Новинар облечен како сиромав човек просел парче леб во црквии и џамии. Прочитајте што добил

Српскиот новинар Момчило Петровиќ се облекол како сиромашен човек и тргнал од врата на врата во црквите и џамиите низ Белград да бара парче леб. Новинарот раскажува што му се случило и како бил пречекан во верските објекти.

Вели дека можеби би било и неисправно да ги нарече лоши луѓе оние кои што не му ја удоволиле молбата да го нахранат.

„Можеби во нивните очи не сум им бил вреден за милосрдие“, вели Петровиќ.

Од друга страна им се извинил на сите оние добри луѓе кои го нахраниле за неговото лажно претставување.

Во првата католичка црква во „Свети Анте на Ѕвездара“ ја згужвал капата во рацете и чекал да го примети една забрадена жена.Откако го погледнала увидела дека не го познава и продолжила со своите вообичаени активности. Новинарот кој никогаш дотогаш не молел за храна, изговорил дека е гладен и побарал малку храна.

„Не беше зачудена и не бараше дополнително објаснување. Ме однесе во дворот каде што ме пречека една помлада жена, која пак ми одговори дека мора да го праша свештеникот на црквата. Останав пред вратата да чекам, а кога се појави ми подаде најлон со леб, кутија сардини и едно варено јајце.

Неговата наредна станица била црквата „Свети великомаченик Димитрија“.

Монументалната нова изградба воопшто не наликувала на оние градби на храмови од средновековието. Го погледнал мермерниот под, а речиси секаде околу него блескало од злати предмети. Почекал да заврши со броењето на парите на една од жените кои прадавале свеќи. Таа откако го забележала му одговорила дека ова е црква и дека овде нема храна.

„А да го прашам свештеникот?“, прашал Петровиќ.

„Нема никого, сите си заминаа“, му одговорила жената.

Во Црквата Света Петка поминал слично како и на претходното место, останал гладен, откако и жената која што продавала свеќи се однесувала нељубезно кон него, а свештеникот не бил во храмот.

„Бајракло“ џамијата која е единствена во Белград, изградена во XVI век, во последните 12 месеци била претворена како образовна институција на исламската заедница во Србија. Чукнал во една од просториите, а таму начекал тројца мажи кои најпрвин го гледале како малоумен, а потоа му објасниле дека не држат храна и дека не можат да му помогнат, па продолжиле да се смеат веднаш штом ја затворил вратата.

„Работата како просјак брзо се учи“, вели Петровиќ.

Во следната црква „Свети Александар Невскок“, влегол рутински, а таму го пречекал помлад човек со брада и му објаснил дека во близина има добротворна кујна каде што секој може да добие оброк.

Новинарот се помолил говорејќи „Ниту него боже не го заборавај, награди го и него, а со овие другите прави што сакаш. Јас само ти пишувам што тие прават, додека мислат дека не ги гледаш“, пишува Петровиќ

Никола Роквиќ тргна пеш на пат долг 1.150 километри на хумана мисија

Никола Роквиќ пеш тргна кон Грција и треба да помине 1.150 километри, а сето тоа во хуманитарна мисија.

Тој и неговата сопруга Бојана неодамна ја основаа „Фондација за семејство“, а за да им помогне на оние на кои им е потребна помош, реши да направи неверојатен чекор достоен за восхит.

Треба да стигне до Егина, каде што ќе се поклони на Свети Нектариј Егински. Пред заминувањето тој со семејството ја посети црквата Свети Сава каде се помоли.

„По овој пат решив да тргнам од љубов кон луѓето и се надевам дека ќе биде за радост на многумина, се надевам дека ќе биде за радост на многумина, се надевам дека ќе биде за помош на многумина. Првенствено да помогнам на многу семејства, на многу деца, но најважно да им помогнам на болните деца, поради што во голема мера го започнав ова патување. Започнавме фондација која ќе му помага на семејството, која ќе помага на талентирани деца, на многудетно семејство, но и на болни деца“, изјави Никола во храмот Свети Сава за „Телеграф“.

Никола последниве месеци се подготвуваше за овој потфат со големи планинарски тури.

(Фото) Раста итно хоспитализиран

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста денеска е итно хоспитализиран, а фотографијата од Итната помош ја објави на социјалната мрежа Инстаграм.

Раперот дошол во болница со силни болки во грбот придружуван од својата девојка Марија Балабан, која се фотографирала заедно со него, додека тој лежел на креветот покриен со јакна.

(Фото) Водителот Марко Новески стана татко на близначиња

ТВ и радио водителот Марко Новески денеска стана татко на близнаци.

Неговата сопруга Цена на свет донесе момче и девојче, а гордиот татко веднаш  се пофали на социјалните мрежи.

– Добредојдовте Вања и Веда и фала ти Цена што ми го оствари најголемиот сон ТЕ САКАМ, напиша Марко во прилог на фотографијата од близнаците.

Познатиот македонски водител стапи во брак со саканата Цена Плавевска во август 2021 година.

Популарно