Митови за аналниот секс

Аналниот секс предизвикува многу силни и спротивставени чувства кај жените. Додека едни го сметаат за возбудлив и нормален дел од сексуалната интимност, други го оценуваат како одбивен и понижувачки.

zenski-zadnik

И покрај лошиот глас што го бие овој тип на секс, тој станува сè попопуларен. Можеби тоа се должи на фактот што сè повеќе жени го практикуваат, или пак, на тоа што во денешно време не се срамат да го признаат тоа.

Анусот е една од најчувствителните ерогени зони

Истражувањата покажуваат дека секоја четврта жена се впуштила во ваков сексуален акт, но сепак, голем е бројот на жените кои не сакаат да експериментираат поради митовите кои го опкружуваат аналниот секс. Еве неколку од тие митови, како и фактите кои се кријат зад нив:

1. Аналниот секс доставува многу повеќе болка, отколку уживање

Факт е дека сè што не е изведено правилно предизвикува болка. И при вагиналниот секс може да се појави болка доколку не сте опуштени и мускулите ви се стегнати. Аналниот секс не би требало да боли, т.е. ако боли, значи нешто не правите правилно.

Подготовката е од најголемо значење и ако се подготвите како што треба, болката воопшто не би требало да е присутна. Трите главни работи коишто треба да ги знаете пред да се впуштите во авантурата „анален секс“ се: релаксација, лубрикација и комуникација. Пред да почнете, бидете релаксирани за да се опуштат мускулите за полесна пенетрација. Користете доволно количество лубрикант и комуницирајте со партнерот. Упатувајте го и имајте ја вие контролата и болката не би требало да преставува проблем.

2. Анусот е нечист, а аналниот секс може да доведе до валкан неред

Многумина би го окарактеризирале анусот како највалканиот дел од телото. Уште од мали нè учеле дека анусот не смее да се допира, а доколку дојде до случаен контакт, задолжително треба темелно да се измијат рацете. Затоа, навикнати сме да мислиме дека анусот е многу повалкан отколку што навистина е.

Всушност, анусот е како секој друг дел од телото и сè додека одржувате беспрекорна хигиена, аналниот секс нема да предизвика никаков непосакуван неред.

3. Аналниот секс го практикуваат само хомосексуалците

Можеби поради општоприфатеното мислење дека само хомосексуалците го практикуваат овој вид на секс, се појавил некаков вид на хомофобија и токму поради тоа постои овој мит. Вистината е дека аналниот секс го практикуваат многу лица, без разлика на полот или сексуалната ориентација.

Во суштина, 60% од геј популацијата пробала анален секс, но помалку од 30% го практикуваат редовно, со тоа што повеќето се одлучуваат за орален секс.

Хетеросексуалните парови сè повеќе го практикуваат аналниот секс бидејќи сакаат да го зачинат сексуалниот живот, да експериментираат со своето тело и да откријат нови начини да ја подигнат возбудата. Аналниот отвор содржи голем број на нервни завршетоци чија стимулација овозможува големо задоволство, а тоа нема допирни точки со сексуалната ориентација.

4. Жените не го сакаат аналниот секс, туку го практикуваат само заради мажите

Најчесто жените започнуваат да експериментираат со аналниот секс по желба на мажите. Во реалноста не е реткост да се слушне приказна од типот: „Тој молеше, молеше, молеше, и таа реши да му ја исполни желбата“. Но, тоа не значи дека откако ќе пробаат, жените не го сакаат аналниот секс. Дури и постојат жени кои повеќе уживаат во аналниот, отколку во било каков друг тип на секс.

5. Аналниот секс не може да предизвика бременост

Да, навистина самиот анален секс не може да предизвика бременост. Но, по завршувањето на односот, можно е спермата да го пронајде својот пат до вагината. Поради тоа што анусот и вагиналниот отвор се многу блиску, може да дојде до протекување на спермата од анусот во вагината и да се оплоди јајце клетка. Шансите за забременување на таков начин се многу мали, но сепак, не може да се каже дека не постојат.

6. Аналниот секс е неприроден, анусот не е ерогена зона

Секој тип на секс што не вклучувал пенетрација на пенисот во вагината во одредено време се сметал за неприроден, перверзен и сл. Меѓутоа, со текот на времето табуата се рушат.

Многумина ќе речат: „Анусот е излезна врата, тоа е орган преку којшто организмот се ослободува од непотребните материи“. Но, и покрај таа намена, аналниот отвор е место на кое има огромен број нервни завршетоци кои можат да предизвикаат интензивно задоволство и кои го поставуваат анусот меѓу најчувствителните ерогени зони на човечкото тело.

Вие сами одлучувате за својата сексуалност и што ќе сметате за природно, а што не, но доколку се решите да го практикувате аналниот секс, најдобро е да се ослободите од предрасудите.

7. Аналниот секс може да доведе до фекална инконтиненција

Многу жени се плашат дека пенетрацијата на пенисот во анусот може да го зголеми аналниот отвор и да предизвика загуба на контролата кога ќе се појави потреба за празнење на цревата. Навистина постои ваков ризик, т.е. редовниот анален секс кога мускулите на анусот не се доволно опуштени или пенетрирањето во анусот со големи предмети може да предизвика олабавување на аналниот сфинктер. Тоа е мускул во вид на прстен кој се стега веднаш по дефекација. Сепак, овие непријатности можат да се надминат со отворена комуникација со партнерот и соодветна подготовка. Особено полезни сеКегеловите вежби, кои можат да го зајакнат аналниот сфинктер.

8. Аналниот секс е опасен и штетен за здравјето

Исто како вагиналниот и оралниот, така и аналниот секс си носи свои ризици. Постојат докази дека аналниот секс носи поголем ризик од пренесување на СПБ, како гонореја, херпес и ХИВ, отколку другите сексуални активности. Затоа, многу е важно да знаете како правилно да го практикувате и како да се заштитите.

Без разлика каков тип на секс имате, ако не сте сигурни дека вашиот партнер е целосно здрав, најефикасната заштита е користењето на кондом. Така ќе го спречите пренесувањето на инфекција или други сексуално преносливи болести. Исто така, важен е и изборот на кондом. Користете лубрицирани кондоми од латекс или од полиуретан, а избегнувајте ги кондомите со спермициди, затоа што може да предизвикаат иритација на чувствителното анално ткиво. За да не дојде до оштетување на кондомот, користете и лубрикант на база на вода. Доколку преминувате од анален на вагинален секс, партнерот задолжително треба да стави нов кондом, бидејќи во анусот има специфични природни бактерии кои не треба да дојдат во контакт со вагината.

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно