МАЈСТОР: Уплата 30 динари - добивка 60.000 евра!

Жител на српскиот град Панчево, во вторникот, одиграл седум од осумте натпревари во ЛШ, по принцип полувреме-крај, уплатил 30 динари (околу 40 евро центи), ги погодил сите седум мечеви и заработил 60.000 евра.

image

Човекот кој составил еден од најдобрите тикети, не го одиграл единствено мечот во Лисабон, помеѓу Спортинг и Борусија Дортмунд.

Обложувачот мечот Бриж-Порто го играл од 1 во 2, а Португалците до триумфот стигаа со пресверт и гол од пенал во 93.минута.

Панчевецот Реал го играл 6+, типувал дека нема да има победник на мечот во Леверкузен, односно дека ЦСКА ќе има предност на полувреме против Монако, но дека мечот ќе заврши без победник.

ВИДЕО: Мајсторија на Бабунски - гол од 30 метри!

По 8 месечен пост македонскиот репрезентативец, Давид Бабунски конечно постигна гол за својот тим Јокохама Маринос и тоа со мајсторски гол од 30тина метри. Ова е трет негов сезонски погодок со кој го отвори резултатот против Осака уште во 13-та минута. Браво за потегов, дрско и милиметарски прецизно во агол.

ГАЛЕРИЈА: Погледнете во раскошот на свадбата на Серена Вилијамс

Во Центарот за современи уметности во Њу Орлеанс, 36-годишната Серена Вилијамс и коосновачот на Reddit Алекс Оханиан го кажаа судбоносното „да“.

На забавата присуствувале околу 250 гости, меѓу кои Ана Винтур, Џеј Зи и Бијонсе, Ева Лонгорија, Ким Кардашијан и Канје Вест, Венус Вилијамс, Каролин Возњацки, Сијара…

Повелете прославата на Комити за 30 годишниот јубилеј

Од денеска навивачката група Комити го слави 30 годишниот јубилеј од формирањето. По тој повод навивачката група организира серија настани и ги канаи граѓаните на заедничка прослава во недела на Филип Втори арена.

„Навивачката група Комити ја информира јавноста дека од денеска, во 16 часот почнува официјалниот дел на прославата на 30 годишниот јубилеј од формирањето на најголемата навивачка групација на македонската тифо сцена и 70 годишниот јубилеј на нашиот ФК Вардар.

Првиот од низата настани предвидени во рамките на одбележувањето на овој важен датум почнува денеска во 16 часот пред спортскиот центар Јане Сандански каде навивачката група ќе организира „Garage sale“  на производите од својот фан-шоп и ќе им овозможи на сите вљубеници во спортот и нашата светост Вардар да си набават навивачка опрема и реквизити по симболични цени.

Прославата продолжува на мечот меѓу нашиот и европски ракометен шампион Вардар и германскиот противник Рајн Некар Левен кој е закажан за во 17:30 часот во спортскиот центар Јане Сандански.

По натпреварот ќе биде организирана и голема комитска забава.

Централното одбележување на јубилејот почнува утре. Стартот е закажан за во 15 часот на плоштадот Македонија каде што Комити ќе ја организираат својата „кафана на отворено“ и каде и ќе почне загревањето за вечерното дерби против Пелистер. За гостите и присутните ќе биде обезбедена добра забава која ќе кулминира со заедничко „кортео“ до Филип Втори Арена каде во 18:00 часот е закажан мечoт против Пелистер со што и официјално Комити ќе наполнат 30, а Вардар 70 години.

Ни претставува особена чест и задоволство како навивачка група да ги поканиме сите вистински љубители на спортот и ФК Вардар да ни се придружат.

Почитувани Комити, Вардарци, скопјани, Македонци... во годината кога нашиот клуб влезе во историјата на европскиот фудбал и во годината кога нашиот ракометен клуб се искачи на врвот на Европа, најмалку што можеме е достојно да му се оддолжиме со нашето присуство на овој исклучително значаен јубилеј.

Се гледаме на трибини“ - стои во соопштението на Комити

Популарно