Синоќа и официјално завршија осминафиналните натпревари на Светското првенство во Франција…
Воедно познати се и четвртфиналните двојки, тие се: Унгарија-Норвешка, Словенија-Катар, Шпанија-Хрватска, Шведска-Франција.
Поразените од осминафиналето на овој Мундијал, помеѓу кои и македонската репрезентација го знаат конечниот ранкинг.
Нашата селекција го освои 13. место со две победи (Тунис, Ангола) и три порази (Словенија, Шпанија, Норвешка) и едно реми (Исланд).
Тоа не е најдобар пласман на Македонија на светските шампионати, да потсетиме, во 1999 Египет бевме на 18. позиција, потоа во 2009 Хрватска на 11то место, во 2013 Шпанија на 14-то и во Катар 2015 бевме најдобри досега на деветтото место.
СП 2017 Франција.
—
9.Германија
10.Данска
11.Русија
12.Египет
13.Македонија
14.Исланд
15.Белорусија
16.Бразил