Мајка Тереза: Тајната на загрепските сандали кои не ги соблекувала 18 години

Во време кога сведочиме на потресни животни судбини во екот на бегалската криза, да се покаже хуманост и да се помогне на другите е неизмерно важно. Секој од нас може да биде подобар човек ако ги отвориме срцата исто како што целиот свој живот го правела иконата на 20 век, Мајка Тереза.

Животот го поминала служејќи на сиромашните, болните, сирачињата и луѓето на умирање, на тие кои целиот свет ги заборавил и отфрлил. Сите, освен оваа исклучитална жена со албанско потекло родена во Скопје пред точно 105 години. Ширум светот градела и домови во кои ги примала најсиромашните, а една таква куќа е изградена и во Загреб.

majka-teerza

Чувани во капела на Нова Веса

Од секогаш Мајка Тереза имала посебна врска со Хрватска. Како девојче се школувала во Загреб каде живее и еден од нејзините најдобри пријатели и човек кој бил, како што самиот вели, нејзин материјален помошник, монсињор Мијо Габриќ.

Тој во капелата на св. Дизмо на загрепската Нова Веса чува сандали кои Мајка Тереза ги оставила во Загреб кога во 1979 година патувала на доделувањето на Нобеловата награда за мир во Осло. – Пред патот во Осло, Мајка Тереза свратила во Загреб. Кога ги видов нејзините стари сандали, постари веројатно од 20 години, и реков дека не може во нив да прими Нобелова награда и одлучив да и купам нови – ја почнува приказната мосињор Габриќ.

- Во продавница на Астра која тогаш се наоѓаше на аголот на Бакачева и Под ѕидот, и купивме неколку нови сандали од кои таа избра едни, а останатите ги дадовме на сиромашните. Тие сандали ги носеше се до својата смрт до 1997 година – додаде Габриќ. Калуѓерките кои живееја во Франкопанска 17 и даруваа џемпер да не и биде ладно во Осло. Но, старите сандали на Мајка Тереза не завршија во ѓубре.

- Ги зачував и тоа со света побожна итрина, бидејќи знаев дека тие еден ден ќе бидат свети – се смешка Габриќ. Кога капелата св. Дизмо се реновирала, монсињор се одлучил сандалите да ги остави таму за цела вечност. Никогаш нема да се распаднат, бидејќи пред да бидат оставени на чување во херметичка витрина исполнета со кислород, биле бомбардирани со Икс зраци во институтот Руѓер Бошковиќ.

Многу луѓе, посебно тешко заболени доаѓаат во капелата да се молат покрај сандалите и посведочуваат дека молитвите им биле слушнати. Колкава била духовната моќ на Мајка Тереза, Габриќ почувствувал откако првпат се ракувал со неа.

Не постои зол човек

- Кога во Индија ми пружи рака, имав чувство дека некој ме допре со волшебно стапче! Од тогаш животот би го дал за неа. Зрачеше со огромна харизма, сугестија и светост. За неа не постоеше ниту еден зол човек, сите беа добри.

Ние луѓето обично имаме некоја сметка, можеме да простиме но не и да заборавиме. Таа не само што простуваше се, туку на никого ништо не замеруваше и тоа е нејзината големина – вели Габриќ.

Мајка Тереза во текот на примањето на Нобеловата награда одржа говор пред 36 години, но нејзините зборови секогаш ќе бидат актуелни, инспиративни и неверојатно силни.

- Ова е прекрасна пригода во која сите заедно можеме да прогласиме веселба поради ширење на мирот, радост поради љубовта која ја даваме едни на други и радост и знаење дека најсиромашните луѓе се наши браќа и сестри – рекла Мајка Тереза по тој повод.

Dnevnik.hr - Загреб

Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка

Вработена во средно училиште во Битола нападната од своја колешка.

- На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т.(28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола  била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Приватните специјализанти четврти ден на штрајк

Штрајкот на приватните специјализанти продолжува и понатаму. На денешниот, четврти ден од генералниот штрајк, беше изразена осуда за притисоците што ги имаат од клиниките и од постарите колеги специјалисти.

Доктор Христина Илиоска Чешлароска, специјализант по интерна медицина, трета година, рече дека сака да ги охрабри сите колеги приватни специјализанти, да не подлегнат на притисоците од клиниките и да издржат во оваа нивна борба.

– Со оглед на тоа дека Министерството за здравство и министерот немаат слух за нашите барања, односно се изјаснија само за последното трето барање за решавање на нашиот статус, свесни сме и знаеме дека е тоа долг процес и нашиот статус нема така лесно и брзо да се реши, додаде Илиоска Чешлароска.

Таа појасни дека затоа сакале веднаш да се остварат првите две нивни барања, покачување на месечниот надоместок и воведување на здравствено осигурување. Притоа, истакна, дека со оглед на тоа што тие две барања за кои барале итно да бидат решени, не биле решени, тие ќе продолжеле со нивниот штрајк.

-Бидејќи министерот очигледно нема слух и не гледа дека ние штрајкуваме, во понеделник, во пет до 12, пред Министерството за здравство, повторно ќе се собереме на протест, под мотото, „Пет до 12 за македонското здравство“. Со тоа сакаме да упатиме јасна порака до Министерството за здравство и до целата држава. Затоа што, доколку овие 400 приватни специјализанти не ги добијат своите барања, јас сум сигурна дека на половина од нив, веќе, во некој ќош дома им стои куферот и чекаат само да го спакуваат и да заминат, подвлече Илиоска Чешлароска.

На новинарско прашање, таа одговори дека до сите катедри упатиле барање за поддршка. Јавно се заблагодари на професорката од Медицински факултет, инаку од клиниката за ревматологија, што вчера им даде поддршка. (МИА)

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека за 18.4.2023 година се создадени услови за испорака на топлинска енергија.

Оваа информација е во согласност со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 11˚С за 18.4.2023 година од Управата за хидрометеролошки работи. Снабдувањето со топлинска енергија во согласност со регулативата по правило се врши до 15 април, но грејната сезона може да биде продолжена до 30 април во зависност од временските услови, велат од ЕСМ.

Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите по 15 април секојдневно ја носи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ ако се исполнети условите за снабдување со топлинска енергија, односно доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12°С според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи на РСМ, се додава во соопштението на ЕСМ.

Популарно