превратот на 5. октомври, комуницирале посредно преку Земунскиот клан. Првата средба им била ден потоа, на 6 октомври, кога среќавањето и средбата се случила со посредство и во присуство на шефовите на Земунскиот клан Спасојевиќ и Луковиќ, кои се потоа убиени по атентатот врз Ѓинќиќ.

Легија во тоа интервју зборува и кримогената структура на власта на Ѓинѓиќ, во што предничел Чеда Јовановиќ, вклучително и оргии со дрога и проститутки. По превратот се очекувале ветените големи пари од Западот кои никогаш не дошле, а Ѓинѓиќ и министерот за внатрешни работи почнале со обезбедување црни пари преку поддршка за Земунскиот клан на Спасојевиќкој шверцувал кокаин, а кога во Франција биле откриени низ оперативната акција Султан, властите на Ѓинѓиќ во Србија ги сокриле од француски прогон, тврди Легија.

Поврзаноста на политиката преку Зоран Ѓинѓиќ со подземјето прекуЗемунскиот клан и специјалната полиција преку ЈСО и Легија – е клучот на успехот на превратот во Србија, а Легија таа релација ја потврдува.

Во ноќта кога е апсен Милошевиќ на 1 април 2001 тој бил дел од полициските единици, 32 припадници на ЈСО по наредба биле облечени во цивилна облека и со фантомки за да личат на криминалци од Земунскиот клан. Од куќата наМилошевиќ притоа се пукало врз полициските оперативци при што еден куршум го погодил и него, и го ранил. – И денес ја чувам јакната која е пробиена од куршум при апсењето на Милошевиќ, вели Легија.

Интересно, и Легија и Милошевиќ се предале откако со нив посредници претходно имале разговори и преговори.

Во двата случаи, а кај Милошевиќ и директно, во прегодорите учествува еден од првите соработници на Зоран Ѓинќиќ – Чеда Јовановиќ, предводник на демонстрациите против Милошевиќ и на Отпор (Канвас), за кого многумина па и Легија тврдат дека е наркоман и дел од нарко подземјето кој преку политиката и американската заштита се збогатил, не одговарал за ништо, и ден-денес е политички активен преку неговата Либерална партија и кандидат за коалиционен партнер во владата на Вучиќ.

И Милошевиќ и Легија биле изиграни во преговорите, по предавањето им се случиле најтешките казни кои би ги добиле и без никакви преговори.

Легија е во затвор веќе дванаесет години. Никој не може да разбере како се договорил мирно да се предаде, да преговара и договара нешто со властите околу тоа, а потоа да биде осуден на 40 години затвор за учество во атентатот наЃинѓиќ. Каде е тука договорот ако добил максимална казна, и згора на тоа уште неколку такви казни за други дела.

Според неговите изјави деновите во затвор ги минува најмногу во читање, ги посочува книгите на Салман Ружди, Гинтер Грас, Амос Оз…

За време на неговата робија Легија објавил четири книги: „Железен ров“, „Легионер“, „Деца од Бразил“ и „Јуда: Љубов за пријателите“.

Интервјуто на Легија е читанка за заинтересираните како изгледа политиката на овие простори, особено со власт која е добиена на улица, со менаџирање од странски амбасадори и разузнавачки служби, виртуелен невладин сектор и подземјето.

7 - Copy 12

Денеска ќе бидат сослушани осомничените за убиството на малата Данка

Во Вишото јавно обвинителство во Заечар утрово од притвор се донесени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, осомничени за убиството на Данка Илиќ (2), јавија српските медиуми.

Тие денска ќе бидат сослушани. Нивниот притвор изминува на 3 мај. Вчера мајката на Дејан Драгијевиќ беше донесена во обвинителството и го искористи правото да не сведочи.

Срѓан Јанковиќ (50) од Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од Злот, се осомничени за убиството на Данка Илиќ од Бор, по чие тело непрекинато се трага веќе 13 денови.

Српски медиуми јавија дека тие ќе бидат испратени и на психијатриско вештачење.

Последен ден од изборната кампања пред парламентарните избори во Хрватска

Учесниците на изборите за хрватскиот Сабор официјално можат да ги претстават своите програми и кандидати денеска до полноќ, кога почнува дводневниот изборен молк, а два часа пред полноќ почнуваат изборите за Парламентот во странство, во Австралија.

Изборниот молк во Хрватска ќе трае до среда, 17 април, до 19 часот, односно до затворање на околу 6.500 избирачки места, пренесува Хина.

На почетокот на изборниот молк, 17-дневната официјална кампања ќе заврши пред изборите, кои наместо в недела, овојпат се одржуваат в среда, а на кои се кандидираше претседателот на Републиката Зоран Милановиќ oд листата на СДП, како кандидат за премиер. Негов главен ривал е актуелниот премиер Андреја Пленковиќ од владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ).

Аналитичарите очекуваат дека ХДЗ ќе победи на изборите, но и дека партијата нема да може сама да формира влада, додека ако СДП се обиде да формира влада, ќе и бидат потребни партнери од десницата.

Социјалните, економските и надворешнополитичките прашања беа на маргините за време на кампањата, иако ХДЗ на Пленковиќ долго време беше предмет на критики поради бројните корупциски скандали и злоупотребата на фондовите на Европската Унија. Иако Пленковиќ негираше вмешаност на партијата во скандалите и изјави дека платите во Хрватска пораснале за 8,6 отсто во однос на 2023 година, а земјата забележала економски раст од 2,8 отсто, многу повисок од просекот во ЕУ, довербата на гласачите сепак опаѓа.

Последните анкети покажуваат дека ХДЗ, проевропска десничарска партија која ја водеше земјата независно или во коалиција 26 од скоро 33 години откако Хрватска прогласи независност, може да смета на 60 места во 151-члениот парламент – шест помалку од претходно.

СДП може да смета на три пратеници повеќе отколку што има сега – 44 наместо 41, покажуваат анкетите.

Самиот Милановиќ предизвика вознемиреност, главно на меѓународната политичка сцена, противејќи се на зголемувањето на помошта за Украина, за разлика од повеќето членки на ЕУ, а понекогаш настапуваше и со отворени проруски ставови, наведува Би-Би-Си.

Предизборната игра се вртеше околу имињата на претседателот на републиката и премиерот, чиј конфликт веќе неколку години е во центарот на хрватската политика.

Кога Милановиќ на 15 март објави дека „дојде време да се оседлаат коњите“, објавувајќи ја својата кандидатура за премиер на изборите на 17 април, предизвика вистински земјотрес на хрватската политичка сцена.

Уставниот суд набрзо му забрани на Милановиќ директно учество на изборите и премиерска кандидатура се додека не поднесе оставка од претседателската функција, што до ден денес не го сторил.

Милановиќ најави катарза и „запирање на хрватската трагедија“, а од СДП главно ја обвинуваа ХДЗ за корупција.

Премиерот Пленковиќ претходно го нарече Милановиќ „скриен лидер на опозицијата“. Сето ова што се случува е обид за мини пуч, злоупотреба на институциите“, рече тогаш Пленковиќ.

Право на глас на 17 април ќе имаат 3.733.283 хрватски граѓани, што е за 127.000 или три отсто помалку од претходните парламентарни избори во 2020 година.

Тие се поделени во вкупно 12 изборни единици: 10 се распоредени на територијата на сите окрузи во Хрватска, 11-та е гласот на дијаспората, а 12-та е составена од гласачи на националните малцинства.

Во секоја од првите 10 изборни единици, во парламентот се избираат по 14 пратеници, додека три мандати избираат дијаспората и Хрватите кои живеат во Босна и Херцеговина, а осум доаѓаат од редовите на партиите на Србите и другите малцинства.

Во 11 изборни единици пријавени се вкупно 165 листи, а од малцинските листи има уште 17 кандидати.

Се избираат 151 пратеник, па за мнозинство во хрватскиот Сабор потребно е да се добијат 76 мандати.

Прелиминарните резултати ќе бидат познати веќе во текот на изборната ноќ.

Потрагата по телото на двегодишната Данка продолжува

Продолжува потрагата по телото на убиената Данка Илиќ кај Бањско поле.

Осомничените за нејзиното убиство Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ се во притвор, а се уште нема јасни индиции каде осомничените го сокриле телото на убиеното девојче.

Телото на Данка Илиќ најпрво беше барано во Бањско поле, местото каде што е убиена, по што е извршена потрага во селата Злот и Лука.

„Само да го најдеме телото на нашата Данка, да знам што и направиле овие монструми и достоинствено да ја закопаме и да знаеме каде можеме да ја посетиме“, вели Милан Илиќ, дедото на убиената Данка за чие тело се трага десет дена откако е откриено дека Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ прво ја удриле со автомобил, а потоа ја убиле.

Во потрагата на потегот од село Злот до местото Шумраковац се вклучија и 50 припадници на Жандармеријата, а акцијата за пребарување ја води началникот на полициската управа Бор, Зоран Милијиќ.

Се пребаруваше коритото на реката Злот, како и акумулациите за вода.

Причината поради која се проверуваат цистерните и акумулациите е тоа што и двајцата осомничени за убиството на малата Данка работеле во ЈКП „Водовод“ и добро го знаат распоредот на тие цистерни, а поради работата редовно ги посетувале и знаеле за сите скриени места, па сега фокусот на пребарувањето е на тоа.

Популарно