Моменти фалеле да ја изгуби ногата: Игор Џамбазов пуштен од болница

По две успешни операции, на левата и на десната нога, Игор Џамбазов денеска ја напушти Специјалната болница „Филип Втори“. Примен беше на 21 јуни, а по направените прегледи веднаш беше извршена и операција.

Igor_DSC_2541_vnatre2(1)

За неговата состојба зборува медицинскиот директор на болницата Д-р Тања Анѓушева.

-Џамбазов дојде со јаки болки во левата нога, која му беше студена и модра. Се направи компјутерска томографија која покажа отсуство на периферна циркулација односно недоволно хранење на ногата со крв, во пределот од препоните надолу. Се донесе одлука за итно оперативно лекување . Со отстранување на ново настанатите акутни тромби и крвните садови се доби одлична циркулација. После оперативното имаше уреден проток на крвта. На компјутерт беше верифицирано дека има промени во циркулација на десната нога. Регистрирани се како хронични промени во висина на крвните садови на зглобот на коленото, поради што во втор акт се одлучи да се направи бај пас. На десната нога се употреби вена од истата страна и се направи премостување на запушениот дел. После оперативно циркулациски се доби одличен доплер наод, се направи контролен компјутер и на него се верифицира дека проодноста на крвните садови на долните екстремитети кај Игор е одлична.

Престојот на Игор во нашата болница беше приказна која ќе се раскажува долго задари неговиот посебен дух. Му поставивме неколку прашаања а тој како и секогаш расположен за разговор онака непосреден, започнавме од неговото доаѓање овде ...

- Тука ме донесе проблемот кој се таложел со години и години нездрав живот. Моите бурни 30-ти и 40-ти. Уште за време на пробите за големиот концерт во Борис Трајковски пред скоро 2 години, почнав да чувствувам трнење во нозете кое во наредните неколку денови полека прераснуваше во непријатна болка. Се залажував дека тоа ми е од незгодната поза во која седам на шанк-столчињата за време на концертите, иако знаев дека не е така. Во последните две години интензитетот на тие болки беше се посилен и посилен после секој настап. Конечно, пред две недели, во Гевгелија се разбудив со двете нозе потполно вкочанети и целосно побелени. Едноставно не ги чувствував. Како да не беа дел од мене.

-И на самиот крај, големо БЛАГОДАРАМ на сите познати и непознати хомо-сапиенси кои дојдоа да ме видат, а и на сите оние кои ме подржуваа преку социјалните мрежи, а беа во огромен број. НЕ УДИРА ГРОМ ВО ВАКВА ДЕБЕЛА КОПРИВА!!!“

Ацо Пејовиќ се огласи по обвинувањата дека ја изневерува сопругата, вака им ја затвори устата на озборувачите

Пејачот Ацо Пејовиќ ужива во хармоничен брак со сопругата Билјана со која има три ќерки – Магдалена, Марија и Ива.

Неодамна почнаа да кружат приказни за неверството на Ацо Пејовиќ, а сега пејачот стави крај на прозивките и истакна дека не му е грижа за нив, бидејќи целосно и е посветен на сопругата.

-Не ме засегаат никакви натписи, ништо… Ниту мене, ниту моето семејство. Моето семејство го изградив со сериозни темели, а тие темели се толку силни што не сум сигурен дека нечии торпеда можат да ги срушат, рече пејачот и откри како неговото семејство реагира на ваквите коментари:

„Се смееме дома кога седиме, рече тој.

Да потсетиме, Билјана и тој се венчаа веднаш по завршувањето на средното училиште, а тој често истакнува колку го поддржува во животот. Билјана еднаш преживеа трауматично искуство – крварење во мозокот, Ацо остана целосно уништен, но се обиде да ја задржи присебноста и да и помогне на сопругата во најтешкиот период.

-Се трудиме да заборавиме се што ни се случи и да го оставиме на страна. Мојата сопруга сега се чувствува одлично и што е најважно, нема никакви проблеми. Продолжуваме со Божја помош, изјави тогаш Пејовиќ, но признава дека ситуацијата драстично го променила:

„И јас и мојата сопруга се сменивме многу, пред се го поправивме односот кон луѓето и работата и сосема поинаку гледаме на работите околу нас. Сè што и се случи го сфативме како своевидно предупредување да го забавиме и да го промениме нашиот начин на живот“.

Инаку, Билјана е доктор на економски науки.

(Фото) Синот на Дара Бубамара со емотивна објава за мајчинството

Дара Бубамара не крие колку е врзана за синот единец. Таа секогаш јавно зборува за таа поврзаност и љубов, но сега за прв пат се огласи и синот Коста.

Имено, Коста преку социјалните мрежи испрати емотивни зборови на својата мајка, кои Дара веднаш ги сподели со своите следбеници.

„Мајчинство, сета љубов на светот почнува и завршува со него. Мајка ми е најубавата жена, сè што сум сега, ѝ го должам. Целиот свој успех во животот го препишувам на љубовта и поддршката што ја добив од неа. Те сакам мамо“ – пишуваше на фотографијата која Коста ја сподели на својот Инстаграм профил.

Пејачката не криеше колку е горда што единственото дете за неа има само пофални зборови.

-Те сакам сине најмногу на светот, напиша пејачката и додаде срце.

Катарина Живковиќ откри дека е бремена и дека се повлекува од сцената, но една работа ќе остане тајна

Пејачката Катарина Живковиќ ја сподели со јавноста најубавата вест – бремена е.

За јавноста не е познато кој е таткото на детето, иако таа веќе долго време е во врска со човекот кој не сака да го претстави јавно.

-Ова е моето прво и последно огласување на оваа тема. Се повлекувам од јавниот живот. Стравот сè да биде како што треба е поголем од желбата да се фалам пред сите, рече Катарина.

Таа откри дека е во петтиот месец.

-Заслужив да паузирам, ова е благослов од Бога. Го завршив албумот, имав други планови, но овој мал живот е приоритет. Сакав да го кријам мажот и сакам да остане така. Не ми одговара да се знае се. Не сакам да зборувам за приватност, тој не е од јавниот свет, откри пејачката.

Популарно