Македонската тениска надеж, Ведран Радоњанин ја освои Тирана

Македонската тениска надеж го освои првото место на меѓународниот турнир во Тирана (Албанија) за натпреварувачи до 14. годишна возраст.

1526472_1076598945709588_6733836090738695146_n-75536

Во големото финале Ведран Радоњанин (1. носител) со пресврт од 2:1 (4:6, 6:4, 6:2) го совлада вториот носител во сингл конкуренцијата, Даниел Триантрафилу.

На патот до финалето Радоњанин славеше победи против Дин Карахоџа (Германија, „вајдл-кард“) 6:0, 6:3, Мартин Муедини (Албанија), 6:0, 6:3, Енрико Тато (Италија) 6:4, 6:4 и третиот носител Марк Лајал (Естонија) 6:2, 6:4.

(ВИДЕО) Хаос во Нови Сад: Општа тепачка меѓу Срби и Црногорци

ММА бормабата во Нови Сад меѓу Васа Бакочевиќ од Црна Гора и Стефан Ѕвер од Србија, неславно заврши. Најпрво, борбата заврши со нокаут на кој претходеше подлизнување на рингот на Србинот, што Црногорецот го искористи. Виновни за тоа се организаорите, бидејќи рингот не бил добро составен.

Откако мечот заврши, во рингот влетаа сите од двата тима и започна масовна тепачка.

ФОТО: Гостиварец ги погоди точните резултати на Реал - Барса и Лион - Монако!

Среќата има голема улога при играњето на спортска прогноза, но сепак треба знаење. Овој гостиварец вчера ги имал и двете во комбинација. Единствено за што може да жали и малата уплата, па добивката да биде многу повисока.

ВИДЕО: Знаме на „Голема Албанија“ се вееше на Чаир

Вардар славеше 0:2 на гости против Шкупи во 28. коло од македонското првенство, победа со која е се поблиску до новата шампионска титула. Но, мирната атмосфера од натпреварот на стадионот во Чаир се извалка со дрон на кој беше закачено знаме на голема Албанија.

На дерби-натпреварот меѓу екипите на Шкупи и Вардар, се случи провокација, слична како на натпреварот меѓу Србија и Албанија. Над стадионот „Чаир“ се појави знаме на Голема Албанија, управувано на дрон. Но, „управувачот“ немаше среќа да се радува многу на знамето, затоа што истото за брзо време - се закачи на дрво!

Популарно